Норвешката принцеза Мете-Марит е ставена на листа за трансплантација на бели дробови


Норвешката престолонаследничка принцеза Мете-Марит е ставена на листа за трансплантација на бели дробови, соопшти Кралскиот двор на Норвешка. Одлуката е донесена по детални медицински прегледи, поради сериозно влошување на нејзината хронична белодробна болест. Мете-Марит, која има 52 години, во 2018 година беше дијагностицирана со белодробна фиброза, прогресивна и тешка болест што предизвикува оштетување и лузни […]

Пукање на фестивал во САД, најмалку 12 ранети


Најмалку 12 лица се повредени во пукање на фестивалот Олд Вест Енд во Толедо, Охајо. Инцидентот се случил синоќа, околу 23 часот по локално време, кога полицијата им помагала на посетителите да се разотидат по завршувањето на настанот. Според полицискиот извештај, десет лица се здобиле со прострелни рани, а уште две се повредени додека бегале […]

Мнозинството Британци не сакаат укинување на правилата за Брегзит


 Мнозинство британски граѓани не сакаат да ги поништат правилата за Брегзит, покажува новото истражување спроведено од организацијата „Britain Unbound“ во соработка со YouGov. Според тоа истражување, околу 60 отсто од испитаниците изјавиле дека не би биле подготвени да се откажат од дел од законодавниот суверенитет заради поблиска економска соработка со ЕУ. Околу 27 отсто од […]

Лидерите на Украина, Франција и Германија доаѓаат во Лондон на разговори


Британскиот премиер Кир Стармер ќе одржи денеска средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц на Даунинг стрит 10 за да разговараат за континуирана поддршка за Украина, јави ДПА. Средбата доаѓа два дена откако рускиот претседател Владимир Путин ја отфрли во петокот понудата на Зеленски за разговори за […]

Парламентарни избори во Ерменија


Граѓаните на Ерменија денеска гласаат на избори за нов состав на парламентот, а гласањето се смета за важен тест за поддршката на премиерот, Никол Пашињан, и неговата политика на зближување со Западот и нормализација на односите со Азербејџан по конфликтот околу Нагорно-Карабах. Според предизборните анкети, владејачката партија на Пашињан „Граѓански договор“ води со поддршка од […]

Израел нападнал околу 150 позиции на Хезболах во јужен Либан за 48 часа


Израелската армија вечерва соопшти дека нападнала околу 150 позиции на либанското исламистичко движење Хезболах во јужен Либан во изминатите 48 часа. Целите вклучувале „складишта за оружје, штабови, ракетни лансери или проектили“, се вели во соопштението на израелската армија. Либанскиот претседател Жозеф Аун ги осуди „непрестајните израелски напади кои остануваат неказнети“ и покрај наводно воспоставениот прекин […]

Пит Хегсет: Европа е под инвазија на опасни идеологии од имигрантите


Европа се соочува со „инвазија“ на опасни идеологии што ги носи имиграцијата – изјави денеска во Франција министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, по повод годишнината од „Денот Д“, истоварувањето на сојузничките трупи во Нормандија во 1944 година, што го забрза поразот на нацистичка Германија и крајот на Втората светска војна во Европа. Тој […]

Ајкула усмрти маж во Австралија


Триесет и пет годишен нуркач загина во уште еден смртоносен напад на ајкула во западна Австралија. Човекот, чиј идентитет не се соопштува, денеска со своето семејство беше на подводен риболов во близина на островот Мајклмас, југоисточно од Перт, кога го нападна ајкула за која се верува дека е долга 4,5 метри, пишува Би-би-си. Нападот се […]

Папата Лав во Шпанија: Светот повикува на мир


Папат Лав, во моќниот говор со кој започна еднонеделната посета на Шпанија во саботата, ги повика светските лидери да избегнуваат делење на гласачите со „стерилни поедноставувања“ за да добијат популарност и ги повика да ги слушаат светските повици за мир. Лав, кој неодамна го налути американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи ги неговите антиимиграциски политики и […]

Во Кремљ средба Путин – Шредер


Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со поранешниот германски канцелар Герхард Шредер. Ова за руски медиуми го изјави Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател. „Да, се сретнаа, тоа беше добар разговор“, рече тој. На прашањето дали разговарале за можните перспективи за преговори меѓу Русија и Европската Унија, тој одговори дека не знае бидејќи разговорот бил […]

Досега потврдени речиси 500 случаи на ебола во Централна Африка


Речиси 500 случаи на инфекција со вирусот ебола досега се потврдени во Централна Африка, додека расте загриженоста за потенцијалните размери на епидемијата на хеморагична треска, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Во дневниот извештај, СЗО евидентираше 452 потврдени случаи, вклучувајќи 82 смртни случаи во Демократска Република Конго, каде што епидемијата беше прогласена пред три недели. […]

Унгарија ги ограничува дозволите за вработување работници од земји надвор од ЕУ


Унгарскиот премиер Петер Маѓар го ограничи приливот на работници од надвор од Европската Унија со владин декрет објавен денеска во Државниот весник. Маѓар ја презеде функцијата на 9 мај откако неговата центристичка партија убедливо победина парламентарните избори во април. Унгарија вработува околу 90.000 работници од надвор од ЕУ, што претставува околу 2 проценти од работната […]

Израелската армија уби седуммесечно бебе во Западен Брег


Седуммесечно бебе загина, а неговите родители се повредени откако израелската армија синоќа отворила оган врз нивното возило на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство. Израелските војници отвориле оган јужно од градот Хеброн, тврдејќи дека возилото со зголемена брзина се движело кон нив. Семејството патувало од Витлеем до Хеброн. Израелската армија соопшти дека започнала […]

Нов Зеланд купува американски хеликоптери „Сихок“


Американскиот Стејт департмент одобрија продажба на поморски хеликоптери „Сихок“ на Нов Зеланд во вредност од 1,5 милијарди долари. – Предложената продажба ќе ја зголеми способноста на Нов Зеланд да одговори на сегашните и идните закани и да обезбеди поголема заштита на критичната инфраструктура, се наведува во соопштението на Стејт департментот. Нов Зеланд, сојузник на Австралија […]

Во Висконсин, Трамп вети брз крај на војната со Иран и пад на цените на горивата


Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера вети дека брзо ќе ја заврши војната со Иран и ќе отстрани една од причините за високите цени, за време на предизборниот митинг во руралниот централен Висконсин, додека се обидува да им помогне на републиканците да ја задржат контролата врз Конгресот на среднорочните избори. Посетата на Чипева Фолс ја […]

Путин до Зеленски: Нема мировни преговори – и не ме нарекувајте стар


  Владимир Путин го отфрли повикот на Володимир Зеленски да се сретне со него на разговори, критикувајќи ги манирите на украинскиот претседател. „Погледнав во [едно писмо]. Авторот на ова писмо ги споменува моите години. Некои од [светските лидери] се постари од мене. Најважно е дали можете правилно да си ја работите работата“, рече рускиот лидер […]

Петмина азербејџански морнари загинаа во напад врз два товарни брода во Азовското Море


Петмина азербејџански државјани загинаа, а тројца се повредени во напад врз два товарни брода во Азовското Море, соопшти Министерството за надворешни работи на Азербејџан. Одговарајќи на прашање за пловните објекти погодени во Таганрошкиот Залив, Министерството наведе дека екипажите биле составени од вкупно 25 азербејџански државјани, но дека бродовите не биле во сопственост на Азербејџан. Претходно […]

Астронаутите се подготвуваат за итна евакуација: Протекува воздух од Меѓународната вселенска станица


На астронаутите на Меѓународната вселенска станица им е наредено да се подготват за можна евакуација поради протекување на воздух, објави НАСА. Протекувањето се случува на рускиот дел од станицата, додаде НАСА. На екипажот, кој се состои од двајца американски астронаути, еден француски астронаут и еден руски космонаут, им е кажано засега да се засолнат во […]

Спие или не спие: Остра дебата во САД по уште една „дремка“ на Трамп во Белата куќа


  Вирално видео кое се чини дека го прикажува Доналд Трамп како седи со затворени очи и дреме, предизвика жесток одговор од Белата куќа на социјалните мрежи, објавува „Дејли бист“. За време на настанот во Овалната соба за промоција на јаглен, видеата на 79-годишниот претседател кои се чини дека дреме станаа вирални на социјалните мрежи. […]

Европските компании масовно ја напуштаат Куба поради новите американски санкции


Голем дел од компаниите со седиште во Европската Унија кои имаат деловни активности на Куба забрзано си заминуваат од оваа карипска држава поради новите, поостри санкции од САД што стапија во сила денеска, пренесува бриселскиот портал „Политико“. Според медиумот, европските фирми кои ќе одлучат да останат на островот се соочуваат со висок ризик од замрзнување […]