Новиот пакет санкции на ЕУ силно ќе ги погоди руските банки


  Европската унија во вторникот претстави нов пакет предложени санкции против Русија, насочени кон банкарскиот, енергетскиот и трговскиот сектор на земјата, во обид да ја ослабне нејзината економија. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека економијата на Русија „нагло забавува“ додека го презентираше 21-от пакет санкции на блокот, седум недели откако претседателот […]

Повеќе од 100 лица починаа од ебола во Конго


Повеќе од 100 лица починаа од ебола во источниот дел на Демократска Република Конго (ДРК) од прогласувањето на епидемијата на 15 мај, објавија денеска тамошните власти, пренесуваат американските медиуми. Според најновиот извештај, потврдени се 550 случаи на болеста, од кои 101 лице починало, а 19 се излекувале. Епидемијата најмногу ја погодила покраината Итури, каде што […]

Киев ја отстрани статуата на Михаил Булгаков, неговиот најпознат писател


  Статуата на Михаил Булгаков во Киев, која стоеше веднаш до музејот во родното место на најпознатиот писател во градот, е урната, објави независниот руски медиум „Медуза“. Властите во декември минатата година одлучија дека Киев нема потреба од статуата на Булгаков, која беше подигната во 2007 година. Уривањето на статуата беше извршено во духот на […]

Кина смести огромен дата центар во морето за поголемо ладење


  Првиот подводен дата центар кој добива струја од ветер во светот започна со работа покрај брегот на Шангај, додека Кина напредува со решенија за енергетските предизвици создадени од бумот на вештачката интелигенција во земјата. Демонстративниот проект за подводен центар за податоци во Шангај Линганг, кој започна во мај, има капацитет од 24 мегавати. Тоа […]

Во последните три месеци, Трамп најмалку 37 пати тврдеше дека договорот со Иран е блиску – од него ни трага


Анализата на CNN наведува дека од крајот на март до средината на јуни, Доналд Трамп најмалку 37 пати тврдел дека договорот со Иран е на дофат, иако договорот не бил финализиран. На 7 април, Трамп тврдеше на социјалните мрежи дека двете страни „поминале долг пат“ и дека им требаат уште две недели за да го […]

Трамп 37 пати најави договор со Иран, но такво нешто уште не се случи


  Американскиот претседател Доналд Трамп најмалку 37 пати од крајот на март изјави дека договорот со Иран е неизбежен или дека Техеран очајно сака договор. И покрај повторените најави дека решението е само неколку дена или недели оддалечено, договорот сè уште не е материјализиран. Сепак, Трамп повторно предвиде „тотална победа“ во следните две недели синоќа, […]

Американски научници: Поради iPhone жените раѓаат помалку деца


Во многу земји, бројот на деца по жена се намалува, и додека истражувачите сè уште се обидуваат да ги утврдат причините за овој пад, две неодамнешни американски студии го посочуваат прстот кон истиот можен виновник: паметните телефони. Сопствениците на паметни телефони имаат помалку социјални интеракции и затоа помалку сексуални врски во реалниот живот, сугерираат истражувачите. Стапката […]

Франција и Германија се откажаа од заеднички борбен авион вреден 100 милијарди евра


Франција и Германија се откажаа од заеднички проект за изградба на европски борбен авион откако вклучените компании не успеаја да се договорат за патот напред, нанесувајќи голем удар на напорите на Европа за заедничка одбрана. Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц „достигнаа заедничка проценка дека компаниите нема да можат да се договорат“, […]

Унгарските пратеници се откажаа од 40 проценти од нивните плати


Унгарските пратеници се согласија со 40-процентно намалување на нивните плати, со цел да се намали притисокот врз јавните финансии и да се покаже политичка одговорност. Одлуката беше донесена со акламација, односно за неа гласаа сите 189 присутни пратеници на седницата на Парламентот. Од следниот месец основната бруто плата на унгарските народни избраници ќе изнесува 3.690 […]

Секоја секунда се трошат над 3.700 долари за нуклеарно оружје


Деветте нуклеарни сили во светот во 2025 година ги зголемија трошоците за своите арсенали за 19 проценти, се наведува во извештајот на Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (International Campaign to Abolish Nuclear Weapons). Според ИКАН, минатата година вкупните трошоци за нуклеарно оружје изнесуваат 119 милијарди долари, што е еквивалентно на 3.768 долари во […]

Главниот обвинител на МКС, Кан привремено суспендиран од должноста поради обвинувања за сексуално вознемирување


Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан синоќа е привремено суспендиран од должноста поради обвинувања за сексуално вознемирување. Конечната одлука за неговото евентуално отстранување ќе биде донесена на посебна седница на земјите-членки на МКС. Одлуката за привремена суспензија на Кан, како што соопшти МКС, е заснована на „извештајот од истрагата спроведена од Службата […]

Полицијата интервенирала против учесници на демонстрациите во Брисел


Младинските протести во Брисел вчера прераснаа во судири со полицијата, која употреби солзавец и водени топови против демонстрантите, пренесе ДПА. Полицијата интервенирала откако дел од демонстрантите почнале да оштетуваат корпи за отпадоци и електрични тротинети, како и да фрлаат камења и пиротехнички средства, јави репортер на агенцијата. Протестот е организиран како реакција на полициското насилство […]

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка


Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не започнува нова војна со Иран, нагласувајќи дека во таков случај Израел би можел да остане без американска поддршка. Во интервју за американскиот политички портал „Аксиос“ Трамп вели дека на Нетанјаху му порачал да биде внимателен. „Му реков: ‘Биби, подобро внимавај, инаку […]

Силен земјотрес регистриран во Куба


Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во северозападниот брег на Куба. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил почувствуван и во Мексико и во и американската сојузна држава Флорида. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

И Израел и Иран се заканија со нови пожестоки напади ако не се почитува примирјето


 И покрај тоа што Израел и Иран соопштија дека ги суспендираат нападите на барање на американскиот претседател Доналд Трамп, двете страни се заканија со пожестоки напади во случај да не се почитува најновото примирје. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац најави дека армијата ќе продолжи да дејствува во Либан ако Хезболах го нападне Израел. – […]

Бродовите плаќаат од 1,5 до два милиона долари за минување низ Ормуз


 Бродовите моментално плаќаат просечно од 1,5 до два милиона долари такса за да минуваат низ Ормуската Теснина, изјави членот на Комитетот за планирање и буџет на иранскиот парламент, Мохсен Занганех, пренесе  иранската агенција Фарс. Потпретседателот на иранскиот парламент, Али Никзад, во мај објави нацрт-план во 12 точки за управување со Ормуската Теснина, потсетува Фарс. Исто […]

Војната на Блискиот Исток ја чини ЕУ 47 милијарди евра


  Војната на Блискиот Исток ги зголеми трошоците за увоз на енергија во Европската унија за 47 милијарди евра во изминатите 100 дена, изјави денес портпаролката на Комисијата, Ева Хрничорова. „Нашата сметка за увоз на фосилни горива се зголеми за повеќе од 47 милијарди евра во изминатите 100 дена. Тоа е цената што ја плаќаме […]

(Видео) Полска заплени околу еден тон хероин вреден 52 милиони евра, бил криен во декоративни тули


Полска заплени речиси еден тон хероин вреден 52 милиони евра, што е најголемата заплена на дрога во последните години, објавија властите. Британските медиуми пишуваат дека припадници на полската полиција пронајдоа големо количество наркотици во контејнери што пристигнаа од Обединетите Арапски Емирати во балтичкото пристаниште Гдиња, а властите информации за пратката добиле од британската даночна администрација. […]

Украина врати над 600 квадратни километри територија од почетокот на годината


  Вооружените сили на Украина (АСУ) вратија над 600 квадратни километри од почетокот на оваа година, изјави нивниот врховен командант Олександр Сирски, цитиран од Ројтерс. Тој напиша на Телеграм дека само минатиот месец Украина вратила 100 квадратни километри повеќе територија отколку што изгубила. Сирски не прецизираше каде се постигнати овие успеси, ограничувајќи се на тоа […]

Трамп побара од Иран и Израел „веднаш“ да престанат да се гаѓаат


  Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник побара и од Иран и од Израел „веднаш“ да ги прекинат воените напади еден врз друг. „Израел и Иран мора веднаш да престанат со ‘пукање’“, напиша Трамп на Truth Social. Во втор пост, тој додаде дека двете земји „бараат веднаш да склучат ПРЕКИН НА ОГНОТ“ и дека мировните […]