Ветерот откорна делови од покривите на две згради во „Областа“ во Битола (фото)


Битола – Ветерот во Битола предизвикува голема материјална штета на објекти во Битола. Напати и со брзина од 60 до 70 километри на час откорна делови од покриви на две згради во „Областа“ во Битола и предизвика штети и на паркирани автомобили. (А.Б)

Во Битола се слават 80 години од формирањето на Народен театар


Со изведба на претставата „Ѓоре Магаревски 80 години потоа“, вечер на големата сцена „Благој Стефановски-Баге“, во Битола ќе биде одбележан јубилејот 80 години од формирањето на битолскиот Народен театар. Во архивата на театарот е забележано дека на 14 ноември 1944 година во Битола изведена е првата претстава на македонски јазик, едночинката „Ѓоре Магаревски“ или „Петтоимениот […]

Автопатот Прилеп-Битола готов до 2027 година, очекува Мицкоски


Трасата на автопатот Прилеп – Битола ќе се движи паралелно или по линија на постојаниот магистрален пат Прилеп – Битола. Нема да има село кое што нема да биде поврзано со другата страна на автопатот без разлика на која страна е селото, бидејќи има голем број на потпатници и натпатници, а исто така има и […]

Крилјата за сурфање на „Брејнчајлд“ од Битола „летаат“ низ целиот свет


  БИТОЛА – Шареноликост од бои и современи дизајни налик на крилја од рајски птици наликуваат платната за сурфање на вода што ги произведува германската фабрика „Брејнчајлд продукција“ во Битола. Во производствената хала сместена во старата индустриска зона во Битола вредно се работи на секој еден детаљ на материјалите од кои се шијат и изработуваат […]

Хотелот „Битола“ од објект за згрижување до објект за загриженост


 Првите хотели во Битола датираат од 1843 година за кои информации има во пишуваните документи оставени од патеписци кои престојувале во градот. Низ историјата хотелите исчезнувале поради предизвикан пожар, најголем дел настрадале со бомбардирањето на градот во Првата и Втората светска војна, а дел се срушени заради изградба на нови. Во овој век повеќе од […]

Општина Битола од Владата доби повеќе од 3,7 милиони евра за комунални проекти


Општина Битола, доби владина поддршка од 230 милиони денари или повеќе од 3,7 милиони евра за 16 проекти аплицирани на јавниот повик за финансирање на инфраструктурни проекти. За подобрување на инфраструктурата во урбаниот и руралниот дел на општината, како и за изградба и реконструкција на објекти од високоградба, локалната самоуправа обезбеди и буџетски средства со […]

Според индекс на отвореност за 2024 година – Општина Битола на прво место


Општина Битола е најотворена единица на локалната самоупрва во 2024 година, соопштија од секторот за односи со јавност, а информацијата се темели на резултатите добиени од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во партнерство со Рурална коалиција кои подготвиле процена на состојбата на доброто владеење на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за […]

Таксистите ќе исчезнат од Битола ако не се зголеми цената за нивните услуги


  БИТОЛА – Ако не поскапи такси превозот во Битола ќе нема кој да вози ноќе, оти за таксистите е неисплатливо. Ваква е состојбата во Битола, откако во изминатите години постојано се намалува бројот на лиценцирани такси превозници, па од 400 лиценцирани такси превозници сега градот има околу 60 такси возачи кои се во такси […]

Јени џамија во Битола ќе биде музеј на христијанско–исламското културно наследство


  БИТОЛА – Музеј на христијанската и исламската култура ќе биде новата намена на Јени џамија во Битола, сместена во срцето на градот.  Џамијата, која е еден од најзначајните историски споменици во Битола оставена како сведоштво за отоманската архитектура од 16. век, ќе добие нова намена, најавуваат од Завод и Музеј Битола, институција која прославува […]

Битола го отвори првото прифатилиштето за бездомни кучиња


БИТОЛА – Општина Битола го изгради и го отвори прифатилиштето за бездомни кучиња. Прифатилиштето „Хачико“ обезбедува хуман третман на животните, а максималниот капацитет за сместување е околу 55 кучиња. Прифатилиштето ќе значи организираното и системско решавање на проблемот со бездомните кучиња во Битола, велат од општината, откако со години наназад граѓаните реагираа на зголемениот број […]

Во Битола почнува Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“


Со концерт на солистите Линда Хедлунд, виолинистка од Финска, и Антонио Ди Кристофано, пијанист од Италија, во придружба на битолскиот камерен оркестар, вечер почнува ново издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“. На вечерашниот концерт што ќе се одржи на големата театарска сцена „Благој Стефановски“ ќе бидат изведени дела од Бах, Леклер и Шопен, […]

Сообраќајниот тунел над Битола без светлосна сигнализација


Сообраќајниот тунел на обиколницата Прилеп-Ресен, над Битола е без светлосна и сообраќајна сигнализација, и е небезбеден. Државниот пат на оваа делница е фреквентен, но обиколницата се користи со максимална претпазливост, реагираат учесници во сообраќајот, бидејќи како што посочуваат освен што тунелот е целосно неосветелен и без предупредувачка сообраќајна сигнализација, тој е и опасен бидејќи низ […]

Вечерва почнува 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“


Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 45. издание.    Традиционално пред Центарот за култура во Битола, во 19.15 е црвениот тепих, а во 19.45 почнува церемонијата на свеченото отворање и проекција на Канскиот хит-филмот „Партенопе“ во режија на Паоло Сорентино, кинематографер Дариа Д’ Антонио. Филмот е во официјалната селекција КАМЕРА […]

Жив човек нема пред бугарскиот конзулат во Битола


  БИТОЛА – Сликата од вообичаеното чекање на клупите пред бугарскиот конзулат во Битола за бугарски пасош сега ја нема. Денес е празно пред вратите на конзулатот и покрај ширум отворената врата од објектот. Порано, пред некоја година, особено за периодот на корона кризата апликантите за бугарски пасоши правеа големи гужви со долгите редици и […]

Колку пати мечката убива едно исто говедо во Битолско?


  БИТОЛА – Дали и мечката се користи во незаконски шеми за добивање отштета од државата за фиктивно убиена стока или уништени кошници со пчели? Сточари од битолскиот крај велат дека поединци, фармери, по разработени и веќе испробани шеми за наводно угинати говеда и пчелни семејства од мечка земаат големи отштети од државата. Сточари со […]

Римските броеви на градскиот часовник во Битола, зошто бројот четири привлекува внимание


Градскиот часовник во Битола, најмаркантното архитектонско обележје на градот, културно историски споменик со непроценлива вредност, континуирано е најпривлечната локација за туристите од светот. Фотографиран од секаков агол и во секое време од денот од страна на туристите кои се информираат дека е ѕидан од кршен камен пред околу 350 години и дека во малтерот се […]

Битола и Прилеп со бројни проекти аплицираат за поддршка од Владата


 Општина Битола достави 16 апликации со инфраструктурни проекти за финансирање по јавен повик објавен од Владата. Проектните апликации потпишани од градоначалникот Тони Коњановски се со комплетно подготвена проектна документација и во вредност од над 4 милиони евра. Станува збор за изградба и реконструкција на улици во должина од над 10 километри на територијата на цела […]

Стрежево на ниска кота, Битола доби климатска опомена – има проблем со вода за пиење


  БИТОЛА – Летната жега оваа година е сериозно предупредување и за жителите од Битолско-пелагонискиот регион за рационално користење на водата за пиење. Повеќе од два месеца високите дневни температури, но и напати тропските ноќи не само што го усвитија асфалтот во Битола, туку пресушија извори, други станаа сѐ помалку издашни, па ги празнеа градските […]

Оштетени камерите што откриваат пожари во Националниот парк Пелистер


  БИТОЛА – Оштетени се двете камери поставени на местото „Превалец“ од каде Националниот парк „Пелистер“ Битола врши мониторинг на позиции од Баба Планина за навремено откривање и превенција на пожари. Непознатите сторители не ја зеле опремата, но со оштетување ги ставиле надвор од функција камерите за да не снимаат. Камерите се поставени на столбови […]

Поголем дел од Битола без вода за пиење


Голем дефект на потисниот цевковод на пумпна станица во Битола го  остави градот без вода за пиење. Од јавното  комунално претпријатие „Водовод“ информираа дека во текот на денот без вода за пиење ќе биде поголем дел од градот, односно до санирање на дефектот за чие решавање се ангажирани повеќе екипи на претпријатието.