Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола


На магистралниот пат Битола-Прилеп, денеска во 11.55 часот се случи сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И. (37) од Битола, и товарно возило „ивеко” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(29) од селото Обршани, Општина Кривогаштани. Од СВР-Битола соопштија дека во несреќата, на местото на настанот починале возачот на […]

Општина Битола не се откажува од изградбата на регионалната депонија во Новаци


  БИТОЛА – Во Пелагонија ќе се гради регионален систем за управување со отпад, а не како досега нестандардна депонија за складирање на ѓубришта. Ова е ставот на локалните власти во Битола по реакции во јавноста и недоволната информираност за каков систем на одлагање на отпад станува збор. Ова следува по едногласната одлука на Советот […]

Поради несреќа на патот Битола – Прилеп, сообраќајот е пренасочен


 Поради случена сообраќајна незгода на магистралниот пат А3 Битола – Прилеп сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат. Како што информираат од Автомот сојузот на Македонија, сообраќајот се пренасочува на регионалниот пат од 12.10 часот. Две жртви и едно тешко повредено лице во сообраќајка на влезот во Битола Две лица загинаа, а едно лице е тешко […]

Ако пожарите на отворено почнаа во зима, што ќе правиме налето, прашуваат битолските пожарникари


Пожарите на отворен простор почнаа уште сега, во зимските месеци и битолските пожарникари бројат и до девет-десет пожари на ден на отворен простор во битолскиот крај. Најопасна е ситуација со атарите на Потпелистерските села кои се многу блиску до Националниот парк Пелистер и моликовата шума. Стресот за противпожарната служба во Битола, како што велат, е […]

Во Битола при ископ откриени 292 неексплодирни гранати од Првата светска војна


Во Битола при ископ на канал за инсталирање цевковод на топлификација, пронајдени се 292  гранати од Првата светска војна. Од Регионалниот ЦУК – Битола потврдија дека гранатите се откриени за време на градежни работи и се пријавени на Единствениот повикувачки број за итни повици 112. -Добиена е пријава за пронајдени неексплодирани убојни средства НУС на […]

Уште еден бугарски клуб во Битола, го отвори амбасадорот Радуков


  БИТОЛА – Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков, синоќа во центарот на Битола, неколку куќи подолу од  седиштето на Сојузот на борци во Битола, свечено ги отвори канцелариите на новото бугарско здружение „Балкански мост“. Ова е прво официјално присуство на амбасадорот Радуков во Битола, барем според објавите од бугарските здруженија, по неговото назначување на дипломатската задача. […]

Во Битола почна продажбата на станови за 1.000 евра за квадрат


Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење на републиката денеска почна со продажба на 65 станови во станбена единица во градба во Битола. Новата зграда е лоцирана во старата битолска касарна која последнава декада добива нов урбан лик овозможен со детален урбанистички план на овој дел од градот. […]

Шест основни училишта во Битола добија фотоволтаици


Општина Битола ја заврши реализацијата на проектот „Сончеви училишта“, преку кој беа поставени фотоволтаици на шест основни училишта во градот и населени места. Проектот „Сончеви училишта“ ги поддржува училиштата, а со тоа и локалната заедница во справување со климатските промени, обезбедувајќи енергетска безбедност и промовирајќи фер зелена транзиција, соопштија од Општина Битола. Во наредниот период […]

Битолчани бараат психолошка помош по финансиските измами


  БИТОЛА – Финансиските измами станаа вообичаена вест за битолчани откако последните години, дали преку социјалните мрежи, дали на телефон, нема месец да нема измамени сограѓани. Градот познат по големиот октопод и стотиците измамени штедачи од пирамидалната штедилница ТАТ, постојано е на мета на измамници од државата и странство, а „приказните“ се различни. Измамени граѓани […]

„Блгаринот“ Љупчо Георгиевски по судењето во Битола кажа дека е „горд ванчомихајловист“


  БИТОЛА – „Блгарин“. Вака Љупчо Георгиевски, екс-претседателот на сега згаснатиот бугарски клуб во Битола „Иван Михајлов“, се претстави во судот во Битола, како обвинет за две кривични дела поврзани со промоција на ликот и делото на контроверзниот лидер на историското ВМРО, Ванчо Михајлов.  Според обвинителката Оливера Нечаковска, по денешното рочиште се потврдила основаноста на […]

Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола


Реванш натпреварот од баражот за Светското ракометно првенство меѓу женските репрезентации на Македонија и Полска ќе се одигра во Битола. Одлуката Битола да биде домаќин на претстојниот важен меѓународен наторевар и за пласман на светското првенство што ќе се одржи во Холандија и Германија е донесена на иницијатива и апликација до Ракометната федерација на Македонија, […]

Надминат прагот на загадување во Битола – болните и трудните да се ослободат од работа


Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150  mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Битола – […]

Топловодот низ Битола ќе биде готов во 2026 година


  БИТОЛА – Иако е зима и со врнежи од снег, во Битола интензивно се доградува топловодот, проект од кој граѓаните очекуваат придобивка од економски и еколошки аспект бидејќи ќе се искористува отпадната топлинска енергија од РЕК „Битола“.   Битолчани главно се греат на дрва, институциите на мазут и во зимските месеци загадувањето на воздухот е […]

Николоски: Поевтинуваат становите во Битола


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил објави дека донесена е одлука за намалување на цената за продажба на станбениот и деловниот простор во Битола во објектите што ги гради Јавното претпријатие за станбен и деловен простор од значење за Републиката.   Во прилог објавата:   “ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА БИТОЛА!   На […]

Битола окована во студ и снег, на Пелистер битолчани се сончаат


  БИТОЛА – Битола деновиве е окована во студ и снег, додека на Пелистер, на скијачките центри Нижеполе и Копанки, битолчани се сончаат соблечени по блузи. Битола денеска се разбуди на минус 8 степени, најстудено утро од почетокот на годинава, па децата утрово заминаа на училиште по подмрзнати улици. Веќе неколку дена и дневната температура […]

Со европски пари поставена нова туристичка информативна табла пред Офицерскиот дом во Битола


  БИТОЛА – Нова туристичка информативна табла насловена „Пит Стоп Тотем“ е поставена пред Офицерскиот дом во Битола како дел од европскиот проектот „Smart4You2“, со што битолчани, посетителите и туристите во градот ќе имаат можност на едно место да се информираат за сите знаменитости и убавини на градот како и за културните збиднувања. Туристичка информативна […]

В.Д. директор на јавно претпријатие во Битола исплаќал награди за успешна работа


Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднело Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Јавно обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека обвинетиот, во текот на 2022 и 2023 година, во својство […]

Делегација на Општина Битола кај збратимениот француски град Епинал, на славата Св. Никола


 Делегација на Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, заедно со секретарот Борче Димитровски и почесниот конзул на Франција во Битола, Калиопа Кривашија Стилиновиќ, престојува збратимениот град Епинал каде се слави тамошниот верски празник и патрон на градот Св. Никола. Од Општина Битола соопштија дека за време на посетата макеедонската делегација заедно со збратимените градови […]

Во Битола почна новогодишното украсување на градот


Во Битола почна новогодишното украсување на градот со кое ќе бидат опфатени Офицерскиот дом, Широк сокак, плоштадот Магнолија и Старата битолска чаршија. Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека украсувањето содржи многу нови елементи со кои се очекува низ битолските улици да се создаде посебна новогодишна атмосфера. -Комплетното украсување на градот […]

Делови од Битола без струја – врз електричните жици натежнал снег


Известување од ЕВН дека на подрачјето на општина Битола има прекин со електрична енергија на повеќе локации. Издадени се налози за санирање на дефектите и сите екипи се на терен. МВР СВР Битола во координација со Јавно претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта – подружница Битола работат на отстранување на паднато дрво на […]