Протестираат вработените од битолскиот Завод за рехабилитација за деца со оштетен слух, нема плата за јули


БИТОЛА – Вработените од Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух – „Кочо Рацин“ во Битола денеска протестираат. Се собраа во дворот на Заводот револтирани што платата доцни веќе 11 дена по законскиот рок за исплата. Станува збор за над 200 вработени кои се во исчекување и не ја знаат вистинската причина за доцнењето […]

Со извршители Општина Битола си го врати репрезентативниот објект „Соколаната“, закупецот ја реиздавал, а не плаќал редовно кирија


БИТОЛА – Репрезентативниот објект познат како „Соколаната“ сместен во Градскиот парк во Битола денеска со извршители ѝ се врати на Општина Битола. Од Општина Битола за „Независен“ потврдуваат дека локалната власт утрово го презеде објектот оти закупецот го реиздаваше, а во исто време ненавремено ги регулираше обврските кон Општината. „Согласно донесеното решение од Апелацискиот суд, […]

Битола ја губи приказната „Град на конзулите“


  БИТОЛА – Битола од година до година ја губи приказната за град на конзулите, градена од крајот на 19 век па наваму. За жал денес може да се констатира со сигурност дека во градот останаа уште четворица почесни конзули, битолчани, наспроти фактите дека претходната деценија таа бројка изнесуваше околу 15 почесни дипломатски претставништва и […]

Се затвараат дуќани на Широк Сокак и во Старата битолска чаршија, битолчани нагрнаа во новиот мол


БИТОЛА – Кратко по отворањето на новиот трговски центар „Блис“ на излезот од Битола кој нуди неколку брендови, присутни и во скопските молови, дуќанџиите од Битола веќе бројат загуби и најавуваат затворање на бизнисите. Економисти од градот сметаат дека помалите трговци не се подготвени да се спротивстават на ниските и промотивни цени на големите брендови […]

Битолчани летово боледуваат од респираторни заболувања како да е зима


БИТОЛА – Битолчани ова лето боледуваат од вирусни и бактериски инфекции како да е зима. Сѐ поголем број граѓани бараат лекарска помош, заради респираторни инфекции, а веќе има и регистрирани заболени од ковид и тоа според статистиката најголем дел од нив се бебиња и мали деца. „Од тестираните во овој период имаме потврдени случаи на […]

Љутков: „Илинденските денови“ во Битола се огледало на мултикултурната разновидност


 „Илинденските денови“ во Битола со години се мост на автентично поврзување на вековната традиција со денешницата, огледало на мултикултурна разновидност, поттик и инспирација за младите кон традиционалните културни вредности, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Како што информира Министерството за култура, Љутков синоќа на свеченото отворање на 54. Републички фестивал на народни песни […]

„Истрчав низ огнот за да куртулам“: Пожарникарот Тодорчевски раскажува за пеколот на пожарот кај Битола


  БИТОЛА – По осум дена поминати во болница, битолскиот пожарникар Александар Тодорчевски – Ато (49) се врати дома жив. Зараснуваат повредите од големите изгореници на рацете, лицето, делови од грбот и бутините, но левата шака сѐ уште е нефункционална и обвиткана со завој. И покрај нараснатите меури од изгорениците на десната рака, Ато, како […]

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола


Пет авиони „Ер трактори“ и еден канадер се упатени кон Битола каде ќе интервенираат на пожарот што попладнево се активираше над обиколницата, информираа од Центарот за управување со кризи. Претходно, Општина Битола соопшти дека пожарот над Битола е повторно активен и дека на терен се противпожарните екипи кои работат на ставање на ситуацијата под контрола. […]

РЕК Битола работи со еден блок, постројката ќе биде ставена на мрежа во текот на денешниот ден


По вчерашниот испад на РЕК Битола од македонскиот електроенергетски систем, во текот на ноќта и утрово комбинатот работи со еден блок, информираат од Електрани на Северна Македонија. -Вчера доцна попладне во функција беше ставен Блок 1. Неочекуваниот испад на блокот заради прекин на напојувањето, предизвика проблем во котелот на Блок 1 заради што постројката во […]

Кривична пријава против директорката на ученички дом во Битола


  БИТОЛА – Битолската полиција поднесе кривична пријава против Елена Спасеновска, актуелна директорка на Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ Битола за злоупотреба на службената положба и оштетување на Буџетот на МОН, истрага која започна по новинарските пишувања на дописникот на „Независен“ од Битола. Вчера СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против 57-годишната […]

Кучиња скитници и напуштени миленици „сеат“ страв низ Битола


БИТОЛА – Алармантна е состојбата ова лето со кучињата скитници низ Битола и најновиот тренд на битолчани да ги напуштат домашните миленици кои се однесуваат агресивно. Речиси да нема ден во полицискиот билтен да нема евидентирано по еден, два и некогаш по три случаи на каснати граѓани од кучиња скитници. Битолчани, но и гостите во […]

Падната топола го блокира патот од Битола кон селата Дрогожани, Секирани и Црновец


Сообраќајот на локалниот пат од Битола за селата Дрогожани, Секирани и Црновец, е во прекин попладнево од 15:50 часот, соопшти АМСМ. Причина за прекинот на сообраќајот е падната топола на патот.

Крупна прашина од веење на житото го загадува воздухот во Битола


БИТОЛА – Аеро загадувањето со крупна прашина што излегува од импровизиран оџак од објект на поранешниот млин „Жито Битола“ во Битола, го загадува воздухот, реагираат битолчани. Крупни честички се расфрлаат низ воздухот што може да се види и на  фотографијата што ни ја испратија граѓани од насобраниот прав на нивните автомобили. Граѓани од улицата „Македонска […]

Битолчани со кола одат на кафе на Широк Сокак и се паркираат на диво за да не платат за паркинг


БИТОЛА – Сериозна во континуитет е ситуација со диво паркираните возила низ Битола, особено во централното градско подрачје и уличките околу Широк Сокак. Платениот паркинг често е празен додека се бара начин како да се паркира во споредна уличка за да се избегне трошокот за паркирање. Возачите како едвај да чекаат да заврши училишната година […]

Реткост е да славиш 60 години од матурата заедно со класната


БИТОЛА – Реткост е да се чуе дека после 60 години од матурата, учениците слават јубилеј заедно со класната. Тоа на големо задоволство им се случува на генерацијата 1963/64 во Средното економско училиште -„Јане Сандански“ во Битола. Токму шеесет години од матурата викендов прослави класот на професорката по македонски јазик, Љупка Балојани. Професорката Балојани, ја […]

Невреме ја погоди Битола – силниот ветер сруши дрвја


Попладнево во Битола имаше невреме проследено со дожд и ветер. Како што може да се види и од фотографијата, силниот ветер, кој достигнувал брзина од 50 км на час, срушил и дрвја низ градот. Инаку, во текот на денот во Битола беа измерени 29 степени, додека пак до крајот на денот се очекува променливо облачно, […]

Фабриката „Кромберг и Шуберт“ и Општина Битола градат нова градинка


  БИТОЛА – Во Битола како своевиден феномен може да се толкува состојбата во која се празнат училишните клупи, а нема место во градинките за згрижување на најмалите. На крајот на секоја учебна година и пред почетокот на летото секогаш се разгорува прашањето, дали наесен ќе се најде место во градинките за згрижување на децата […]

Само Битола има туристи кои остануваат по четири месеци во градот 


  БИТОЛА – Само Битола има туристи кои во градот остануваат по три до четири месеци, како ретко каде на друго место, велат искусни туристички работници од Битола, анализирајќи ги проблемите, состојбите со туризмот и туристичката понуда на градот. Најбројни туристи во Битола се дефинитивно Турците, години наназад, привлечени од историските приказни за Битола и […]

Осветлен стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, но околу него уште е градежна зона


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти денеска дека се завршени работите поврзани со поставување рефлекторско осветлување на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. На бетонски столбови долги околу 50 метри поставени се повеќе од 250 големи светилки кои го осветлуваат теренот и трибините на стадионот во Битола. „Со изградбата на новата северна трибина и со проектите […]