Недостигот на работна сила во Албанија го пополнуваат пензионерите


Од година во година се зголемува бројот на ангажирани пензионери во Албанија, како потреба да се покрие празнината што ја оставија младите на пазарот на трудот. – Според податоците од анкетата за работна сила на државниот Институт за статистика (ИНСТАТ), во 2023 година над 16 отсто од луѓето над 65 години, или 82.000  биле вработени. […]

Јунската инфлација во Албанија 2,1 отсто, и понатаму најниска во регионот


Албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ) објави дека за јуни инфлацијата изнесува 2,1 отсто што е на исто ниво со април а пониска за 0,1 отсто споредено со мај. Нивото на инфлација во јуни е речиси двојно пониско од пред една година кога изнесуваше 4,5 отсто. Според медиумите, споредено со земјите од регионот Албанија и понатаму […]

ЕУ ѝ додели 13 милиони евра помош на албанската Армија


Советот на ЕУ денеска донесе одлука за доделување помош на Албанија во рамките на Европскиот мировен механизам во износ од 13 милиони евра, наменети за подобрување на оперативната ефикасност на албанските Вооружени сили, пред се во делот на мобилноста и заштитата.   Како што соопшти Советот, мерката за помош, исто така, треба да ги зајакне […]

Албанската воздухопловна база Ѓадр повторно е во функција


 Воздухопловната база Ѓадр, на 50-годишнината од создавањето, повторно е ставена во функција, со полетувањето на новите хеликоптери „УХ-60 Блејк хак“ (UH-60 Black Hawk) првпат со албански пилоти. За време на свеченоста командантот на воздухопловните сили, генерал Фердинанд Димо, го истакна историското значење на базата. – Овој датум го означува создавањето на еден од најважните објекти […]

Врховниот суд на Албанија ја потврди затворската казна на Фреди Белери


Врховниот суд на Албанија во петокот ги потврди одлуките на пониските судови според кои Фреди Белери, припадник на грчкото национално малцинство, европратеник и поранешен градоначалник, е осуден на две години во затвор за купување гласови, што ги заостри односите меѓу Албанија и Грција, пренесува Бета. Како што се наведува во соопштението, судот ги потврдил и […]

Утре се отвора тунелот „Логара“ во Албанија, од Дукати до Паласа за само 7 минути


Ппатот кон југот на Албанија и некои од најпосакуваните туристички области ќе биде пократок,. откако утре ќе биде отворен тунелот „Логара“. Како што најави премиерот Еди Рама уште минатата недела, тунелот „Логара“ се очекува да биде отворен на 5 јули, а тој на социјалните мрежи објави неколку снимки од тунелот по кој поминал додека патувал […]

Централна банка на Албанија ја намали основната каматна стапка на 3 отсто


Централна банка на Албанија ја олабави монетарната политика, намалувајќи ја основната каматна стапка за 0,25 процентни поени за првпат од март 2022 година, објавија албанските медиуми. -Основната каматна стапка сега изнесува 3 отсто. Позитивните перформанси на економијата и падот на инфлацијата се главните причини за ваквата одлука. Достапните податоци сугерираат дека албанската економија продолжува да […]

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати


По низата реакции околу резултатите од пописот на населението и домаќинствата што во Албанија беше спроведен во 2023 година, реагираше директорката на Институтот за статистика, ИНСТАТ, Елса Дули, тврдејќи дека пописниот процес бил транспарентен и спроведен со професионализам.  Рече дека презема целосна одговорност за точноста на резултатите бидејќи пописот „произвел точна статистика за населението и […]

За прв пат по 200 години муслиманите не се мнозинство во Албанија


Институтот за статистика на Албанија (ИНСТАТ) ги презентира главните податоци од Пописот на населението и домаќинствата 2023 година во Албанија, каде што може да се види дека постојаното население во земјата е околу 2,4 милиони жители, со намалување за 420 илјади луѓе во споредба со пописот 2011 година, пишува Слободна Босна. На конференцијата организирана во […]

ИНСТАТ ја коригираше грешката, на прегледот за пописните резултати напиша Македонци


Албанскиот институт за статистика, ИНСТАТ, во прегледот за пописните резултати, го коригираше името за етничката припадност на припадниците на македонското национално малцинство, па наместо, како претходно името на државата – Северна Македонија, на албански и Северномакедонци, на англиски, сега стои Македонци. Тоа доаѓа по реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи, средбата на министерот Тимчо […]

МНР: Пописот во Албанија не ја отсликува реалната бројка на етнички Македонци во земјата


Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија соопшти дека со сериозна загриженост ги нотира објавените прелиминарни резултати од Пописот одржан во Република Албанија во 2023 година и остро реагира на употребата на терминот „северномакедонци“ и употреба на име на земја како супститут за етничка заедница. -Техничките нерегуларности во начинот на реализација на истиот, на […]

Се исплати бугарската пропаганда и давањето пасоши во Албанија, за прв пат се попишале повеќе Бугари отколку Македонци


Катастрофа за македонското население во Албанија откако беа објавени резултатите од пописот. Целата пропаганда што ја спроведе Бугарија како и делењето на пасоши резултира за прв пат во историјата на Албанија да има речиси тројно повеќе Бугари отколку Македонци. Според резултатот од пописот 7957 се попишани како Бугари додека само 2281 се попишале како Македонци. […]

Албанија: Бескаматни станбени кредити за вработени во повеќе сектори


Албанската влада одлучи да обезбеди бескаматни станбени кредити за вработени во повеќе министерства, со цел да им го олесни решавањето на станбеното прашање. Прв информацијата на социјалните мрежи ја објави министерот за одбрана Нико Пелеши наведувајќи дека од неговото министерство „станбени кредити со камата од 0% ќе имаат 90 припадници на армијата“. „Ова е важна […]

ЕУ откри измама со ИПАРД фондовите во Албанија, ќе блокира 112 милиони евра од ИПАРД 3


Средства во износ од 33 милиони евра обезбедени од Европската унија како помош за албанското земјоделство биле злоупотребени.  – Бројката ја откри Канцеларијата за борба против измами на Европската унија, ОЛАФ, која исто така препорача блокирање на следниот пакет од 112 милиони евра додека не се преземат мерки за гарантирање на заштитата на финансиските интереси […]

Во периодот 2014/24 Албанија ја напуштиле најмалку пола милион граѓани


Во последната деценија, односно во периодот од 2014 до 2024 година, само преку легална емиграција, од Албанија заминале над 478 илјади граѓани. Но, реалниот број на оние кои ја напуштиле земјата е многу повисок, ако се земе предвид илегалната имиграција, објави весникот „Тема“. Најпосакувана дестинација и понатаму е Германија, по што следуваат Франција, Италија и […]

Прва жртва од високите температури во Албанија


Во Албанија регистрирана е првата жртва од високите температури, кои во одделни места достигнува до 40 степени. Според медиумите станува збор за 80-годишен старец кој вчера попладне бил пронајден без знаци на живот кај магистралниот пат Росковец-Берат. Во меѓувреме во земјата расте бројот на пожари. Моментно пожар од поголеми размери има над селото Машкулоре, кај […]

Тунелот Логара, еден од најголемите проекти во Албанија, ќе биде пуштен за сообраќај на 5 јули


Еден од најголемите јавни проекти во Албанија – Тунелот Логара во југозападниот дел од државата – што ги поврзува приморските градови Валона и Саранда, ќе биде пуштен за сообраќај на 5 јули. Логара се наоѓа на околу 20 километри јужно од Валона и инвестицијата во него е вредна 142 милиони евра, и според албански медиуми […]

УЕФА ќе ја казни Албанија поради политички пораки


УЕФА објави дека ќе ја казни Фудбалската федерација на Албанија. Причината е што навивачите на „орлите“ користеа пиротехнички средства за време на пресметката со Италија во групната фаза на ЕП 2024. Покрај тоа, албанските навивачи кренаа плакати со политички пораки кои ги дискриминираа другите етнички групи, но главно Србите. -Фудбалскиот празник не треба да се […]

ЕВРО2024: Италија прими најбрз гол на ЕП, па со пресврт ја совлада Албанија


Актуелниот европски првак Италија со победа ја почна одбраната на титулата, совладувајќи ја вечерва во Дортмунд репрезентацијата на Албанија со 2-1 во рамки на првото коло во групата Б на ЕВРО2024. Натпреварот почна шокантно за Италија која по само 23 секунди се најде во резултатска негатива, откако Бајрами искористи кардинална грешка во противничката одбрана и […]

Фудбалот ја парализира Албанија – сите одат во Германија


Парламентот во Албанија нема да заседава поради фудбал. Европското првенство ја парализираше Албанија“, објави шпански „АС“ во анализа на актуелната политичка ситуација во таа земја. Како што објави гореспоменатиот портал, албанскиот парламент нема да заседава во наредните десет дена бидејќи целата делегација ќе отпатува за Германија. Албанија ќе игра во Дортмунд, Хамбург и Дизелдорф против […]