Прозападен, но популист: Како Никол Пашинјан ја задржа власта во Ерменија


  За повеќето кандидати, кампањата за губење на татковината на предците и залагањето за помирување со долгогодишниот непријател би значело политичко самоубиство. Не во Ерменија.Во неделата, премиерот, Никол Пашинјан, обезбеди реизбор во кавкаската нација со 3 милиони жители, и покрај тоа што ја водеше Ерменија низ катастрофалниот воен пораз со Азербејџан пред само три години. […]

Силиконската Долина ги прегрна политиките на МАГА


  Компаниите од Силиконската долина, вклучувајќи ја и „Мета“, одлучија да ја прифатат политиката на МАГА, некои од „прилично повеќе себични“ причини, рече поранешниот вицепремиер на Велика Британија, Ник Клег. Клег, кој помина речиси седум години во „Мета“ како раководител на глобални прашања, изјави за поскастот „Остатокот е пари“ дека чувствувал како „многу добро време […]

Сојузниците на Орбан извлекле над 3,5 милијарди евра преку тендери


БРИСЕЛ — Високите функционери во владата на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан треба да бидат испитани за милијарди евра исчезнати средства од ЕУ, изјави за ПОЛИТИКО органот за контрола на корупцијата во земјата. Повикот за враќање на исчезнатите пари доаѓа во време кога наследникот на Орбан, Петер Маѓар, се обидува да го убеди Брисел дека […]

„Журнал“: Кушнер се повлекува од Сазан, ресортот ќе го гради на Миконос?


Според сигурни извори на весникот „Журнал“ (Journal) компанијата на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, планира целосно да се повлече од својата инвестиција на островот Сазан. „Извори блиски до проектот потврдија дека е донесена одлука за повлекување и дека средствата ќе бидат пренасочени кон друга луксузна туристичка дестинација, грчкиот остров Миконос. Грчките власти […]

Сирски: Украина од почетокот на годината врати повеќе од 600 квадратни километри територија


Вооружените сили на Украина од почетокот на годинава вратија под своја контрола повеќе од 600 квадратни километри територија, соопшти денеска главниот командант на украинската армија, Олександр Сирски. Во објава на Телеграм, Сирски наведе дека само во текот на минатиот месец Украина вратила 100 квадратни километри повеќе територија отколку што изгубила. Тој не прецизираше на кои […]

Трамп подготвува нова глобална трговска војна иако ја изгуби претходната


Доналд Трамп се подготвува за нова војна – втора трговска битка со светот. Првата не ги донесе очекуваните резултати, но тоа не го спречува, и покрај многуте знаци дека декларираните цели на нападите врз сојузниците и соперниците нема да бидат постигнати, а товарот на трошоците речиси целосно го сносат американските граѓани и бизниси. Трамп ја […]

Јапонска градоначалничка пишува историја – оди на породилно отсуство


  Шоко Кавата (35), градоначалничката на градот Јавата во префектурата Кјото, објави дека ќе земе породилно отсуство за раѓањето на своето дете, ставајќи ја во центарот на националната дебата и истакнувајќи голем недостаток во традиционално патријархалните политички и работни системи на Јапонија, пишува Cи-Ен-Ен. Кавата, која беше избрана во 2023 година, треба да се породи […]

НАТО собори дрон што навлезе во воздушниот простор на Летонија


Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало откако навлезе во воздушниот простор на Летонија, соопшти денеска летонската армија. Според воените власти, станува збор за странско летало кое завршило во летонскиот воздушен простор како последица на „руско електромагнетно војување“. Во првичните информации не се наведени дополнителни детали за потеклото или за типот на леталото. Претходно, жителите […]

Маж со нож избоде шест лица на железничката станица во Њујорк


Шест лица се повредени во напад со ладно оружје на железничката станица „Пен“ во Њујорк, соопштија денеска локалните власти. Градската противпожарна служба потврди дека вчера вечерта околу 19 часот добила дојава, дека непознато лице нападнало повеќе лица на главната меѓуградска железничка станица во центарот на градот. „Едно лице се здобило со тешки повреди, додека останатите […]

Израелската армија најави продолжување на операциите на целата територија на Либан


Израелската армија ќе продолжи со операциите на територијата на „целиот Либан“ и ќе го засили притисокот врз либанската исламистичка група „Хезболах“, изјави армиски портпарол портпарол. „Ги погодивме (јужните предградија на Бејрут) како одговор на континуираното гранатирање на ‘Хезболах’ врз градовите во северен Израел“, изјави генерал Ефи Дефрин. Тој додаде дека израелските сили „ќе продолжат со […]

Проевропската партија на премиерот Пашинјан победи во Ерменија. Следува пресметка со олигархијата


Ерменскиот премиер, Никол Пашинјан, изјави дека „олигархискиот систем мора целосно да биде искоренет од Ерменија“, откако ја прогласи победата на парламентарните избори и најави формирање еднопартиска влада. На првата прес-конференција по изборите, Пашинјан рече дека неговата партија Граѓански договор обезбедила доволно поддршка за самостојно формирање влада. „Оддржавме уште едни парламентарни избори во Ерменија, на кои […]

Зеленски потврди: Абрамович беше во Киев со намера да пренесе порака до Путин


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во Киев се сретнал со рускиот олигарх Роман Абрамович, кој му предложил да ја пренесе неговата порака за мировни преговори до Кремљ. Притоа, шефот на државата нагласил дека неговата влада нема да се откаже од Донбас. Зеленски ова го изјави синоќа во Лондон за британската телевизија Скај њуз. […]

„Европската тројка“ ја поддржа идејата за преговори меѓу Киев и Москва


Лидерите на Франција, Германија и на Обединетото Кралство познати како „Европска тројка“, ја поддржаа идејата на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, за „непосреден дијалог“ меѓу Украина и Русија со „активно учество на САД и Европа“, пренесуваат светските агенции. Во заедничка изјава дадена во Лондон, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир […]

Трамп: Нетанјаху нема друг избор освен да го прифати договорот со Иран


Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, нема друг избор освен да го прифати договорот што САД ќе го постигнат со Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во синоќа објавеното интервју за „Фајненшл тајмс“. „Тој нема никаков избор“, нагласи Трамп. Претходно, американскиот претседател телефонски разговарал со Нетанјаху, објавија израелските медиуми. Американскиот политички портал „Аксиос“ објави дека Трамп пред […]

Експлозии во Техеран, Израел одговори на нападите


Израел и Иран повторно разменија напади со ракети, што е најсериозната ескалација од априлското примирје. Израел тврди дека погодил воени цели во западен и централен Иран откако пресретнал ирански ракети, додека Иран вели дека се одмаздува на израелските напади врз Бејрут. Американскиот претседател Доналд Трамп, според извори, го замолил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веднаш да […]

Силен земјотрес од 7,8 степени ги погоди Филипините. Има мртви, издадено е предупредување за цунами


Филипинската полиција соопшти дека најмалку три лица се мртви, а четворица се повредени откако земјотрес со магнитуда од 7,8 степени го погоди еден од јужните острови на земјата. Според Ројтерс, нема непосредни детали за пријавените жртви, но досега објавените снимки покажуваат голема материјална штета и урнати згради. Предупредувања за цунами беа издадени откако земјотресот го […]

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си


Претседателот на САД, Доналд Трамп го прекина интервјуто за емисијата „Мит д прес“ на водителката Кристен Велкер. Трамп го напушти студиото на Ен-би-си по жестоката размена на мислења со Велкер за наводно наместени избори во 2020 година и наводни неправилности при броењето на гласовите во Калифорнија. Трамп тврдеше дека изборите во 2020 година биле наместени, […]

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија повторно ја гаѓала нуклеарната централа Чернобил, при што во еден дел избил пожар, што набрзо е изгаснат. Зеленски на платформата Икс објави дека еден дрон ја погодил зградата на централното складиште за искористено гориво. – Екстремно критична инфраструктура и екстремно зол руски напад, наведе Зеленски, додавајќи […]

Германец загина по скок во костим со крилја, втор смртен случај за два дена


Германец кој летал во костим со крилја загина во несреќа во Швајцарските Алпи, паѓајќи кратко по полетувањето, изјави портпаролот на полицијата за ДПА. 47-годишниот маж од Бранденбург скокнал со друг Германец околу 17 часот по локално време во петокот во близина на швајцарското планинско село Ветис на надморска височина од околу 2.080 метри. Тој бил […]

Куба почна да им дели пушки на цивилите


Куба почна да дели оружје на своите граѓани бидејќи властите стравуваат од американска воена инвазија. Тамошната влада го повикува населението итно да се подготви за можен напад од страна на Соединетите Американски Држави, пишува венецуелскиот весник Version Final. „Поради распоредувањето на американските воени сили во близина на островот, владата во Хавана почна да дели оружје […]