ЦИА: 40 отсто од земјоделците во Албанија на граница на сиромаштијата


Албанскиот бизнис сектор не може да се дефинира поинаку освен како сиромаштија, се наведува во извштајот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) за економскиот развој на Албанија за 2017 година. – Бизнис секторот во Албанија е многу сиромашен, поради тоа што над 40 отсто од вработените во секторот земјоделство живеат на граница на сиромаштија, оценува […]

Околу 500 албански полицајци си дале отказ за да не подлежат на процес на контрола


Најмалку 500 албански полицајци одбиле да подлежат на процес на контрола, која треба да утврди дали се дел од корумпирани структури или не, и ја напуштиле службата. – Недела пред истекот на рокот за предавања на формуларите што ги добија сите полицајци во земјата, самоволно работата ја напуштија 500 полициски службеници. Нашата статистика потврдува дека […]

Стејт департмент: Албанија и понатаму лидер во перење пари


Според американскиот Стејт департментот Албанија и понатаму останува земја лидер во перење пари. Во извештајот за 2017 година се наведува дека Албанија се уште е во значителен ризик од перење пари, големата корупција и слабите институции. Како главни извори на „валканите пари“ се споменуваат недозволената трговија со дрога, даночното затајување, криумчарењето и трговија со луѓе. […]

По три децении морбилите се вратија: Во Албанија заболени 600 лица


Бројот на заразени од мали сипаници или морбили, кои во Албанија се „вратија“ по три децении, продолжува да расте. Од јануари кога беше регистриран првиот случај до сега регистрирани се 600 случаи,поголемиот број деца на возраст до една година. Како последица од таа болест регистрирани се три смртни случаи, едно тринаесетгодишно девојче, четримесечно и осуммесечно […]

Рускиот патријарх Кирил: Мојата посета на Албанија ќе отвори ново поглавје во односите меѓу сите братски православни цркви


Патријархот московски и на цела Русија Кирил, заедно со поглаварот на Албанската автокефална православна црква, Анастас Јанулатос, денеска чиноначалствуваа со литургијата во соборниот храм „Воскресение Христово“  во Тирана, во сослужение на свештеници од двете цркви. И на денешната и на синоќешната богослужба соборниот храм беше преполн од верници, а видно беше и засиленото обезбедување. Високата […]

„Билд“: ЕУ ги сака Албанија и Македонија – човек да не поверува


Препораките на Европската комисија за отпочнување преговори со Македонија и Албанија е „застрашувачки наивна“, пишува германскиот весник „Билд“. Коментаторот на весникот нагласува дека идејата за ширење на ЕУ е прекумерна и произволно креирана. – Комисијата на ЕУ сака да прими две нови балкански држави, Албанија и Македонија. Едноставно човек да не поверува. Со отсуство на […]

Албанија и Косово стануваат дел од регионалната иницијатива за намалување на цените на роамингот


Албанија и Косово се приклучуваат кон регионалната иницијатива на четирите држави од Западен Баалкан  за намалување на цените на роамингот. Поконкретни информации околу намалување на цените на роамингот се очекуваат на самитот во мај во Софија. – Среќни сме што кон нашата регионална иницијатива, која почна меѓу четири држави, сега сакаат  да се приклучат и […]

ЕК препорача Албанија да ги почне преговорите за членство во ЕУ


Европска комисија денеска препорача отпочнување на преговори со Албанија, потенцирајќи дека земјата остварува „стабилен напредок“ во примената на петте клучни приоритети. – Реформите во јавната администрација се консолидирани, со цел јакнење на професионализмот и деполитизацијата, се посочува во Извештајот на ЕК. ЕК истакнува дека се спроведени дополнителни мерки за зајакнување на незавсисноста, ефикасноста и одговорноста […]

Коѕијас: Соседите да покажат сериозност и да не преговараат преку интервјуа


Лидерите на соседната земја да сфатат дека не може да се преговара преку интервјуа и јавни изјави, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас од Луксембург по Советот за надворешни работи на ЕУ. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Никос Коѕијас по состанокот со неговите колеги од Унијата, рече дека освен за ситуацијата […]

Албанија и Косово ги подржаа нападите врз Сирија предводени од САД


Албанија и Косово застанаа зад воздушнте напади врз Сирија што ги изведоа САД, Велика Британија и  Франција. Во реакцијата на претседателот на Албанија Илир Мета стои дека Албанија е на страната на западните сојузници. – Ја подржуваме воената интервенција на САД, Францја и Британија врз хемискиот арсенал на криминалниот режим на Асад. Ние сме на […]

Во Албанија запленети над 600 килограми марихуана


Во две одделни акции албанската полиција заплени 612 клограми марихуана. Во приморскиот град Каваја запленети се 562 килограма марихуана на автопатот Рогожина-Каваја. Дрогата била во комби возило натоварено на друг камион од влечна служба,како наводно да е расипано,со цел да не биде сомнително за полицијата. Уапсено е едно лице, додека по други три лица полицијата […]

(ВИДЕО) Хаос во Албанија: Рама погоден со брашно, вода и јајца


Тензинчна атмосфера во Собранието на Албанија поради апсењата на лицата кои протестираа против патарините на автопатот меѓу Косово и Албанија. Албанската опозиција на чело со Лулзим Баша со остри реакции внатре во Собранието, пратениците на Демократската партија на Албанија дури го погоди премиерот Еди Рама со брашно. Според јавувањата на медиумите од Албанија, кон Еди […]

Дејвис куп: Македонија ја совлада Албанија


Македонската тениска репрезентација оствари максимална победа од 3:0 против Албанија на турнирот во Пловдив во рамките на Дејвис купот. Стефан Мицов и Ѓорѓи Јанкуловски во двојки убедливо ги совладаа Генајд Шипеја и Елби Мештри со 2:0 во сетови (6:2, 6:2). Претходно, првите два поени за Македонија ги донесоа Горазд Србљак и Димитар Грабул. Србљак без […]

Косовските камионџии протестираа против патарина во Албанија


Косовски камонџии со 150 празни камиони пристигнаа на преминот Морина, на албанско-косовската граница кај Кукс, во знак на незадоволство поради одлуката на албанските власти од 15 април да почнат со наплата на патарина на автопатот Тирана-Кукс. На камионџиите кои носеа транспаренти упатени до албанските власти како “Ние не ги укинуваме границите, ние ги подигаме”, се […]

Тринаесетгодишно девојче трета жртва од морбили во Албанија


Тринаесетгодишно девојче од планинско село кај Фуш Арез денеска почина од морбили. Во тешка здравствена состојба,со хеликоптер на понатамошно лекување во Тирана се префрлени и нејзините брат и сестра, кои, исто така, биле заразени од морбили. Селото Берише,од каде се децата,од петокот се уште е завеано во снег. Ова е трет смртен случај во Албанија […]

Во Албанија прогласени двајца руски дипломати за непожелни


Албанија денеска прогласи двајца руски дипломати како непожелни со образложение дека нивните активности во земјата не одговараат на пријавениот дипломатски статус. Рускиот амбасадор во Албанија, Александар Карпушин денеска беше повикан во албанското Министерство за надворешни работи, при што му било најавено прогласувањето на двајцата руски дипломати за непожелни. Потегот на албанското МНР е во момент […]

Могерини: До јуни да почнат пристапните преговори на ЕУ со Албанија


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини изјави денеска дека очекува Европската комисија да даде безусловна препорака за почеток на пристапни преговори со Албанија во следните два до три месеци. Таа на седницата на Европарламентот во Брисел истакна дека Албанија постигнала напредок пред се во областа на реформите во судството и […]

Во Албанија уапсени 12 функционери поради корупција


Еден градоначалник и уште 11 функционери се уапсени во Албанија поради илегална продажба на државно земјиште во близина на морето, соопшти Обвинителството. Осомничените, меѓу кои и Фран Фрокај, градоначалник на Леж, се обвинети за злоупотреба на функцијата и фалсификување документи. Тие подготвувале лажна документација за 300.000 квадратни метри државно земјиште и планирале да го продадат […]

Во Албанија се зголемува бројот и на возрасни заразени од морбили


Во Албанија, епидемијата на мали спаници добива пошироки размери. Освен деца на возраст до една година,кои поради возраста не се вакцинирани, се зголемува бројот на возрасни погодени од овој вирус. Во Инфективната клиника во Тирана потврдуваат дека секојдневно, во просек, се јавуваат по седум случаи со симптоми на морбили,при што дел од нив се позитивни. […]

Албанија ќе забрани увоз на автомобили произведени пред 2009 година


Албанскиот министер за туризам и животна средина Бленди Клоси соопшти дека Албанија ќе забрани увоз на автомобили произведени пред 2009 година. Според него, овој чекор на Владата е со цел да се намали загаденоста на воздухот во земјата. Како што јави дописникот на МИА, гостувајќи во емисјата „Отворено студио“ на тиранската телевизија Њуз 24, Клоси […]