Изборите без посериозни нарушувања, соопшти МВР


Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека гласањето во вториот круг од локалните избори се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера на целата територија на државата. МВР информира дека презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на целиот изборен процес. Од МВР велат дека досега нема […]

Излезноста во 9 часот три отсто, во Чаир само еден отсто


  Мала е излезноста во утринските часови на вториот круг на локалните избори. Според податоците на Државната изборна комисија излезноста до 9 часот изнесува 3,03 отсто во општините каде се избира градоначалник.  Најголемата излезност е во Пробиштип – 9,5 отсто, па во Лозово, Ранковце, каде има над осум отсто. Исклучително мала излезност има во двете […]

Денеска гласаат болните и изнемоштените во вториот круг


  Вториот круг од локалните избори во земјата ќе се одржи утре, додека денеска вообичаено први гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во старските домови. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), денеска треба да гласаат 4.826 болни и изнемоштени лица, чии барања се одобрени од општинските изборни комисии. Ќе гласаат и затворениците и […]

Вечерта спроти Задушница Мицкоски отиде во Кочани да разговара со бизнисмени


  Вечерта пред изборниот молк и токму спроти Задушница премиерот Христијан Мицкоски заедно со уште двајца министри отиде во Кочани за да му даде поддршка на нивниот кандидат Влатко Грозданов. Тој, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и вицепремиерот Љупчо Димовски, се сретнале со претставници од бизнис секторот во градот. Веста заедно со видео инсерти ја […]

Мециновиќ: Ќе поднесеме тужби за сите измислици и шпекулации!


Kандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ на денешната прес – конференција рече дека институциите се впрегнати во извојувањето победа на Орце Ѓорѓиевски , изнесувајќи како илустрациоја факто дека среде избори му бил објавенјавно матичниот број  што е злоупотреба, а никој не реагирал.  ,,Која институција се обиде да превенира таква ситуација? Која […]

Среброва од Левица ги повикува институциите да реагираат на поткупот што го нуди Лабудовиќ во Центар


Марија Среброва, кандидатката на Левица за Општина Центар која не влезе во вториот круг, денеска ја оспори предизборната најава на Мирослав Лабудовиќ oд ЗНАМ за „12.000 денари финансиска помош“ за пензионерите, оценувајќи ја како навредлива и спротивна на духот на Изборниот законик. Таа, потенцира дека ова претставува навреда за интелигенцијата на Центарци и дека Центар […]

(Видео) Изјави на Мицкоски и на кандидатите на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање околу заедничката фотографија на Маја Мојсовска и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош, Сотир Лукровски и дали постои договор за поддршка со СДСМ избегна директно да одговори и место тоа постави контра прашање – дали СДСМ ќе поддржи кандидат што е на црната листа […]

СДСМ нема да им кажува на граѓаните за кого да гласаат, објави Филипче


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги повика гласачите наклонети на оваа партија да гласаат по свое убедување и според вредностите за кои се залагаат, јасно нагласувајќи дека нема намера  да навлегува во никакви констелации и заткулисни договори околу вториот круг на изборите. -Ние нема да навлегуваме, ниту навлеговме, во калкулации или во некакви задкулисни […]

Битиќи: За 15 месеци власта изгуби околу 30 отсто од своите гласови


Во гостувањето во емисијата „Анализа“ на ТВ 24, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, истакна дека резултатите од последните избори јасно покажуваат дека владејачкото мнозинство ја губи поддршката на граѓаните. „Во само 15 месеци власта изгубила околу 30% од своите гласачи, нешто што не се случило во поновата историја на државата да валдејачкото мнозинство ги стопи […]

Мојсова се огради од Лукровски, средбата била знак на домашно воспитување (ВИДЕО)


  По серијата настапи и објави на кандидатот за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски, во кои се обидува да се прикаже како „граѓански кандидат“ со поддршка и од културни личности, познатата докторка и јавна фигура Маја Мојсова реагираше со објава во која суптилно, но јасно се огради од неговата кампања. Во нејзината порака, објавена на […]

Ја мести ли некој Билјана Ивановска околу пресметката во Центар?


  Многу шпекулации, многу полувистини, а можеби и некои подземни игри. Битката за скопската општина Центар се претвори во валкана пресметка. Кандидатот од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, неколку пати објавуваше дека добива поддршка од поранешни кандидати и здруженија кои потоа јавно го демантираа. Советничката листа „Шанса за Центар“ последниве денови испрати неколку соопштенија и имаше објави […]

Мицкоски најави 70 нови проекти, не спомена ниту еден од нив 


  Целиот партиски врв на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери вечерва се собраа на платото пред Филхармонијата во Скопје на завршниот митинг за вториот круг од локалните избори. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, најави дека во наредниот период ќе имало реализација на 70 нови проекти во Македонија во образованието, здравството, земјоделството, културата. Тој најави и серија […]

Остар демант на СДСМ: Ние се боревме против Сотир Лукровски и не го поддржуваме


  Објавата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош, Сотир Лукровски, за неговата, барем според фотографијата прилично срдечна средбасо Маја Мојсова од СДСМ внесе денеска попладне сериозна недоумица во јавноста. Лукровски напиша дека заедно со Мојсова ќе ги реализирале проектите за карпошани. СДСМ на тоа реагираше многу остро, отфрлајќи ги наводите од објавата и […]

Нема втор дуел меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ. Орце го откажа соочувањето на Телма


  Кандидатите за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои в недела ќе се соочат на избори во вториот круг, денеска нема да ги видиме на уште една ТВ дебата, која требаше да биде на Телма – Ѓорѓиевски закажа митинг во Скопје, а Мециновиќ по вторпат ќе маршира од Ѓорче Петров до Ново Лисиче.   […]

Антикорупциска ќе проверува дали „Систина“ му е донатор на Лукровски


Државната комисија за спречување корупција отвори предмет за кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ветува поволности за жителите на таа општина во болницата „Аџибадем Систина“, објави „Призма“. Антикорупционерите за БИРН велат дека она што тие може да го испитаат е дали приватната болница е донатор на неговата кампања. Според Изборниот законик, фирми […]

Сиљановска: Премиерите на Балканот понекогаш се моќни како Амон Ра


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на панел за „Важноста на регионалната соработка на Балканот за идните генерации“ во Париз, каде што учествува на  Парискиот мировен форум, ги спореди лидерите во земјите на Балканот со богот на Сонцето, Амон Ра, бидејќи место демократија понекогаш моќта ја концентрираат во нивни раце. Таа и овојпат одговорноста за запрената евроинтеграција […]

Села го демантира Меџити, не е заинтересиран за влегување во владата


  Претседателот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ја оцени како конфузна и невистинита најавата на еден од водачите на „Вреди“, Изет Меџити, дека е можно Алијанса да стане дел од Владата. Тој потенцира дека секогаш дејствувал чесно за да ги заштити правата на Албанците, а не за привилегиите на власта. „Вие […]

Лукровски ќе ги лечи карпошани, ветување што се граничи со поткуп


  Откако со собирањето отпад низ Карпош не се прослави, кандидатот за градоначалник Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ почна да ветува сѐ и сешто, поминувајќи ја границата  – од политичка програма до политички поткуп. Веќе цела недела Лукровски шета по приватните болници „Систина“ и  клиниката „ Жан Митрев“ ветувајќи бесплатни прегледи за остееопороза, за очи, за […]

Линдита ги повика кичевчани да го поддржат нејзиниот сопруг Македонец за градоначалник


Професорката Линдита Јовановски, сопруга на кандидатот за градоначалник на Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, јавно им се обрати на своите сограѓани, повикувајќи ги да гласаат за нејзиниот сопруг во вториот изборен круг. Во емотивно видео обраќање на албански јазик, Линдита порача дека Кичево заслужува градски татко кој ќе работи за сите – без разлика на […]