Заев: Македонија и Бугарија имаат разговори, се прават напори за наоѓање решение


Премиерот Зоран Заев денеска нагласи дека македонската и бугарската страна имаат разговори и дека целта е земјата да оди напред, за што верува дека од нашата страна се прават максимални напори. Заев ова го кажа одговарајќи на новинарски прашања во врска тврдењето, кое го изнесе лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Бугарија сега […]

Османи: Нема нов договор, туку зајакнување на комуникацијата со Бугарија


 Нема нов догоговор со Бугарија, туку зајакнување на меѓусебната комунијација на сите нивоа, порача денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој преку својот Фејсбук профил се огласи во врска со вчерашните тврдења изнесени од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека на средбата со Захариева во Софија добил предлог за нов договор, налик на […]

Денес Собранието ќе решава за бројот на потпретседатели


Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска го закажа продолжението нa втората седница на чиј дневен ред е Предлог на одлука за утврдување на бројот на потпретседателите на законодавниот дом. Џафери предлага Собранието да има петмина потпретседатели. Во образложението на предлогот, Џафери повикувајќи се на Деловникот и на Законот за Собрание, наведува дека „бројот на […]

Македонија за добрососедство, Берлин со надеж дека првата Меѓувладина конференција ќе се одржи во декември


Засилени дебати и во Северна Македонија и во Бугарија изминатите денови, по бугарскиот појаснувачки меморандум, во кој меѓудругото се негираат македонскиот јазик и македонската нација, но и по средбата во Софија меѓу министрите за надворешни работи Бујар Османи и Екатерина Захариева, на која биле потврдени бугарските позиции. Се отвори прашањето за тоа колку добрососедството навистина […]

Собранието даде виза за кредитот од Светска банка што го кочеше Димитриеска Кочоска


Со 52 гласа „за“, 17 „против“ и ниту еден воздржан, Собранието вечерва го донесе Закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за итно справување со Ковид-19. Според предлагачот на законот, Министерството за финансии, заемот има […]

СДСМ: Мицкоски ја промашил емисијата, мислел учествува во „Само лаги“


Губитникот Христијан Мицкоски вечерва ја промаши емисијата во која гостуваше. По количината на изнесени лаги, изгледа мислел дека се работи за „само лаги” наместо „Само вистина”, порачаа од СДСМ по интервјутро на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во кое изнесе низа обвинуваа на сметка на власта. -По којзнае кој пат Мицкоски покажа дека не го интересира ниту […]

ВМРО-ДПМНЕ: Ако има пари за магариња, има и за струјата


ВМРО-ДПМНЕ и вечерва одржа протест на кој повторно побара оставка од првиот човк на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски. Барањата на опозицијата ги изнесе  претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски. -Ние како ВМРО-ДПМНЕ и денеска излеговме на овој протестен собир, марш каде што ги кажавме нашите две барања, а тоа се: Најпрво […]

Захариева побарала од Османи да се потпише договор сличен на Преспанскиот?


Треба да го прашате министерот за надворешни работи Бујар Османи дали е точно дека барањето од неговата колешка од Бугарија, Екатерина Захариева, било да се потпише нов договор помеѓу Македонија и Бугарија, кој практично ќе биде многу сличен на Преспанскиот договор. Ова го истакна лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното гостување во „Само […]

Дамјан Манчевски се повлекува од политиката


Поранешниот министер за информатичко општество и администрација и пратеник од СДСМ Дамјан Манчевски денеска на својот Фејсбук профил објави дека донел одлука да се повлече од политиката и да се посвети на својата професија. „Дозволете да ве информирам дека донесов одлука да се повлечам од политиката и да се посветам повторно на мојата професија. Причината […]

За 10 дена ќе се објават надоместоците на владините советници и соработници


Владата на денешната 11-та седница врз основа на препораката на ГРЕКО донесе одлука со која ги задолжува и кабинетите на премиерот, на вице-премиерите, на генералниот секретар на Владата и на министрите во рок од 10 дена да ги објават имињата и надоместоците на посебните советници, личните советници и надворешните соработници, како и редовно и ажурно […]

Бугарски аналитичари: Во Македонија се зголемува антибугарската реторика, удел имаат руските служби


Во Северна Македонија и Србија се зголемува антибугарската реторика, а удел во тоа имаат руските служби, тврди Милен Керемедчиев, поранешен бугарски заменик-министер за внатрешни работи, кој дава осврт на последните случувања во односите меѓу двете земји, по изјавата на премиерот Зоран Заев во неделата, дека барањата на Софија не се европски. Дебатата за односите на […]

Левица со реториката на ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциска била корумпирана


Партијата Левица ја обвини денес Антикорупциската комисија дека е ригидна и корумпирана. -Скандалите кои секојдневно ја следат криминалната коалиција на власт се доказ дека државата и институциите се заробени и се користат единствено во насока на задоволувањето на лукративните интереси на раководствата од двете владејачки партии, СДС и ДУИ. Сѐ уште нема никаква иницирана постапка […]

СДСМ предлага: Онлајн да работат само пратениците во самоизолација


 Заради непречено функционирање на законодавниот дом во време на светска пандемија, како парламентарно мнозинство на денешната координација повторно ја објаснивме потребата од промена на Деловникот со цел воведување работа од далечина само на пратеници кои имаат решение за изолација, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата. „Тоа значи дека само оние […]

Новинарот Душко Арсовски нов портпарол на Владата


На денешната седница Владата го именуваше Душко Арсовски за портпарол на Владата на Република Северна Македонија. Покрај Арсовски, активен портпарол на Владата останува и Муамет Хоџа. Душко Арсовски е новинар со дводецениско работно искуство. Од 2012 година е уредник за надворешна политика во МРТ, уредник на централниот дневник и во еден период заменик главен уредник […]

Милошоски: Не е етички пратениците да не одат во Собрание, а градежниците и медицинскиот персонал да работат


Собранието не може да работи и одлучува преку онлајн апликации бидејќи  постои јасна уставна норма (чл.69) која налага присуство на собраниските седници, на мнозинство од вкупниот број на пратеници, порача  Антонио Милошоски на својот Фејсбук. Тој додаде дека од етички аспект, би била нееднаквост доколку пратениците физички не одат на работа во Собранието, а во […]

Бугарија ризикува да падне во изолација во ЕУ со вето на преговорите на С. Македонија


Евентуално вето од Софија на преговорите на С Македонија би било апсурдно бидејќи е спротивно на официјално декларираната политика на Бугарија за поддршка на евроинтеграциите на Западен Балкан, оценка од бугарската експертска фела, а од Парламентот порака дека во надминувањето на недоразбирањата меѓу двете земји може да помогнат и законодавните домови. Бугарскиот политички аналитичар Иван […]

Иван Крастев: Бугарското вето за преговорите на С. Македонија би било апсурдно


Бугарскиот политички аналитичар Иван Крастев не очекува Бугарија да го блокира почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ -Не очекувам дека Бугарија ќе ги блокира овие преговори. Европската интеграција на Западен Балкан е стратешки важна за Бугарија. Покрај тоа, токму во рамките на бугарското претседателство тоа стана приоритет за Брисел. Во оваа смисла, бугарското […]

Плевнелиев: Резолуцијата на ЕП е предавство, Македонци во Бугарија нема


Резолуцијата на Европскиот парламент не е безопасна и во  одреден момент ќе се искористи против Бугарија, оцени поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев. Според него, за да се реши некој проблем, мора да се посочи. „Европскиот парламент е наш партнер. Не можеме да кажеме дека во Бугарија нема проблеми и дека ЕП греши. Проблемот е […]

Неевропски условувања од Софија за старт на преговорите со ЕУ


Северна Македонија се уште е во исчекување на јасна потврда од Бугарија за поддршка за старт на преговорите со ЕУ, односно одржувањето на Меѓувладината конференција за време на германското претседателство до крајот на годинава, откако Софија порача дека пред отворање на пристапните преговори треба да се надминат недоразбирањата за историските прашања. Премиерот Зоран Заев вчера […]

Ако ЕУ дозволи македонскиот јазик да биде пречка, тогаш не заслужува да се вика европска


Ако Европската Унија дозволи на некој начин македонскиот јазик да биде пречка тогаш нема да ја заслужи во своето име „европска“, порача вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров од Прилеп каде ја предводеше владината делегација по повод 11 Октомври – Денот на народното востание. „Не е европски македонскиот јазик да стане пречка на нашата европска […]