Во Битола Интернационален пијано натпревар „Пијано Фест 2025“


Во Битола почна ново издание на интернационалниот пијано натпревар на кој годинава учествуваат 110 млади музичари од 10 држави во Европа. Оваа година натпреварувачите се поделени во три категории, односно пијано соло, пијано четирирачно и теоретски отсек облигати, а настапите ги следи комисија во која членуваат Тереза Тревисан од Италија, Паола Кондакци од Албанија, Душан […]

Надмината голготата со возачкиот испит во Битола, од 4 јуни почнува полагањето за возачка


БИТОЛА – Надмината е голготата со полагањето на возачки испит во Битола, по повеќе од пет месеци, Битола добива нов оператор за полагање за возачка дозвола. Авто мото испитен центар – Супер возач ДООЕЛ Битола е правниот субјект кој во наредните пет години по овластување на Министерството за внатрешни работи, ќе ги спроведува возачките испити […]

Гимназијалката Искра Нечаковска од Битола ќе се натпреварува на Светската олимпијада по физика во Париз


БИТОЛА – Гимназијалката од Битола, Искра Нечаковска(17) е избрaна да учествува на Светската олимпијада по физика во Париз, Франција, што ќе се одржи во јули годинава. Убавата вест ја сподели Гимназијата „Јосип Броз Тито”, Битола каде Нечаковска е ученичка во трета година. Претходно Нечаковска ќе учествува на Европската олимпијада по физика во Софија- Бугарија. Ментор […]

Модното студио „Ле бранд“ од Битола со две шивачки за матурски фустани влезе во специјална полициска мисија


  БИТОЛА – Голема врева се крена во државава и особено во градот под Пелистер за модната дизајнерка Лиле Кадинска од Битола, по информацијата дека нејзиното „Ле бранд студио“ е дел од контроверзната јавна набавка за униформи за специјалната полиција во државата. Кадинска деновиве е една од „најозборуваните“ личности во Битола, особено што е носител […]

Запален автомобил на познат бизнисмен од Битола, огнот зафатил уште две возила


  БИТОЛА – Во пожар што се случи ноќеска дваесет минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила паркирани до него. Како што велат очевидци со кои разговараше „Независен“ најпрво се слушнал силен тресок пред да избувне огнот. Ветрот […]

Кредит од еден милион евра од ЕИБ заглавен во Советот на Битола


  БИТОЛА – Мнозинството советници во битолскиот Совет гласаше воздржано за кредит од 1 милион евра од Европската инвестициска банка наменет за седум проекти за Битола. Со овие пари треба да се реконструираат водоводните мрежи и канализации на пет улици меѓу кои и Булеварот „1 мај“, изградба на водноснабдителен систем за село Лисолај и изградба […]

Клековски: Го решаваме проблемот со недостиг од човечки ресурси во болниците – денеска полагаа 34 специјализанти


Го решаваме проблемот со недостигот од човечки ресурси во болниците, изјави Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување, посакувајќи успех на 34 специјализанти, кои денеска во Битола полагаа тест за вработување во Клиничка болница-Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево.   Според Клековски, со денешната активност на долг рок се очекува покривање […]

Противниците на битолската депонија ќе одат од куќа до куќа , ќе објаснуваат што значи регионална депонија


БИТОЛА – Во Битола синоќа се одржа десеттиот по ред протест против депонија во Пелагонија, а демонстрантите кажа дека имаат само една цел – откажување на проектот. Сега имаат намера да одат од маало во маало, од куќа на куќа и да ги запознаваат граѓаните на Битола што значи регионална депонија. „Чекаме да се изјаснат битолските […]

Битолчани ќе добијат бесплатни WiFi зони


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес оствари работна посета на Општина Битола, каде што оствари средба со градоначалничкот Тони Коњановски, но и ги посети канцелариите на Центарот за услуги (ЕТУ) во Битола. Главна тема на посетата беше унапредувањето на процесот на дигитализација на општинските услуги и интегрирањето на локалните институции преку националната платформа за […]

Општина Битола со 59 апликации за 36 објекти на јавниот повик за финансирање на локалните самоуправи


Општина Битола до Министерството за локална самоуправа достави 59 апликативни формулари за 36 различни објекти, за кои општината во изминатиот период изготви проектна документација за аплицирање на новиот јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти во локалните самоуправи. Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека со апликациите ќе се обезбеди финансиска […]

Бизарна неодговорност: Во Битола четири месеци не може да се полага за возачки испит


  БИТОЛА – Полни четири месеци Битола и општините од Пелагонискиот регион се без Испитен центар за полагање возачки испит, откако на 15 декември лани заврши договорот со претходниот оператор. Од МВР денеска на поставени прашања од „Независен“ одговорија дека токму денес бил распишан нов оглас за избор на правен субјект за добивање на лиценца […]

Луксузната вила со базен под Пелистер била на инспектор од Општина Битола


БИТОЛА – Голема врева во Битола, особено на социјалните мрежи дигна информација која вчера ја сподели општина Битола за утврдени незаконитости и дивоградби во Потпелистерието, селото Дихово и населбата Довлеџик во Битола. Особено бура од коментари се крена по неофицијалната информација дека една од спорните градби во селото Дихово е на вработен инспектор во Општина […]

Битолчани против депонија во Пелагонија, бараат формирање на координативно тело и организиран настап


БИТОЛА – Формирање на координативно тело на протестите и организиран настап пред институции, побараа граѓани на Битола на вечерашниот протест против депонија во Пелагонија, што се одржа пред Општина Битола. Трета среда по ред, граѓани излегоа на мирен протест против изградба на регионална депонија на територијата на Општина Новаци. На протестот што започна пред зградата […]

Градежната инспекција од Битола удри по дивоградбите во Потпелистерието


БИТОЛА – Градежната инспекција во Општина Битола покрена постапки за три објекти во Потпелистерието, а за уште еден врши контрола врз документацијата. Општина Битола денеска и со фотографии ги објави дивоградбите од кои две се во Нижеполе, а едната во близина на населбата Довлеџик на излезот од Битола од страната на Охрид. Градоначалникот Тони Коњановски објави […]

Наместо канцеларии за фирмата незаконски изградил ексклузивен ресторан во под Пелистерието


БИТОЛА – Познат бизнисмен и угостител од Битола наместо да изгради објект за потребите на фирмата, тој од просторот направил луксузен ресторан за правење на свадби и свечености. Локацијата избрана за свадбените сали е на патот кој води кон Националниот парк Пелистер, под селото Дихово, каде во околината има и други големи сали за свадби и […]

Лоша е состојбата со хидрантските мрежи во колективните згради во Битола


БИТОЛА – Трагедијата во Кочани од 16 март отвори многу прашања околу безбедноста на граѓаните од пожари и поплави особено во колективните згради. По апелот на битолчани во каква состојба е хидрантската мрежа во колективните згради и дали има ПП апарати и дали функционираат противпожарните скали, се разоткрија низа пропусти и аномалии. Известувањето со констатираната […]

Земјотрес почувствуван во Битола и околината


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, во 05 часот и 04 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Битола-Лерин, во соседна Република Грција, на 125 км јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда M […]

Битолчани бараат проверка на хидрантските мрежи во колективните згради, општинарите најавија контроли


  БИТОЛА – Големата трагедија во Кочани го отвори прашањето кај битолчани во каква состојба е хидрантската мрежа во колективните згради и дали има ПП апарати и дали функционираат противпожарните скали. Голем дел од новите згради во Битола немаат противпожарни скали. Во мај 2022 година, изби пожар на 12 спрат во висококатница во Битола, и […]

Во Битола контроли во угостителски локали и кафе барови


 Општинскиот инспекторат во Битола, во координација со Државниот пазарен инспекторат и СВР Битола, денеска ќе спроведат проширена контрола и на битолските локали и кафе барови. Од секторот за односи со јавност на Општина Битола претпладнево соопштија дека акцијата ќе се одвива во кафе барови кои во најголем дел се лоцирани на Широк Сокак, во битолската […]

Контрола во угостителските објекти во Битола


Општина Битола во соработка со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и СВР Битола, спроведе низа активности за контрола на угостителските објекти во градот. Од секторот за односи со јавност на Општина Битола денеска информираат дека Општинскиот инспекторат на терен врши проверка на сите категоризирани објекти на физички лица што се под општинска надлежност, односно се контролира […]