Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владко Грозданов, е нов градоначалник на Кочани


Општина Кочани го доби нов градоначалник по вториот круг од локалните избори штп се одржаа денеска. Станува збор за Владко Грозданов, кој беше кандидат на  коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој обезбеди убедлива победа. По обработени 100 отсто од гласачките места, Грозданов освои 52,71 отсто од гласовите, или 7.368 гласови, додека неговиот противкандидат, Венко […]

Во Зрновци 11 гласа ја одлучија победата на кандидатот на СДСМ


  Најдобар доказ дека на избори секој глас е важен е општината Зрновци каде вечерва за само 11 гласа разлика победи Ванчо Митев. Зрновци покрај Центар е општината која ја добија со сигурност опозиционерите.    Митев, кој е кандидат на СДСМ, од обработени 100 проценти од гласовите, освои 690 гласа наспроти неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ […]

Менди Ќура прогласи победа во Струга


Кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура, поддржан од „Вреди“, прогласи победа во вториот круг на локалните избори, и вети дека ќе биде градоначалник на сите граѓани. Во обраќањето вечерва пред неговите поддржувачи, тој рече дека има предност пред против кандидатот, Арсим Далипи од Националната алијанса за интеграција со околу 500 гласови, што според него […]

Орце прогласи победа и помина под Триумфалната капија (Видео)


Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, прогласи победа во изборот за градоначалник на Скопје.Се очекува голема разлика во однос на гласовите на противкандидатот од Левица, Амар Мециновиќ. Со скандирања „Орце, Орце“ и „ВМРО-ДПМНЕ“, Ѓорѓиевски, симболично помина под Триумфалната порта и беше пречекан со факели од неговите симпатизери, по што се упати кон […]

Венко Филипче: Освоивме три општини, се соочивме со неверојатни притисоци (Видео)


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва им честиташе на граѓаните и на новоизбраните градоначалници, со порака дека партијата „има победа во Центар, Македонска Каменица и Зрновци“ и дека очекува уште неколку општини да им се приклучат по целосната обработка. „Им честитам на сите градоначалници кои добија мандати“, рече Филипче, најавувајќи дека „следуваат промени во нашите […]

Максим Димитриевски по трет пат е градоначалник на Куманово


  Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, по трет пат е градоначалник на Кумово. Со пребројани најголем дел од гласовите тој има недостижна предност.  Излезноста во вториот круг во Куманово беше многу мала, околу 34 отсто. Од тие гласови Димитриевски добил 16.000 гласови, додека неговиот противкандидат Горан Стојковски околу 15.000 гласови. Во обраќањето пред поддржувачите Димитриевски […]

Муцунски: Во Кичево победи Јовановски


Во Кичево победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Јовановски, изјави вечерва потпретседталто на партијата Тимчо Муцунски. Инаку, вечерва во Кичево е раздвижено, по затворањето на гласачките места на кои се гласаше за градоначалник, а на кои противкандидати беа досегашниот градоначалник Фатмир Дехари, кандидат на Националната алијанса за интеграција, НАИ, и Александар Јовановски, кандидат на коалицијата […]

Во Могила, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Драганчо Саботковски, прогласи победа


Во Могила, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Драганчо Саботковски, прогласи победа во вториот круг на локалните избори за градоначалник на општината. !Во Могила победи ВМРО-ДПМНЕ, победи вербата, упорноста и љубовта кон нашата општина“, објави Саботковски на Фејсбук. „Продолжуваме со уште поголема енергија и една цел — да ја направиме Могила поубава, поразвиена и подобра за живеење“, објави […]

СДСМ ќе го порази ЗНАМ: Герасимовски пред Лабудовиќ во Центар


Кандидатот за градоначалник во Центар од страна на СДСМ, Горан Герасимовски, води пред заедничкиот кандидат на ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ , Мирослав Лабудовиќ.  Според податоците што ги објави ДИК од пребројани 37 отсто гласови води со 6.500 гласови пред Лабудовиќ, кој засега има 4.400 гласови. Ако остане овој тренд Герасимовски ќе победи со над 51 отсто […]

Првични неофицијални резултати: Ѓорѓиевски води двојно пред Мециновиќ


Првите неофицијални резултати покажуваат дека кандидатот за градоначалник за Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води пред кандидатот на Левица, Емир Мециновиќ. Според овие првични бројки од досега пребројаните 54 отсто од гласовите Ѓорѓиевски освоил 44.991 гласови, додека Мециновиќ – 22.082 гласови, практично двојно помалку.  ВМРО-ДПМНЕ е убедено дека ќе оствари голема победа во вториот изборен круг, а […]

ДУИ со поплаки дека се купувале гласови


Во име на ДУИ, пратеникот Арбер Адеми се заблагодари на сите граѓани и припадници на дијаспората кои гласаа на локалните избори, нагласувајќи дека процесот бил повеќе од обична локална трка – тој бил, како што рече, „тест на политичкиот и моралниот карактер на државата“. „Успешно се соочивме со нечесна и незаконска кампања која го оцрни […]

ВМРО-ДПМНЕ очекува поголема разлика во споредба со противниците – први впечатоци


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, соопшти дека според сите досегашни извештаи, изборниот ден поминал во мирна и достоинствена атмосфера, без поголеми неправилности. „Сите извештаи говорат дека изборниот ден помина во мирна и достоинствена атмосфера. Ние како ВМРО-ДПМНЕ очекуваме одличен изборен резултат. Во вториот круг очекуваме разликата да се зголеми во наш прилог – очекуваме голема […]

ВЛЕН: Гласањето во вториот круг во целина мирно и демократски


Непосредно по затворање на гласачките места, ВЛЕН денеска оцени дека процесот на гласање во вториот круг од локалните избори во целина се одвиваше во мирна и демократска атмосфера во сите општини во кои денес се одржа гласањето, вклучително и во општините каде што учествуваше коалицијата ВЛЕН. „Според информациите од теренот, процесот на гласање се одвиваше […]

Спречен обид за бугарски воз на пет гласачки места во Карпош


Инфомакс  дознава дека на пет гласачки места во општина Карпош е направен обид од страна на власта да се прави т.н. бугарски воз. Имено на 5 избирачки места биле скинати по две гласачки ливчиња од кочанот, но биле спречени од страна на набљудувачите да бидат изнесени надвор од гласачкото место. За овие инциденти кои сериозно […]

Сиљановска-Давкова: Имавме европски избори


Според претседателката Гордана Сиљановска Давкова денешните избори се европски. – Имавме европски избори. Очекувам мирен изборен ден со којшто ќе се заокружат локалните избори и итно фрлање на работа. Верувам дека граѓаните ќе излезат и ќе го искористат своето избирачко право, гласајќи по сопствено уверување! – стои во објавата на Сиљановска на Фејсбук. Откако денеска […]

Мицкоски: Ова е ден кога народот зборува


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку објава на социјалните мрежи упати порака до граѓаните во рамки на изборниот ден, повикувајќи на масовна и достоинствена излезност. „Денеска го исполнивме нашето демократско право – правото на глас, обврската што секој граѓанин ја носи со себе како дел од оваа татковина. Гласот е тивок, но моќен инструмент, и […]

Излезноста до 17 часот е 34,62 отсто


Државната изборна комисија пред малку на прес-конференција соопшти дека излезеноста на гласачите до 17 часот изнесува 34,62 отсто. До 17 часот вкупно гласале 279.241 лица.Споредено со излезноста во првиот круг во 17 часот, тогаш таа изнесувала 39,62 отсто, Од Комисијата информираа дека гласањето се одвива мирно и без поголеми неправилности, а избирачките места ќе бидат […]

Во Аеродром засега помал одзив од првиот круг


До 15 часот излезноста во Општина Аеродром изнесува 28,35%, што е околу три процентни поени пониско од одѕивот во првиот круг во истиот термин. Гласањето тече мирно, со редовни проверки на избирачките места и без поголеми забелешки. Според изборниот распоред, избирачките места се отворени до 19 часот. Традиционално, попладне се бележи засилен прилив на гласачи, па конечната […]

Во Чаир пред две недели излезноста во 15 часот беше 35,65, а денес само 8,83 отсто


  Во скопските општини Чаир и Сарај каде пред две недели беа избрани градоначалници на општините во првиот круг, излезноста на гласачите е драматично намалена. Во Чаир денеска излезноста е само 8,83 отсто, додека во првиот круг таа беше речиси за четири пати поголема – 35,65 проценти. Со Сарај излезноста е уште помала: до 15 […]

Во Карпош и Центар најголема излезност до 13 часот, а најмала во Сарај и Чаир


Најголема излезност за градоначалник на Град Скопје според ДИК се забележува во општините: Карпош со 22,14%, Општина Центар 21,58% и Кисела Вода со 19,57%. Најмала излезеност до 13 часот има во Сарај со 3,58% и Чаир со 5,34%. Споредено со одзивот на гласачи во првиот круг и пресекот направен тогаш во 13 часот, излезноста била […]