Во Албанија во првото тромесечие пониска просечна плата за 2 отсто


Во Албанија,  првото тромесечие од годинава  забележано е намалување на платите и во јавниот и во приватниот сектор во однос на крајот на 2023 година.  – Според државниот институт за статистика, ИНСТАТ, просечната бруто месечна плата во првиот квартал од 2024 година, изнесува 73.641 лека (736 евра) од 75 илјади (750 евра)  на крајот на […]

Бугарски турист загинал на албанските Алпи, властите апелираат на внимателност


Турист од Бугарија го загубил животот откако паднал во бездна при обид заедно со бегов сонародник да се искачат на планината Језерце (албански алпи). По добиената порака од другиот бугарски турист, кој изгубил контакт со починатиот, почнала копнена и воздушна потрага. Во операцијата бил употребен хеликоптер на вооружените сили. По неколкучасовна потрага, пронајдено е телото […]

Тензично пред и внатре во албанскиот парламент


Тензично во и надвор од албанскиот парламент, каде се одржува протест организиран од крилото на Демократската партија, на Сали Бериша и Партијата на слободата на Илир Мета, чии привзаници се судрија со полициските службеници распоредени пред зградата. Во законодавниот дом, пленарната седница почнаа со тензии откако мнозинството го одби барањето на опозицијата да се расправа […]

Македонците во Албанија го одбележаа Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј


Во организација на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, а во соработка со здруженијата на Македонците со потекло од Егејска Македонија, денеска им беше оддадена почит на семакедонските и сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, за нивното големо дело, ширењето на словенската писменост. На настанот, што се одржа во Музејот „Стерјо Спасе“ во село […]

Во Албанија минатата година запленет е имот во вредност од 41 милион евра, стекнат од криминални активности


Првиот човек на албанското Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани изјави дека минатата година запленет е имот во вредност од 41 милион евра, додавајќи дека вкупниот број на приведени на сметка на специјалното обвинителство е мал, само 8,5 отсто. -Запленет е имот вреден 41 милион евра. Ние сме обвинители, но во […]

Албанија втора во светот по баратели на азил до 18 години на 10 илјади жители


Трендот на заминување на младите до 18-годишна возраст, ја рангираше Албанија на второ место во светот по највисоко ниво на емиграција. -Последните податоци на Евростат покажуваат дека од 2013 до 2023 година, повеќе од 64.215 албански државјани помлади од 18 години, побарале азил во земјите на Европската Унија. Во апсолутна вредност, оваа бројка беше петта […]

Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините


Недостигот на работна сила во индустријата за облека и обувки, како и во туризмот ја натера албанската Влада да преземе дополнителни мерки за да гарантира непречено функционирање на овие бизниси. За да ги задоволи овие потреби, извршната власт е во завршна фаза на потпишување договор за увоз на квалификувани работници од странство. Во меѓувреме, се […]

До 2030 година Албанија со четири аеродроми


Албанската министерка за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро изјави дека до 2030 година Албанија ќе има четири аеродроми, објави Албанската радио и телевизија. На веќе постоечките аеродроми во главниот град Тирана и северниот град Кукс, аеродромите во крајбрежниот град Валона, југозападна Албанија и во јужниот град Ѓирокастро, ќе бидат додадени до 2030 година. Во […]

Албанија: Работнички протести за достоинствени плати и услови за работа


 Албанските синдикати се обединија во заеднички протест пред владата во Тирана со барање за „достоинствени плати и услови за работа“. На работниците од различни професии, рудари, просветни работници, здравствени лица, им се придружија и невработени граѓани и пензионери. Во меѓувреме премиерот Еди Рама од Елбасан каде што денеска беше во посета на компанијата за фероникел […]

ЕУ одвои 13,79 милиони евра за прекуграничен одржлив развој во Северна Македонија и Албанија


Преземајќи значаен чекор за целите за пристапување кон Европската унија, Северна Македонија и Албанија денеска заедно ја започнаа Програмата за прекугранична соработка ИПА 3 во Корча.   Како што информираат од Министерството за локална самоуправа, Програмата финансирана од ЕУ со буџет од 13,79 милиони евра, ја потенцира ангажираноста на двете земји да се усогласат со […]

Истражувањата покажаа: Морето на оваа европска плажа е несомнено најсино – многу блиску до нас


Бројни студии го покажаа позитивното влијание на близината на вода врз луѓето. Тоа нè прави посмирени, покреативни и подобри. Но, дали некогаш сте се запрашале каде се наоѓа плажата со најсина вода? CV Villas собра нефилтрирани слики од 200 плажи ширум светот од Google, потоа ги анализираше за да го прикаже нивниот RGB код за […]

Рама: Нов рекорд за туризмот, 1,7 милиони туристи ја посетија нашата земја во првите три месеци од годинава


 Во првите три месеци од годинава Албанија ја посетиле над 1,7 милиони туристи, што е рекорден број за прв квартал од годината. Ова го соопшти премиерот Еди Рама преку објава на социјалните мрежи каде вели дека е „поставен нов рекорд во туризмот на нашата земја“. – Над 1,7 милиони странски туристи не посетија во првите […]

ЕУ блокираше 148 милиони евра од ИПАРД 3 за Албанија, поради злоупотреба на претходно добиени средства


Поради злоупотреба на претходно доделени средства, Европската унија блокираше 148 милиони евра од ИПАРД 3 грантови за помош на албанското земјоделство, јави Ора њуз. Во ноември минатата година објавено беше дека експертите на Европската комисија откриле злоупотреба на 33,5 милиони евра, средства добиени од ИПАРД програмите, што е 71 отсто од злоупотребите на целиот Балкан. […]

Осум загинати во сообраќајка во Албанија, бегајќи од полицијата паднале во река


Осум лица загинаа утрово во Албанија во сообраќајна несреќа што се случи кога возило полно со мигранти се обиде да ѝ побегне на полицијата. Седум од загинатите се мигранти, а осмиот возач на возилото, по националност Албанец. Возачот изгубил контрола над возилото кај Пермет, на неколку километри од границата со Грција и истото паднало во […]

Албанските иселеници минатата година дома испратиле 930 милиони евра или 100 милиони повеќе од претходната


Минатата година албанските иселеници, на своите најблиски во татковината, им испратиле 930 милиони евра, што е за околу 100 милиони евра повеќе споредено со претходната година, објави Централна банка на Албанија. Овој износ е највисок од 2008 година, од кога Банката почна да ги објавува податоците. -Значителниот раст на дознаките кај нас започна од пандемијата […]

Минатата година Албанија со 1,5 милијарди евра директни странски инвестиции


Премиерот Еди Рама денеска изјави дека Албанија достигнала бројка од 1,5 милијарди евра директни странски инвестиции. Во својот говор на Националната конференција за образование и стручна обука, Рама рече дека, деновиве Албанија била оценета од “Стандард и Пурс” со ново ниво, за првпат, и отиде на стабилна позитивна Б+ од неколку години во ББ- и […]

Од туризмот минатата година Албанија остварила приход од над четири милијарди евра


 Податоците на Централна банка на Албанија потврдуваат дека во текот на 2023 година приходот од туризмот достигнал 4,1 милијарди евра, што е највисок износ остварен до сега, што е факт дека туризмот станува еден од најважните сектори на албанската економија, јави Ора њуз. Доколку се спореди со нивото на приходи во 2019 година, која важеше […]

Албанија ги укина визите за пет држави до крајот на годинава


 Со цел привлекување што поголем број туристи од сите делови на светот албанската Влада донесе одлука со која до крајот на годинава ги укинува визите за граѓаните на пет држави. Станува збор за државјаните на Саудиска Арабија, Бахреин, Катар, Оман и Тајланд. – Граѓаните од овие земји можат да влезат во Албанија само со патна […]

Опозициските албански демократи се погласни во барањето техничка влада за слободни избори


Генералниот секретар на побројното крило на албанската опозициска демократска партија (Обнова на ДП) и пратеник, Фламур Нока, по седницата на партискиот Национален совет, дека историската мисија на демократите е да го вратат слободниот глас на народот, кој, според него, бил попречен во изминатите 10 години од владеењето на Еди Рама. За да се надмине ова, […]

Албанија ќе гради центар за природен гас во Валона


Албанскиот премиер Еди Рама од Баку најави дека Владата е подготвена да изгради центар за природен гас во приморскиот град Валона, јавија албанските медиуми. Во објава на Фејсбук, додаваат, Рама прво наведува дека од претседателот Илхам Алиев бил поканет да се обрати на 10-тиот самит на Јужниот гасен коридор, како и заеднички да разговараат за […]