Претседателот Пендаровски во посета на Белгија


  Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Белгија, соопшти неговиот кабинет. Претседателот Пендаровски, во Монс, на церемонија со воени почести ќе биде пречекан од Врховниот командант на сојузничките сили во Европа, генерал Кристофер Каволи, по што ќе имаат средба на која ќе се разговара за безбедносните предизвици на европскиот континент. […]

Огромни нереди во Брисел, откако Беглија изгуби од Мароко


Судири избија во Брисел по победата на Мароко над Белгија, на Светското првенство во фудбал во Катар. Десетици луѓе ги нападнале редарите, објави полицијата. Пред крајот на натпреварот, „десетици луѓе, меѓу кои и маскирани, предизвикаа судар со редарските служби во центарот на градот, со шѕо ја загрозија јавната безбедност“, се наведува во полициското соопштение. Полицијата […]

Скандал во белгиска градинка, бруталност и малтретирања кон бебиња


 Брутален третман на бебиња кои биле тепани, држени со главата под вода за да престанат да плачат, насилно хранење кога одбивале да јадат, скандалот во оваа градинка го потврди Одделот за детство во северниот дел на Белгија. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, градинката е затворена минатата недела по итна постапка откако родителите […]

Белгиското обвинителство го идентификува осомничениот за нападот врз полицајците


 Белгиското федерално обвинителство потврди дека осомничениот за нападот и убиство на полицаец синоќа во Брисел се вика Јасин М. и дека за него се отвора истрага за убиство во терористички контекст. Осомничениот околу 19 часот вчера нападна полициска патрола, во нападот е ранет еден, а убиен друг полицаец. Осомничениот при нападот извикал “Алах Акбар“, а […]

Откажани летови поради штрајк во Белгија


Најголемиот аеродром во Белгија, бриселскиот „Завентен“, денеска ќе откаже половина од предвидените летови, а ниту еден авион нема да полета од базата на Рајанер поради штрајк на синдикатите, незадоволни од падот на куповната моќ. Најголемиот аеродром во Брисел, што во септември имаше два милиони патници, соопшти дека очекува „сериозни нарушувања“ и оти голем број летови […]

Генерален штрајк во Белгија в среда, над половина летови откажани


Со поддршка на трите најголеми синдикати на Белгија, работниците во Белгија масовно ќе штрајкуваат, засегнати се сите превозни средства, јави дописничката на МИА од Брисел. Синдикалната и работничката мобилизација најавена за среда 9 ноември се очекува да биде без преседан во последните години. Незадоволството на работниците во сите професионални сектори расте пропорционално со цените и […]

Белгиската владина коалиција поделена поради можно патување во Катар за СП


Белгиската владина коалиција не успеа да се согласи дали треба да испрати делегација во Катар доколку фудбалската репрезентација бележи успеси на Светското првенство, јави дописничката на МИА од Брисел. Организацијата на Светското Првенство во Катар предизвика дилеми кај бројни владини коалициски партнери во Белгија поради постојаното кршење на човековите и работничките права од страна на […]

Пад на бројот на заразени со Ковид-19 во Белгија


Главните индикатори за пандемијата од Ковид-19 бележат надолен тренд во Белгија. Според последните податоци, помеѓу 25 и 31 октомври, бројот на дневно заразени со Ковид се намалил за 42 отсто во споредба со претходната недела, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на земјата. Намален е и бројот на хоспитализирани поради оваа инфекција за 34 отсто, […]

Белгија: Рекордни приватни профити, министерот за економија бара повисоки плати


  По обелоденувањето на рекордните профити на приватните компании во Белгија, белгискиот министер за економија оцени дека е потребно зголемување на платите на работниците, јави дописничката на МИА од Брисел. Националната банка на Белгија на почетокот од оваа недела објави дека во второто тромесчје на оваа година, компаниите направиле 45,2 отсто профит, посебно фирмите кои […]

Белгија очекува нова рекордна стапка на инфлација овој месец


Канцеларијата за статистика на Белгија предвидува дека инфлација во октомври ќе биде повисока од стапката во септември, што достигна рекордна стапка во изминатите 50 години, јави дописничката на МИА од Брисел. Во септември инфлацијата во Белгија достигна 11,27 отсто, највисока стапка во изминатите 50 години. Додека за октомври се прогнозира дека ќе се искачи до 11,85 отсто. Се очекува надминување на […]

Годишната стапка на инфлација во Белгија 11,27 отсто, највисоко ниво за пет децении


Годишната стапка на инфлација во Белгија се искачи на 11,27 отсто во септември, што е највисоко ниво во речиси пет децении, покажуваат официјалните податоци објавени денеска. Таа цифра, која во претходниот месец изнесуваше 9,94 отсто, е највисока за Белгија од август 1975 година, објави белгискиот завод за статистика Статбел. Главната причина за брзиот раст на […]

Расте бројот на заразени со Ковид во Белгија, нов бран во октомври


Последните бројки покажуваат подем на бројот на заразени и на хоспитализирани поради Ковид-19. Повторно расте бројот на заразени од Ковид-19 во Белгија, па така во периодот меѓу 17. и 23 септември во просек се заразени 2.232 лица, односно зголемување од 21 отсто во споредба со претходната недела. Стапката на позитивни тестови изнесува речиси 20 отсто, […]

Белгискиот министер за правда мета на киднапери поврзани за шверцот со дрога


Белгискиот министер за правда, Винцент ван Квикенборн, е под засилена полициска заштита, обвинителството открива дека се работи за план за киднапирање, веројатно поврзан со подземјето и дрогата. Веста дека министерот за правда на Белгија е под засилена полициска заштита и не смее да се појавува на јавни настани беше потврдена во саботата од страна на белгиското федерално […]

Белгија загрижена: Ќе бидат ли ставени руските дијаманти на новиот список на санкции?


  Руските дијаманти повторно се на радарот на Европа – како што е и тешката улога на Белгија во индустријата. И покрај шесте рунди на опсежни санкции на Европската унија против Москва, руските дијаманти останаа блескаво отсуство од листата на ембарго. Нивниот пропуст делумно се должи на важната улога на Белгија во индустријата за дијаманти. […]

Национален синдикален протест во Белгија, Брисел парализиран


  Со барања за порадикални мерки за ублажување на ценовниот шок и стандардот на живеење, белгиските синдикати денеска организираат национален протест, јави дописничката на МИА од Брисел. Најголема парализа се очекува во главниот град, Брисел, каде јавниот превоз протестира, што ќе предизвика силен метеж во Брисел, како и во сите поголеми белгиски градови. Синдикатите го […]

Во Белгија зголемен бројот на заразени лица со Ковид-19


  Бројот на новозаразени со Ковид-19 во Белгија е зголемен за 15 отсто, зголемен е и бројот на починати, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова се последните податоци на Институтот за здравство на Белгија објавен денеска. Помеѓу 10 и 16 септемри регистрирани се 1.847 нови случаи на Ковид-19, што претставува зголемување од 15 проценти […]

Белгија бара да се ограничат цените на енергијата на ниво на ЕУ


Белгискиот премиер Александар Де Кро најави дека ќе бара на ниво на ЕУ да се ограничи растот на цените на струјата и гасот, кои достигнуваат досега незамисливи нивоа низ Европа. „Јас бев еден од првите што кажав дека не можеме да продолжиме да го решаваме проблемот со цените со намалување на даноците, туку тие да […]

Во Белгија откриени повеќе од сто можни случаи на трговија со луѓе


Вкупно 174 лица се идентификувани како жртви на трговија со луѓе на градилиште во Кало во белгискиот пристаништен град Антверпен. Меѓу жртвите 17 лица се од Бангладеш, 52 од Филипини и 105 од Турција, соопшти белгиското Обвинителство. „Тие бројки може да се променат во текот на истрагата и може да има и работници од друга националност“, се додава во соопштението. Осомничените жртви на трговија со […]

Во Белгија расте бројот на заразени со Ковид-19


Институтот за јавно здравје на Белгија информира дека индикаторите за Ковид-19 се влошуваат, јави дописничката на МИА од Брисел. Бројот на новозаразени се зголемил за 43 отсто во текот на изминатата недела, бројот на починати од вирусот е зголемен за 45 проценти. Расте и стапката на позитивност и достигнува над 30 отсто. Од почетокот на […]

Најголемата фабрика за чоколади во светот го прекина производството, пронајдена е салмонела


Салмонела е пронајдена во најголемата фабрика за чоколади во светот во белгискиот град Виезе. Швајцарскиот гигант „Бери Калебо“ (Barry Callebaut), кој е сопственик на фабриката, денеска ги информирал белгиските власти дека го прекинале производството и ја повлекуваат целата чоколада што ја произведувале од 25 јуни годинава. Тие исто така нагласија како комуницираат со сите нивни […]