(Видео) Заев: Предлозите од бугарска страна не се братски, а најмалку европски


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека разговорите меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и бугарскиот премиер Бојко Борисов биле добри, но тоа не било случајот со разговорите со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева кои ги оцени како не баш добри. Тој порача дека она што е предложено до бугарската страна ниту е добрососедство, […]

Владата ќе почне со онлајн работа


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека очекува Парламентот да почне да работи онлајн, откако двајца пратеници излегоа позитивни на Ковид-19. Тој верува дека власта и опозицијата ќе се договорат да работат онлајн и на таков начин да биде изгласан и Буџетот и информираше дека следната владина седница ќе биде, исто така, онлајн по препорака на здравствените власти. – Верувам дека Парламентот […]

На Андреј Ковачев му пречи и 11 Октомври


Откако пред извесно време изјави дека „АСНОМ е еден од темелите на антибугаризмот во Македонија“, на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев (кој е од партијата на премиерот Борисов) сега му пречи и 11 Октомври. Според Ковачев, прославата на Денот на востанието била „антибугарска провокација“. Веднаш откако премиерот Зоран Заев беше во Куманово на прославата на Денот […]

И пратеникот од СДСМ, Лазе Таневски, позитивен на корона вирус


Пратеникот од редовите на СДСМ, Лазе Таневски од Охрид е позитивен на корона вирусот, објави самиот преку Фејсбук. Тој соопшти дека е позитивен на корона вирусот, а за среќа сите членови на неговото семејство се негативни. „Почитувани пријатели, сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање на Ковид-19. За жал, и […]

Пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ хоспитализиран на Инфективната клиника поради Ковид-19


Собранието денеска информира дека пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ, е позитивен на Ковид-19 и оти тој е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје. „Согласно покажаните симптоми пратеникот Исмаил Јахоски е тестиран и неговиот тест е позитивен на КОВИД-19. Поради ова, а сѐ со цел истиот да биде под надзор на стручни лица како би се […]

Законот против дискриминација повторно во собраниска процедура, ќе добијат ли граѓаните ефикасна заштита


Новиот Предлог закон за спречување и заштита од дискриминација, во речиси идентична форма во која беше усвоен во претходниот парламентарен состав, а беше укинат во мај од Уставниот суд поради донесувањето без потребното мнозинство од 61 пратеник, е повторно во собраниска процедура. Се очекува тој што поскоро да биде усвоен, со цел граѓаните да имаат […]

Скопје бара поддршка за ЕУ, Софија условува со историски прашања


Северна Македонија очекува поддршка, а не блокада од Бугарија за ЕУ.  Сака да продолжи да гради добри односи со соседите и да се решат отворените прашања. Софија е за евроинтергација на Скопје, но смета дека пред отворање на пристапните преговори терба да се надминат недоразбирањата за историските прашања. Овие пораки беа испратени од вчерашните средби […]

Законот за заштита од дискриминација помина во прво читање во Собранието


Собранието попладнево  го изгласа Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, во прво читање. Ова законско решение, како што изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, е од суштинска важност за граѓаните. „Потрошивме многу време изминативе години во поделби, дискриминација, стигматизирање кои не носат добро никому и ги кочат нашите чекори напред. Ова решение […]

Борисов со порака до Османи: Историјата нема да ни прости (Видео)


Посетата на Османи на Софија е претходница на средбата на премиерите Заев и Борисов, која треба да се случи пред 10 ноември   Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска престојува во работна посета на  Бугарија и веќе оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов и вицепремиерката за правосудна реформа и министер за надворешни работи, Екатерина […]

Комисиите на Бугарија и Македонија започнуваат со работа за една недела


Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева  и  министерот за надворешни работи на Македонија,Бујар Османи, се договориле на денешната средба следната недела да започнат со работа билатералните комисии кои произлегоа од Договорот за добрососедство од 2017 година. Ова е прва средба на ниво на министри за надворешни работи откако мешовитата историска комисија престана со работа по […]

ВМРО-ДПМНЕ: Полицијата не смее да влегува во домови за да брка гости


ВМРО-ДПМНЕ смета дека новите предлог-мерки за заштита од ширењето на Ковид-19 на Комисијата за заразни болести се неуставни, бидејќи според Уставот, полицијата може да влезе во нечиј дом само со судска одлука. „Ако главната мерка за борба против Ковид е тоа што Спасовски ќе брои гости по домовите, освен тоа што го кршат Уставот, треба […]

СДСМ: Нема да има толеранција за непочитување на мерките


СДСМ утрово предупреди дека заштитата на јавното здравје е врвен приоритет поради што тие кои нема да ги почитуваат мерките за заштита ќе бидат санкционирани -Високите бројки на новозаразени со коронавиусот како во државата, така и  и во регионот и  Европа, покажува дека започна очекуваниот есенски бран, со којшто може да се справиме само со строго почитување […]

Николоски: Не нѐ прашуваат за пописот, а сакаат да го признаеме


Пописот во Македонија е клучно политичко прашање. бидејќи  по Рамковниот договор правата за помалите етнички заедници се според процентотколку ги има во државата. Тоа е либански модел за кој што јас сум против. Не може човек да цениш според процент, туку според квалитет. Затоа членови на СДСМ се пишуваат како Албанци за да добијат работа, изјави […]

Владата има позитивен пристап кон добрососедските односи и регионалната соработка, нотира ЕК во Извештајот


Извештајот на ЕК за реформскиот напредок на Северна  Македонија констатира дека Владата презеде позитивен пристап кон регионалната соработка и добрососедските односи, што се сметаат за суштински дел од процесот на движење на земјата кон ЕУ. Тие придонесуваат за стабилност, помирување и клима погодна за решавање на отворени билатерални прашања и наследствата од минатото. – Северна […]

Османи денеска во Софија на разговори со Борисов и Захариева


Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Република Бугарија и ќе оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов и заменик-претседателката на Владата  за правосудна реформа и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева. Посетата, како што соопшти МНР, претставува прва билатерална посета на министерот Османи и е во духот на пријателството, добрососедството […]

Ќе заврши неделата, а пратениците уште расправаат за „Викенд без ДДВ“


Собранието попладнево во рамки на продолжението на 15-та седница расправаше за Предлог-измените на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, со кој треба да се реализира мерката „Викенд без ДДВ“. Пратениците од СДСМ посочија дека се работи за проект од интерес на граѓаните и повикаа сите пратеници да го […]

(ВИДЕО) Заев до Столтенберг: Пандемијата нема да го спречи зголемувањето на буџетот за одбрана


Премиерот Зоран Заев најави денес во Брисел дека, и покрај економските тешкотии поради пандемијата, Македонија е решена да го зголемува годишниот буџет за одбрана за 0,2 проценти годишно за да одговори на барањето на Алијансата тој да стигне до 2 проценти од БДП. -Западниот Балкан не е изолиран остров.Нашиот регион може само да има полза […]

ВМРО-ДПМНЕ се жали дека никој не ја консултира за пописот


Пописот треба да биде статистичка, а не политичка операција, порача денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски најавувајќи дека е можно партијата да не го поддржи ако отстапува од критериумите според кои се спроведува во најнапредните земји. -До сега власта ја нема консултирано опозицијата за вака суштествено и стратешко, важно прашање на земјата. Пописот не треба […]

Допрва ќе се одлучува како во Законот за јазици ќе се вградат забелешките од Венецијанската комисија


Владата се уште не расправала како во Законот за јазици ќе се вградат забелешките кои ги има Венецијанската комисија и како решенијата од овој закон ќе влијааат на подготвките на Законот за кривична постапка, имајќи предвид дека најсуштинските забелешки се однесуваа токму на оваа сфера. Ова е суштината на одговорот на министерот за правда Бојан […]