Само четири жени станаа градоначалнички – нема родова еднаквост на локално ниво


   Општините Кисела Вода, Македонска Каменица, Неготино и Демир Капија се единствените четири општини кои во следните четири години ќе бидат водени од жени, што е премалку за да се зборува за некаква родова рамноправност во водечките функции. Имено, на локалните избори 2025, четири жени успеаја да ја добијат довербата на граѓаните и да бидат […]

Филипче најави кадровски промени во СДСМ по изборите


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по завршувањето на вториот круг од локалните избори, најави сериозни кадровски и политички промени во партијата. Тој истакна дека изборните резултати се јасен патоказ за насоката во која треба да се движи СДСМ, како и за неговото лидерство. – Овие избори се јасен патоказ за СДСМ и за мене како […]

Собранието треба да констатира престанок на мандатите на пратениците Мицевски, Стаменкоска Трајкоска и Проданоски


До Собранието се доставени известувања за престанок на мандатите на Јане Мицевски, Бети Стаменкоска Трајкоска и Дејан Проданоски од функцијата пратеник. Известувањата следуваат по изборот на тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници, Мицевски на општина Сопиште, Стаменковска Трајкоска на Кисела Вода и Проданоски на Прилеп, на Локалните избори, што се одржаа, на 19 октомври и […]

ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, „Вреди“ 9, СДСМ 6, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати


Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според резултати од двата круга на локалните избори, ќе има градоначалници во Скопје и во 53 општини. Втора по бројот на освоени градоначалнички места е коалиицијата „Вреди“ со девет. Коалицијата на СДСМ ќе има шест градоначалници, НАИ 5, а Движење ЗНАМ, Демократската партија на Турците и Унијата на Ромите, по еден […]

Мицкоски од Кичево: Кога желбата за правда и единство се посилни од криминалот и поделбите, тогаш се испишува историја!


Кога единството е посилно од поделбите, кога желбата за правда е посилна од криминалот и кога сите граѓани имаат силна волја за иднина, посилна од хаосот и безредието. Јасно е дека се работи за Кичево. Вечерва во градот кој испиша историја!, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објавувајќи фотографии од Кичево […]

Мицкоски по победата над Рамадани: Во Брвеница славиме за Македонија како пример на соживот, ред и напредок


Во Брвеница останува Јовица градоначалник, вечерва не славиме против некого, славиме за Македонија. Славиме за новата енергија што ја движи државата напред, за работата, за ред, за одговорност. Секој глас што го добивме е доверба, но и обврска – објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако од Скопје вечерва замина за Брвеница да му ја […]

Ахмети не гледа пораз туку зајакната доверба кај гласачите


По вториот круг од локалните избори, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека НАИ ги добила гласовите на народот и на општините со над 23.000 гласови, сметајќи ја оваа победа за морален и политички мандат да се продолжи со работа пообединета, подисциплинирана и попосветена на граѓаните, пренесе Коха. „Победата на народното и општинското гласање, со […]

Горан Стојковски-Диро: Освоените гласови нѐ обврзуваат, советниците ќе ги бранат интересите на кумановци


Независниот кандидат за градоначалник за Куманово, Горан Стојковски-Диро ја честиташе победата на противкандидатот Максим Димитриевски. Тој кажа дека и покрај резултатот е горд на живата, креативна, инспиративна, најчесна кампања досега воопшто забележана во Куманово и најави дека советниците ќе ги бранат интересите на Куманово. – Да му посакам успех во понатамошната работа, затоа што успех […]

Орце прво ќе се заблагодари на Мицкоски, па ќе почне да чисти


„Откако ќе го земам уверението ви ветувам дека макотрпно ќе работиме да ги исправиме работите во Град Скопје. Но, ќе ми дозволите да му се заблагодарам најпрво на претседателот Христијан Мицкоски“. Ова беа првите зборови на новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски од бината пред Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. „Скопје е вистински обединето и […]

Апасиев контра Мицкоски: Курбан отиде цела Западна Македонија


Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, се обрати на прес-конференција со жестоки критики кон двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но и кон коалицијата ВРЕДИ. „По којзнае кој пат балистичко-врховистичката коалиција потфрли и ВРЕДИ ги зафркна ДПМНЕ насекаде каде што очекуваа нивни гласови. За возврат на кусогледоста на Мицкоски, курбан отиде Западна Македонија. Патриоти, продолжете […]

Јовановски ветува ново, чесно и работливо граѓанско водство во Кичево


Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски вечерва прогласи победа во вториот круг од локалните избори во Кичево. Тој им се заблагодари на сите за поддршката. – Разликата во гласови е голема. Но, сосем доволно да легитимира едно градско водство. Едно ново, чесно и работливо граѓанско водство. Благодарен сум им на сите што се тука, на сите […]

Коалиција ВРЕДИ: Со освоените општини станавме втора политичка сила во државата


Изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ во Тетово на прес-конференција оцени дека сега стануваат втора политичка сила во државата со оглед на добиените општини. Башким Бакиу од изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ рече дека со ова конечно се заокружи промената кај Албанците. -ВРЕДИ постигнаа убедлива победа речиси во сите општини каде што бевме во втор круг. […]

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата и во вториот круг, колапс на ДУИ


  Резултатите од вториот круг на изборите за градоначалници во Македонија се надоврзаа на гласањето од пред две недели. Во загрижувачки мала излезност од 40-ина отсто кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ добија уште дузина градоначалнички места и тоа оние во коишто стави најголем влог – во скопски Карпош, во Кичево и во Брвеница. И во главната битка, […]

(Во живо) Мицкоски: Вечерва не славиме против никого, славиме за Македонија


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва на прес-конференција по повод вториот круг од локалните избори 2025 година истакна дека резултатите ја покажуваат силната волја на граѓаните за промени и обединување, а како посебно значајна ја издвои победата во Кичево. „Морам да признам една посебно силна порака која доаѓа оваа вечер, а таа е од нашето […]

Орце Ѓорѓиевски победи во Скопје со најмалку гласови во 20 години


  Скопје ја доби најтенката победа во новата историја на градот: Орце Ѓорѓиевски е избран за градоначалник, но со најнизок апсолутен број гласови споредено со скопските победници во последните дваесет години. Паралелно, Амар Мециновиќ ја испорача најголемата промена во вториот круг — ги удвои гласовите во однос на првиот круг — и од речиси симболична […]

Илија Тентов е нов градоначалник на Дојран


Според првични резултати Илија Тентов, кандидат за градоначалник на Дојран од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, е нов градоначалник на Дојран по одржаниот втор круг од локалните избори во оваа општина. Според партиски ивори, Тентов освоил околу 500 гласови повеќе од кандидадот на СДСМ и коалицијата, Ристо Џинев. Тентов на неговиот фејсбук профил се заблагодари за довербата […]

Неготино ја доби првата жена градоначалничка – Марија Нацева


 Неготино ја доби првата жена градоначалничка  – Марија Нацева, напишаа вечерва од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Неготино на Фејсбук.  – Горди сме што уште една успешна, мудра и упорна жена од нашите редови покажува дека со силна волја, посветеност и чесна работа може да се постигнат извонредни резултати. Нејзиниот успех е пример и поттик […]

„Вреди“ го доби Дебар, Фисник Меља прогласи победа во трката за градоначалник


Во Дебар, по вториот круг на гласање вечерва победа прогласи Фисник Меља, кандидат на „Вреди“ поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Според изборниот штаб тој освоил над 700 гласови повеќе наспроти неговиот против кандидат Рамадан Имери, кој беше независен кандидат. Фисник Меља (41) е магистер по ИТ, оженет е и татко е на две деца. Тој е актуелен […]

Герасимовски објави победа во Центар


Државната изборна комисија (ДИК) ги објави конечните резултати за градоначалник на општина Центар, потврдувајќи ја победата на кандидатот поддржан од СДСМ.Со обработени 88,90% од гласовите (71 од 78 избирачки места), резултатите се: Горан Герасимовски (СДСМ) со  52,82% (9.877 гласа) и Мирослав Лабудовиќ (Движење ЗНАМ) со  38,34%(7.170 гласа). „Денеска победи прогресивното, слободното, модерното, чесното работење на […]

ВРЕДИ слави во Тетово: Касами победник, Дурмиши најавува уште посилен втор мандат


Бесар Дурмиши, шефот на изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ за Општина Тетово објави дека Биљал Касами победил со 5000 гласови повеќе од Бајрам Реџепи.  Тој оцени дека во најголем број тетовски населби имаат победа затоа што граѓаните ја ценат работата на градоначалникот Касами и му дадоа поддршка за втор мандат. -Граѓаните го кажаа своето мислење […]