Во воена база во Белгија, во која се чуваат американски боеви глави, откриена лабораторија за екстази


Белгиската полиција извршила рација во лабораторија за производство на синтетичка дрога МДМА (екстази), откриена во воздухопловната база Клајн Брогел. Во базата, што е лоцирана на североистокот на Белгија, наводно се чува дел од американскиот нуклеарен арсенал за Европа. Белгиските власти се дискретни во врска со податоците, иако во 2019 година пратеник на Зелените пред парламентот […]

Масовен штрајк во Белгија поради зголемените животни трошоци


Штрајкот во Белгија, што се одржува поради зголемените животни трошоци, го принуди бриселскиот аеродром денеска да ги откаже сите патнички летови, а автобуските линии се прекинати во дел од земјата. Синдикатите соопштија дека очекуваат десетици илјади луѓе да протестираат во Брисел. Возовите сообраќаат, но делумно за да им овозможат на демонстрантите да се соберат во […]

Белгија не е во можност да понуди нова голема помош за Украина


Залихите оружје на Белгија, со што земјата може да помогне за одбраната на Украина, веќе се исцрпуваат, изјави белгиската министерка за одбрана Лидивин Дедондер. Според Дедондер, нејзината земја нема да биде во можност да најави нова голема помош. Белгиските власти биле во контакт со националните производители на оружје, за да се види што се има […]

Во Белгија отворен „Музеј на размислувањето“


Универзитетот на Гент, Белгија, отвори нов научен музеј, оценет како „Музеј на размислување“, чијашто цел е да ги стимулира своите посетители, но и самите научници, бидејќи науката „не е готов одговор, туку стекнување знаења и идеи преку сомнеж, неуспех, повторен обид, креативност, размисли, храброст и неочекувани откритија“. Универзитетот одлучи да заземе поинаков пристап со својот […]

Белгија ќе фрли над милион вакцини до крајот на летото


Белгискиот дневен весник „Ле Соар“ открива дека Белгија ќе фрли 436.800 дози на вакцината на АстраЗенека затоа што им е поминат рокот, јавува дописничката на МИА од Брисел. На половина милион дози им поминува рокот на 31 мај, додека во текот на летото уште 800 илјади дози на Модерна и 90 илјади на Фајзер ќе […]

Кралот и кралицата на Белгија во официјална посета на Грција


 На поканата на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, кралот и кралицата на Белгија, од денеска до 4 мај ќе бидат во официјална посета на Грција и ќе остварат низа средби, јави дописничката на МИА од Атина. Кралското семејство ќе го придружуваат и неколку белгиски министри, а предвидено е за време на посетата на Грција да се […]

Белгија ги повлече Киндер чоколадите поради можно труење


Белгиските власти го прекинаа производството на Киндер чоколадите во фабриката во Арлон, откако матичната италијанска компанија „Фереро“ достави „недоволни информации“ за неодамнешното труење со салмонела во Европа. Белгиската агенција за безбедност на храна денеска го повлече целокупното производство на Kinder Surprise, Kinder Mini Eggs, Kinder Surprise Maxi од 100 грама и Киндер чокобонбони произведени во […]

Супермаркети во Белгија ја ограничија продажбата на брашно и масло


Белгија – Синџирите супермаркети „Колорајт“ и „Лидл“ во Белгија ја ограничија продажбата на брашно, масло и конзервиран зеленчук поради големата побарувачка. Додека двете компании напоменуваат дека станува збор за „превентивна мерка“ и дека „нема недостиг“, потрошувачите во „Колорајт“ засега можат да купат најмногу две пакувања од секаков вид масло и брашно, додека во „Лидл“ е ограничена […]

Белгија го одложи повлекувањето од нуклеарната енергија за 10 години поради војната во Украина


Белгија, поради војната во Украина, одлучи да го продолжи рокот на нуклеарните реактори, и покрај ветувањата на владината коалиција дека тие ќе бидат затворени до 2025. Оваа одлука е силен удар за партијата на Зелените која учествува во владината коалиција и речиси целата кампања ја водеше околу затворањето на овие застарени и оштетени реактори. Војната […]

(Видео)Два лава од Украина сместени во Белгија


 Лавовите близнаци Цар и Џамил, родени во јануари 2021 година, требаше да бидат преместени во Белгија во мај, откако украинските власти ги конфискуваа од приватни сопственици кои се однесувале лошо со нив. Но, руската инвазија на Украина значеше дека преместувањето мора да се случи веднаш, оти гранатирањето на Киев, каде што беа задржани, им предизвика […]

Белгија дозволува четиридневната работна недела поради пандемијата


Белгиските работници ќе можат да работат четири дена во неделата, според владиниот договор чија цел е да се зголеми флексибилноста на инаку крутиот пазар на трудот. Говорејќи пред новинарите откако седумчлената владејачка коалиција постигна договор денеска, премиерот Александар Де Кро рече дека пандемијата на коронавирус ги принудила луѓето да работат во пофлексибилни услови и да […]

Белгија размислува за укинување на ковид сертификатите


Владината коалициска партија на Социјалистите во Белгија најави дека сака укинување на ковид сертификатот за внатрешна употреба, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова утрово во интервју за радиото БЕЛ РТЛ го изјави претседателот на Социјалистичката партија, Пол Мањет. Моментално во Белгија за влез во угостителски објекти, културни настани и други локали е потребен ковид […]

Пораст на бројот на умрени од Ковид-19 во Белгија


Иако сите други индикатори се охрабрувачки, бројот на умрени од Ковид-19 на почетокот на месецов пораснал за околу една третина, јави дописничката на МИА од Брисел. Според последните податоци од Институтот за јавно здравје се намалува бројот на новозаразени, хоспитализирани, стапката на позитивност и стапката на репродукција на вирусот. Сите овие показатели се охрабрувачки и […]

Белгија: Масовен штрајк во образовниот сектор најавен за утре


 Сите франкофонски училишта во Белгија најавија масовен штрајк за утре, како поради владините мерки против пандемијата така и поради целокупната состојба во образованието, јавува дописничката на МИА од Брисел. Образовниот систем во Белгија е поделен по јазична основа, утре сите франкофонски училишта најавија протест пред министерството и целосен штрајк, на професорите административниот и техничкиот персонал, […]

Дваесет отсто од хоспитализираните со Ковид-19 во Белгија се деца под 12 години


Белгија – Здравствените статистики во Белгија откриваат дека секој петти хоспитализиран во земјата е дете под 12 годишна возраст, јави дописничката на МИА од Брисел. Според докторката Ан Тилеманс ова се должи на фактот што вирусот највеќе циркулира кај најмладите, а децата се многу малку или воопшто не се вакцинирани. Помеѓу 10 и 23 јануари оваа […]

Се урна четирикатница во Белгија, под урнатините има затрупани луѓе


Голема експлозија се случила во Турнхаут, Белгија утрово околу 8:15 часот, по што делумно се урнала четирикатница. Причината за експлозијата се уште не е позната, а се сомнева дека виновна е неисправна инсталација за гас. Едно лице е спасено од урнатините, а уште осум се водат како исчезнати, пишува The Brussels Times. Едно лице е […]

Белгија ќе ги затвори сите седум свои нуклеарни реактори до 2025 година


Белгија– Белгија ќе ги затвори сите седум свои нуклеарни реактори до 2025 година, но нема да ја затвори вратата за нуклеарна технологија од новата генерација, според договорот постигнат од страна на коалициската влада, јавија локалните медиуми. Во преговорите што се одржале речиси цела ноќ,  е вклучен договор за „инвестиции од околу 100 милиони евра за мали […]

Во Белгија се очекува сојот омикрон да стане доминантен на почетокот на 2022 година


Белгија– Белгискиот кризен штаб за Ковид-19 на прес конференција соопшти дека се очекува сојот омикрон на коронавирусот да стане доминантен во јануари или февруари, јави дописничката на МИА од Брисел. Портпаролот на кризниот штаб, Стивен Вангихт, изјави дека за сега во Белгија омикрон сојот претставува еден до два отсто од сите заболени од Ковид-19 но […]

Во Белгија масовна полициска акција против организиран криминал


Белгија – На цела територија на Белгија од утрово се одвива масовна полициска акција против организирана криминална група која нелегално продавала автомобили на интернет. Над илјада полицајци се мобилизирани од синоќа во цела држава, а приведени се триесет лица во рамките на оваа операција, информираат од Јавното обвинителство. Според медиумите, акцијата се води во ромската заедница […]

Белгија: Уапсено едно лице за тероризам, неизвесно дали е избегнат нов напад


Белгија– Белгиското федерално обвинителство соопшти дека едно лице е уапсено во текот на вчерашниот ден за „терористички активности“, но не потврдува дали се подготвувал нов напад. Дваесет и две годишен маж е уапсен во текот на викендот во домот на неговата баба во мал град во близина на Брисел и се товари за учество во […]