Албанија од увозник стана извозник на електрична енергија


Наглото топење на снегот и обилните дождови значително го зголемија производството на електрична енергија во Албанија, што овозможи земјата од увозник да стане извозник на струја, јави дописникот на МИА. „Албанската електро корпорација“ (КЕШ) преку тендер во текот на месец март ќе извезе 398.000 мегават часови електрична енергија, во вредност од над 13,4 милиони евра. […]

Изградба на километар автопат во Албанија чини 12,2 милиони евра


Албанија е рангирана на второ место во Европа по трошоците за изградба на клометар автопат, јави дописникот на МИА. Според анализата на „Ворлд Хајвеј“ за цената на чинење на изградбата на автопати, прозлегува дека Австрија троши најмногу, односно 12,8 милиони евра по километар изграден пат, додека Албанија е на второ место со 12,2 милиони евра […]

Албанската полиција заплени 613 килограми кокаин вреден 180 милиони евра


Албанската полиција официјално потврди дека во пристанишниот град Драч биле запленети 613 килограми и 350 грама кокаин, кој на пазарот достигнува вредност од 180 милиони евра. – Дрогата, спакувана во 528 пакетчиња, беше во контејнери со двојно дно, натоварени со банани. Тргнала од Колумбија, минала транзит преку Италија во Малта по што со брод пристигнала […]

Солун: Запален автомобилот на албанскиот конзул


Непознати лица синоќа го запалиле блиндираниот автомобил на генералниот конзул на Албанија во Солун. Палењето се случило во два и пол часот по полноќ. Екипа на противпожарната бригада пристигнала на местото на настанот. При прегледот, полицијата открила експлозивна направа. Истрагата се уште трае. Сѐ уште нема реакција од Албанија.

Албанските аналитичари:Рама повеќе да работи, помалку да зборува


Изјавата на Еди Рама дека Косово и Албанија треба да имаат заедничка надворешна политика и претседател покрена реакции во Македонија, Србија, Грција и во Брисел Изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, во косовскиот законодавен дом дека во иднина Косово и Албанија можно е да имаат еден заеднички претседател предизвика политички земјотрес на Балканот. Со […]

Рама се правда: Изјавата за заеднички претседател на Албанија и Косово е извадена од контекст


Албанскиот премиер Еди Рама по лавината реакции и осуди околу неговата изјава за „заеднички претседател на Албанија и Косово“, се обиде да се оправда дека тоа била само негова мечта и оти е извадена од контекст. – Не дадов никаква изјава. Еден слободен говор е изваден од контекст и се претвори во политичка програма. Во […]

Еди Рама: За десет години Косово и Албанија ќе имаат ист претседател


Албанскиот премиер Еди Рама предложи еден сенационален претседател и една национална безбедносна политика. Овие два предлога тој ги даде на свечената седница на косовскиот парламент, кога зборувајќи за иднината, рече дека Косово и Албанија по десет години може да имаат еден претседател. – Косово и Албанија ќе имаат една надворешна политика, а не само амбасади. […]

Албанија: Уште едно бебе почина од морбили


Во Албанија е регистриран втор смртен случај од морбили. Станува збор за четиримесечно женско бебе,кое во Инфективната клиника во Тирана било донесено од регионалната болница во Пешкопеја со бронхопневмонија. – Ова е второ бебе кое почина како последица од добиените компликации откако заболело од морбли. Првиот случај е регистриран пред две недели кога почина осуммесечно […]

Грција бара од Албанија бришење на поимот „Чамерија“ од учебниците


Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас на седница на грчкиот парламент побара Албанија да ги „прочисти“ на учебниците од прашањето за Чамите. Коѕиас изјави дека во текот на разговорите на заедничката експертска комисија, грчката страна јасно им ставила до знаење на албанските претставници дека термините „албански територии во Грција“ и поимот „Чамерија“ за дел од […]

За седум години Албанија ја напуштиле 330.000 жители


Во изминатите седум години, од 2011 до 2017-та, од Албанија емигрирале околу 330.000 лица. Како што јави дописникот на МИА, бројот на оние кои ја напуштиле земјата е еднаков или поголем од бројот на жители на втората по бројност околија Фиер со 302.000 жители и на околијата Драч со 285.000 жители. Овие податоците денеска ги […]

ЕУ ќе и помогне на Албанија да ги заштити границите во случај на мигрантски бран


Европската унија соопшти дека е постигнат договор за безбедност на границите и за распоредување на екипи, кои ќе реагираат во случај на потенцијален прилив на мигранти. Еврокомесарот за миграции Димитрос Аврамопулос, кој е во посета на Тирана, го поздрави постигнатиот договор со Албанија, „кој што ќе служи за модел за добри договори со други партнери […]

Албанија регионален лидер во привлекување странски инвестиции


Реформите што ги спроведува Владата во полза на бизнис климата и позицијата на Албанија како важна порта кон источноевропските и балканските земји и помогнаа на земјата да привлече околу 13 отсто од странските инвестиции во регионот. Странските директни инвестиции минатата година надминаа една милијарда долари, додека приливот оваа година се очекува да биде уште поголем. […]

Албанија со закон ќе врши „чистка“ во полицијата


Албанската Влада усвои Предлог-законот, кој предвидува проверка на 13.000 полициски службеници и припадници на Националната гарда во земјата. Албанскиот заменик министер за внатрешни работи Јулијан Ходај изјави дека властите сакаат да ги согледаат професионалните и личните карактеристики на вработените, за да ги „отстранат оние кои се вмешани во криминал, корупција или не се професионалци”. Тестирањето […]

Во Албанија се отвора телевизија – партнер на Си-Ен-Ен


Албанската градежна компанија „Генер2“ постигна договор со американската телевизиска куќа Си-Ен-Ен да отвори 24-часовен информативен канал под име А2. – Со отворањето на партнерска телевизија на Си-Ен-Ен во Тирана сакаме да ја качиме информативната содржина на повисоко ниво и да ја смениме медиумската реалност во Албанија, нудејќи брз, аналитичен и кредибилен извор на информации, изјави […]

Протест во Тирана по најавата дека Албанија и подарила на Грција 12 милји во Јонско море


Во организација на граѓанскиот сектор денеска пред Владата во Тирана беше одржан протест против, како што беше наведено,последнот договор со што Албанија на Грција и отстапува 12 милји од Јонско Море. Стотици граѓани со пароли на кои пишуваше „Татковината во опасност“,„Се продава достонството на Чамите“, бараа поништување на договорот. „Овие ни го земаат имотот, го […]

Во Албанија се обновуваат православни цркви


Албанската влада и Албанската православна црква почнаа со обнова на одделни објекти од Византискиот период, кои се наоѓаат во јужниот дел на земјата. Стручни лица тврдат дека голем број стари албански православни цркви и уметнчки дела во нив се оштетени,бидејќи со децении биле оставени на забот на времето. -Голем број од црквите се наоѓаат на […]

Рама: Албанија е спремна за почеток на преговорите со ЕУ


Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека неговата земја е поблиску од било кога до исторскиот момент на започнување преговори за членство во Европската унија, благодарејќи на неговата Социјалистичка партија. – Дојдовме до таму каде што многу луѓе мислеа и пропагираа дека не можеме. Ние ги вклучивме правосудните реформи во програмата со убедување дека времето ги […]

Албанија: Кај Валона запленет 1,6 тон марихуана


Полициските службеници во приморскиот албански град Валона, во соработка со граничната полиција и италјанска поморска патрола, запленија 1,6 тон марихуана, која требало да заврши на наркопазарот во Италија. Дрогата била натоварена на голем моторен чамец, кој наркошверцерите го имале затскриено кај полуостровот Карабурн. Полицијата спроведува активности за идентификација на „сопствениците“ на чамецот и дрогата. Ова […]

Во Албанија се раѓаат повеќе машки деца поради селективни абортуси


Во студијата објавена од страна на Советот на Европа стои дека селективниот абортус базиран на полот на детето е широко практикуван во Албанија и како последица на тоа се зголемува разликата во соодносот на новородените момчињата и девојчиња. Последните статистики потврдуваат дека во оваа земја на 100 женски се раѓаат 112 машки бебиња. Светскиот стандард […]

Албанија лани ја посетиле 5,1 милион странски туристи, најмногу од Косово и Македонија


Минатата година Албанија ја посетиле рекорден број странски туристи, јави дописникот на МИА. Според албанскиот Институт за статистика, лани во земјата влегле 5,1 милиони странци, што е за 8,1 отсто повеќе во однос на претходната година. Речиси половина од нив пристигнале во Албанија за туристички цели. Иако се помалубројни од претходната година, најголем процент од […]