Белгија повлекува јајца поради салмонела, заразени повеќе од 300 лица


   Најмалку 306 случаи на инфекција со салмонела се регистрирани во Белгија, чиј извор биле контаминирани јајца. Ова се официјалните бројки од Белгиската федерална агенција за безбедност на синџирот на исхрана (FASFC). Инфекцијата е поврзана со јајца од компанијата Laerco во Гел на северот од земјата. Присуството на бактериите во објектите на компанијата беше потврдено […]

Белгија се соочува со најголемиот шумски пожар во својата историја, ЕУ испрати авиони и хеликоптери


Европската Унија денеска испрати три хеликоптери и два авиона за гасење пожари во источниот дел на Белгија, откако земјата побара итна меѓународна помош за справување со најголемиот шумски пожар во својата историја – соопшти европската комесарка за управување со кризи, Хаџа Лахбиб. Пожарот во областа Високи Фени, најголемото заштитено природно подрачје во Белгија, беснее од […]

Повеќемина загинати во пожар на градилиште во Брисел


Неколку луѓе загинаа во пожар што изби на градилиште во главниот град на Белгија, Брисел. Локалните власти не наведоа точна бројка на жртвите, но соопштија дека се трага за шест исчезнати лица. Кога избувнал пожарот на градилиштето имало околу 200 работници.

Белгија во егзалтација по победата над САД и Трамп


  Белгиските навивачи реагираа со егзалтација откако националниот тим ги победи САД во натпревар од Светското првенство, кој беше засенет од контроверзноста околу лобирањето на Доналд Трамп за поништување на суспензијата на напаѓачот Фалорин Балогун. Белгискиот премиер, Барт де Вевер, сè уште не го коментирал триумфот на националниот тим, но официјалниот Инстаграм профил на неговата […]

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ


Белгија увезува повеќе гас од Русија отколку пред почетокот на војната во Украина, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на податоци од белгиското Министерство за економија. Според податоците, рускиот гас учествувал со повеќе од 11 проценти во вкупниот увоз на гас во Белгија минатата година. Слични количини биле увезени и во 2019 година, додека по почетокот […]

Воз удри во школски автобус во Белгија – има загинати


Неколку лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово во белгискиот град Бугенхаут, лоциран помеѓу Антверпен и Брисел, каде што се судрија воз и школски автобус. Како што известуваат белгиските медиуми, возот во моментот на ударот се наоѓал на околу еден километар од железничката станица и веќе започнал да сопира. Несреќата […]

Белгискиот премиер повторно ја шокира Европа: „Мора да ги нормализираме односите со Русија“


Белгискиот премиер Барт де Вевер е критикуван откако повика на нормализација на односите на Европската Унија со Русија за да се врати пристапот до евтина енергија Во интервју за белгискиот весник „Л’Ехо“, Де Вевер рече дека ЕУ треба да постигне договор со Москва. „Губиме на сите фронтови, мора да го завршиме конфликтот во интерес на […]

Земјоделски протести во Белгија против Договорот со Меркосур


Во организација на неколку белгиски земјоделски здруженија за денеска се најавени протести на земјоделците во Белгија како резултат на незадоволство од Трговскиот договор со латиноамериканските држави од организацијата Меркосур. Фламанската Генерална унија на земјоделците (АБС) најави дека протестот на нејзините членови ќе започне во 11 часот со блокади со трактори на три значајни клучки на […]

Белгија под снег, прогласен жолт метеоаларм за зимски услови


Белгискиот Кралски метеоролошки институт утрово прогласи жолто метеоаларм за зимски услови на речиси целата територија на Белгија, со исклучок на реоните крај брегот на Северното Море, откако во текот на ноќта земјата беше зафатена од снежни врнежи. Според Институтот, во поголемиот дел од Белгија е формирана снежна покривка со дебелина од пет до 10 сантиметри. […]

Белгија се откажува од проектот „и-полиција“ поради неисполнети очекувања


Белгискиот министер за внатрешни работи Бернар Квинтан донесе одлука за стопирање на проектот за дигитализација на федералната полиција, наречен „и-полиција“, поради неисполнети очекувања, објави денеска бриселскиот весник „Соар“. Весникот, повикувајќи се на извори во Кабинетот на Квинтан, наведува дека одлуката за стопирање на проектот се должи на тоа што постигнатите резултати не ги исполниле првичните […]

Протести на професорите и студентите во Белгија поради кратење на буџетот за високото образование


Белгиските универзитетски професори и студенти денеска одржуваат протестен марш низ улиците на Брисел, во знак на незадоволство од предлогот на Федералната влада на Белгија за намалување на буџетот и од мерки за штедење во високото образование. Синдикатите, организатори на протестот, посочуваат дека кратењето на средства ќе го доведе во прашање опстојувањето на над 1.000 работни […]

Белгија го отфрли планот на ЕУ за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина


Белгија денеска го отфрли планот на Европската Унија за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина, велејќи дека шемата носи значителни финансиски и правни ризици. „Текстот што Европската комисија ќе го презентира денеска не ги решава задоволително нашите загрижености“, изјави белгискиот министер за надворешни работи Максим Превост утрово пред состанокот на НАТО во […]

Белгија го отфрли и новиот предлог на ЕК за „заемот за репарации“ за Украина како „фундаментално погрешен“


Белгискиот премиер Барт де Вевер во писмо упатено синоќа до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека планот за т.н. „заем за репарации“, кој предвидува користење на 140 милијарди евра од замрзнатите руски средства во ЕУ за исплата на финансиска поддршка на Украина е „фундаментално погрешен“, може да создаде сериозни економски и […]

Тридневен штрајк во Белгија – возовите откажани


Поради тридневниот штрајк што започна денес, јавниот превоз во Белгија е нарушен, а од синоќа, низ целата земја сообраќаат помалку возови со голем број откажани поаѓања, што ќе продолжи, како што е најавено, до крајот на денот во среда, 26 ноември, објави Белгиската национална железничка компанија (SNCB). SNCB ги советуваше патниците да се консултираат со […]

Во Белгија откриени злоупотреби на милиони евра од Фондот за здравствено осигурување  


 Белгиската полиција соопшти дека привела медицинска сестра ангажирана за домашна нега, поради сомнеж за измама на Националниот фонд за здравствено и инвалидско осигурување (ИНАМИ/РИЗИВ) за „повеќе милиони евра“.  Истрагата утврдила дека приведената сестра Стефани Сандер пријавувала фиктивни случаи на медицинска нега врз основа на кои и биле исплаќани средства од Фондот. Според истрагата, од 2017 […]

Белгија добива нова десничарска партија именувана по Доналд Трамп


Поранешниот претседател на белгискиот Национален фронт, Салваторе Никотра, основа нова екстремно десничарска франкофонска партија, чија кратенка е TRAMP, именувана по американскиот претседател Доналд Трамп, објавува Brussels Politiko. „Доналд Трамп е врвен симбол на популизмот. Тој го отелотворува она за што се залагаме“, рече Никотра, основачот на партијата TRAMP, чие име е кратенка од „Сите обединети […]

Белгија одржува итен состанок поради беспилотните летала. Сомневање за координиран „хибриден напад“


Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни беспилотни летала предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и предизвикаа сериозни безбедносни загрижености. Летовите на најпрометниот аеродром во Белгија во Брисел беа прекинати со часови во вторник вечерта, а беспилотни летала беа забележани и над неколку воени бази, што доведе до откажување на […]

Белгиски министер: Ќе ја срамниме Москва со земја доколку Брисел биде нападнат


Белгискиот министер за одбрана, Тео Франкен, тврди дека НАТО ќе ја „срамни Москва со земја“ доколку Русија некогаш го нападне Брисел. Во опширно интервју, Франкен се осврна на низа итни стратешки прашања, вклучувајќи ја војната во Украина, европската одбрана и нуклеарното одвраќање, објавува „Брисел тајмс“. Кога директно го прашале дали се плаши дека рускиот претседател […]

Белгија ќе ограничи колку електрична енергија може да се користи од центрите за вештачка интелигенција


Еден белгиски оператор на електрична мрежа посочи дека би можел да ја ограничи потрошувачката на енергија на центрите за податоци за да обезбеди снабдување на други индустриски потрошувачи. Центрите за податоци треба да бидат одвоени во посебна категорија потрошувачи со прецизно дефинирани и ограничени мрежни капацитети, предложи операторот Елија. Ова би гарантирало пристап до мрежата […]

Белгија иницира депортација на илегалните авганистански мигранти од ЕУ


Белгија иницира идеја за заеднички план на ниво на ЕУ за доброволно и присилно враќање на Авганистанците кои немаат законско право да престојуваат во Унијата или кои биле процесуирани поради криминални активности.  Како што објавија бриселските медиуми, белгиската идеја веќе добила поддршка од 19 други земји членки на ЕУ, кои испратиле заедничко писмо до Европската […]