Во Скопје ќе се отвори уште едно болничко одделение за лекување на рак


Владата на вчерашната седница донесе Одлука за давање согласност за проширување на дејноста на Јавната здравствена установа Градска општа болница „8-ми Септември“ – Скопје за спроведување специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита на секундарно ниво од областа на онкологијата и радиотерапијата. Ова значи дека ќе се отвори уште едно одделение за Онкологија во Градската болница „8 […]

Англија: Итно отпуштање пациенти од болници поради недостиг на болнички кревети


Во најкритичниот зимски период досега, Националната здравствена служба на Англија (НХС) планира итно отпуштање илјадници пациенти од болниците и домовите за стари лица во следните неколку недели, во обид да ги ослободи потребните капацитети за други пациенти. Националната здравствена служба, што обезбедува бесплатна медицинска нега, до неодамна беше гордост на Англија, но од минатата година […]

Рафила: Романија поради грипот е во состојба на епидемиолошка тревога


Романија нема да прогласи епидемија на грип, иако државата е во состојба на епидемиолошка тревога, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство на таа држава Александру Рафила. – Не сакам на кој било начин да се вратам на дискусиите поврзани со карантин и изолација. Претпочитам препораки отколку ограничувања, истакна Рафила и им препорача на Романците […]

Нападната медицинска сеста во болницата во Куманово, од Унијата бараат мерки


Откако вчера беше нападната медицинска сестра на инфективното одделение во кумановската болница, од Унијата на ЗМСТАС, предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“  го осудија нападот и побараа соодветни мерки. – Ова е уште еден случај во низата на немили настани кои се случуваат години наназад, и за кои Унијата […]

Словенечка болница по грешка прогласи жив човек за мртов


  Жив човек прогласиле за мртов во словенечка болница во градот Целје во Словенија, додека пак семејството погребало погрешен човек. Според информациите од тамошните медиуми, бил сменет идентитетот на двајца постари пациенти, од кои едниот починал, а другиот останал жив. Грешката е откриена дури кога преживеаниот пациент се вратил во домот за стари лица. Словенечката […]

ИЈЗ: Намалување од 39,3 отсто на ковид-позитивни минатата недела, во болница 83 лица


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, минатата недела се регистрирани вкупно 1.069 нови случаи на КОВИД-19, со намалување од 39,3 проценти во однос на минатата недела. Пријавени се пет смртни случаи, а во моментов се хоспитализирани 83 лица, од кои 34 се на кислородна поддршка. Новорегистрираните се од 31 град во државата. Со статус […]

„Мајчиното млеко е прва и најмоќна вакцина за новороденчето“ мото на кумановската болница-пријател на бебињата


Кумановската општа болница и одделението за гинекологија и акушерство стандардно, не само за време на Светската недела на доење, ги поттикнуваат, едуцираат, мајките на доење. Кумановската болница е прогласена за „Болница, пријател на бебињата“ уште пред 22 години и оттогаш посветува исклучително внимание на промоција на доењето, како во едукација на мајките од поволностите од […]

Поднесено обвинение за три лица за пожарот во тетовската модуларна болница


Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице во врска со пожарот во Модуларната болница во Тетово. Двајцата првообвинети се товарат дека сториле по едно кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по чл.292 ст.4 в.в. со чл.288 ст.4 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик, […]

Во Србија од денеска забранети посетите на здравствените установи


 Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ соопштија дека поради растечкиот тренд на заразата со коронавирусот, а според препораката на Републичката стручна комисија од денеска 22 јули 2022 година воведена е мерката забрана за посета на здравствените установи во Србија, со цел спречување на ширењето на инфекциите, јави […]

Бухова: Немам контакти со Жан Митрев, во болницата се направени три редовни и девет вонредни инспекциски надзори


  Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Иринка Сотирова Бухова тврди дека нема, ниту претходно, во изминатите 22 месеца, имала контакти со Жан Митрев. -И ДСЗИ и лично мене не интересира кој е тој што од институцијата контактирал со Жан Митрев. Најодговорно тврдам дека не во последните 22 месеца додека траела студијата, туку […]

Експлозија во банкомат во атинска болница


 Четири непознати лица, облечени како лекари, со маски, околу четири часот и 30 минути утрово поставиле експлозивна направа  во банкомат што се наоѓа во внатрешноста на атинска болница, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Како што јави дописничката на МИА од Атина, според истите информации, од експлозијата е предизвикана материјална штета, нема повредени, а сторителите не […]

ОЈО: Обвинение против двајца битолски гинеколози за тешки дела против здравјето


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик“. Како што информира ОЈО, обвинетите, како лекари – специјалисти по гинекологија и […]

Напаѓачот во болницата во САД дошол да го убие лекарот што го оперирал


  Вооружениот напаѓаќ кој усмрти четворица цо болницата „Свети Францис“ во Тулса, САД, го убил лекарот кој му го оперирал `рбетот, кажа шефот на полицијата во Тулса, Вендел Френклин. Мажот кој пушаке во болничкиот кампус се вика Мајкл Луис, а во текот на нападот, убиена е уште една докторка. Луис користел иста полуавтоматска пушка како […]

Влошено здравјето на Нишани, префрлен е во болница во Германија


Влошена е здравствената состојба на поранешниот албански претседател Бујар Нишани, па за поспецијализиран третман денеска е транспортиран во Германија. Нишани во средата вечерта беше итно донесен во болницата „Шефќет Ндроќи“ во Тирана поради пост ковид билатерална пневмонија со респираторна исуфициенца и бил на постојана кислородна поддршка. Нишани (56) беше претседател на Албанија од 2012 до […]

Приведен малолетник за кражба во општа болница Куманово


Малолетник од Куманово бил приведен при обид за кражба во кумановската болница, соопшти денеска полицијата. Тој претходно извршил кражба и во деловен објект од булеварот „Трета Македонска Бригада“.   – Вчера во 05:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово. Тој бил затекнат во објект на Општата болница Куманово, при обид […]

Поради несоодветна грижа над 200 бебиња починале во текот на две децении во една британска болница


Повеќе од 200 бебиња починале за две децении во британска болница поради невнимание на персоналот за време на породилната нега, се вели во извештајот на таа болница. По објавениот извештај, во кој се наведува дека во текот на 20 години поради несоодветен третман починале 201 бебе, девет мајки, 29 случаи каде бебињата претрпеле тешки повреди […]

Обид за кражба на бакарна цевка од централата за течен гас во штипската болница


Крадци се обиделе да украде бакарна цевка од боца за кислород во гас централата што го снабдува инфективното одделение во Клиничка болница-Штип. Станицата за течен кислород се наоѓа кај модуларната болница, која е одалечена од зградата на Инфективното во кое се лекуваат ковид болните. Според надлежните од болницата, најверојатно крадецот се исплашил од шуштењето на […]

Најголемите жртви на руската инвазија: Во болниците се почесто ранети деца


Украина- Иако поголем број градови во Украина се зафатени од војната, ситуацијата во Мариупол може да се оцени како најтешка доколку се земе во предвид дека руската војска веќе со недели потполно го блокира ова место. Оние кои во секоја војна најмногу страдаат поради „иргите“ на возрасните секако се децата, а новинари на Би-би-си ја […]

Оштетени цевките за довод на гасови до хируршка сала во Струга


Во петокот, во 10.05 часот во СВР Охрид, Д.Д.(61) од Струга, вработен како анестезиолог во ЈЗУ„Специјализирана болница за нефрологија“-Струга, пријавил дека на 17.03.2022 во временски период од 17 часот до моментот на пријавување, непознат сторител со употреба на предмет насилно дејствувал на цевките на централниот довод за гасови на машинската куќа до салата за операција […]

Земјите од ЕУ издвоија 10.000 болнички кревети за Украинците


Земјите од Европската унија издвоија повеќе од 10.000 болнички кревети за Украинците, додека Франција е подготвена да ги прими своите први пациенти до крајот на неделата, изјавија денеска во Париз европската комесарка за здравство Стела Киријакидес и францускиот министер за здравство Оливие Веран. „Одвоивме повеќе од 10.000 кревети во болниците во земјите-членки за да ги […]