Меркел и Борисов разговарале за поддршката за Западен Балкан на патот кон ЕУ


Со канцеларката на Германија, Ангела Меркел, ги поддржуваме земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ. Бугарија ќе продолжи да работи активно во тој правец и за време на заедничкото претседателство со Република Северна Македонија на Берлинскиот процес. Ова го напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот официјален Фејсбук профил за време на денешниот самит […]

Стоилковски: Заев со концесии на 30 години ги обезбеди „Тотал инжинеринг“ и „Еленица“


  Зоран Заев долгорочно присвојува државни богатства, а надлежните и најповиканите за спречување на таквата корупција спијат, тврди Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Феудалецот Зоран Заев и неговите министри изгласаа македонски суровини и минерали, државни ресурси, да му ги отстапат на братот на Зоран Заев, на бате Вице, на дури 30 години.Министрите гласале за да […]

ВМРО-ДПМНЕ: Советник на СДСМ присуствувал на седница иако правел тест за Ковид 19


ВМРО-ДПМНЕ го нарече скандалозно однесувањето на координаторот на советничката група на СДСМ во Ѓорче Петров кој присуствувал на седница на советот, а притоа знаел дека има симптоми на Ковид 19. -Го прашуваме Цветковски дали на 13- ти октомври, вторник, кога се одржала седница на советот на општина Ѓорче Петров на која требаше да биде ставена […]

Научниците во Бугарија против предлогот 24 Мај да биде ден на бугарската писменост


Партијата на премиерот Борисов ја спушти топката по првото читање на предлогот на коалицијата на Каракачанов и на јавната дебата на научниците во собранието не отиде ниту еден член на владата   Сосем е веројатно дека предлогот на десничарската коалиција во бугарската влада, „Обединети патриоти“ за преименување на празникот 24 Мај во ден на бугарската […]

СДСМ: Зголемениот број инфицирани со корона вирусот е аларм за доследно почитување на протоколите и мерките


Зголемениот број инфицирани со корона вирусот е аларм за доследно почитување на протоколите и мерките, смета владејчката партија СДСМ.   – Состојбата со пандемијата со корона вирусот е сериозна, бројките кои континуирано растат се загрижувачки и ова е аларм за сите, без исклучок за доследно почитување на ковид протоколите и на превентирвните мерки – носење […]

На проблемот со Бугарија интензивно се работи, а за првата Меѓувладина натпреварот се префрла од теренот на историски настани, на теренот на реформите


Префрлање на натпреварот од теренот на историските настани и идентитетските атрибути, на теренот на реформите и сегашноста ќе овозможи одржувањето на првата Меѓувладина конференција со Европската унија, оценуваат македонските власти и се надеваат дека тоа ќе се случи во декември и покрај тензиите изминатиот период на релација Софија-Скопје. Нејзиното евентуално неодржување, сметаат тие, би означувало […]

Спасовски ќе се сретне со Терзијски


Скопје денеска ќе биде домаќин на состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите вклучени во Берлинскиот процес, со кој како земји копретседавачи на иницијативата ќе претседаваат првите луѓе на министерствата за внaтрешни работи на С. Македонија и  на Бугарија Оливер Спасовски и Христо Терзијски. Со министерскиот состанок во Скопје започнуваат и активностите од заедничкото […]

Груби: Има моноетнички вработувања во приватниот сектор


Нема ништо спорно во идеата за државно субвенционирање компании кои ќе вработат припадници на етнички заедници. Се работи за правична и адекватна застапеност, но не само на Албанците, туку на сите граѓани каде што се тие малцинска заедница. Зборуваме за начини, идеи како да се надмине перцепцијата, но и фактичката реалност дека има моноетнички вработувања […]

Груби: Нема никакви предлози од Бугарија на маса


 Јас сум убеден дека во конструктивна средба и со пријателска Бугарија во пријателски манир ќе се надминат сите прашања и Бугарија ќе остане наш најголем поддржувач за европска и евроатлантска Република Северна Македонија, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби вечерва во 24 анализа. – Договорот е еден, […]

СДСМ ќе одржи дигитален конгрес на 25 октомври


Конгресот за анализа на резултатите од годинашните парламентарни избори ќе се одржи онлајн, кога ќе се разговара и за измени на Статутот, со цел воведување непосредни внатрепартиски избори за челните функции во партијата, најави владејачката партија СДСМ. СДСМ на 25 август ќе одржи конгрес за анализа на изборните резултати, како што е предвидено со партискиот […]

Камбовски: Би било преседан доколку ЕУ ги прифати бугарските барања


Коментирајќи ја работата на меѓудржавата комисија за утврдување на можноста за заедничко одбележување на настани и личности од историјата, Академик Камбовски во интервју за „Слободен печат“ смета дека е направена голема грешка што во преден план се пуштени историски теми кои биле дискутабилни и ќе останат како такви уште долго време. Тој смета дека е беспредметно […]

Спасовски на средба со бугарскиот министер Терзијски


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во МВР имаше работна средба со министерот за внатрешни работи на Бугарија, Христо Терзијски. На средбата, фокусирана на утрешниот состанок на министрите за внатрешни работи на земјите од иницијативата „Берлински процес“, како и претставници на ЕУ, чиј домаќин е Македонија, односно сопретседавачи се министрите Спасовски и Терзијски, се […]

Заев: На проблемот со Бугарија се работи, наскоро ќе ја посетам Софија


На проблемот со Бугарија се работи и наскоро очекувам да ја посетам Софија, пред Берлинскиот процес, каде јас и бугарскиот премиер Бојко Борисов сме домаќини во име на Северна Македонија и Бугарија, истакна денеска претседателот на Владата, Зоран Заев. – Сакам да ја посетам Бугарја и не го кријам тоа што е моја желба, првата […]

ВМРО-ДПМНЕ обвини: Димова дала два проекти на брат на пратеник на СДСМ


Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со која директорува Лидија Димова, доделила 125.000 евра од Еразмус+ програмата на братот на пратеникот Диме Велковски, за проектот „Избери сирење”, соопшти денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.Претходно беше обелоденето дека братот на овој пратеник од Агенцијата со која раководи Димова добил 83.000 евра за обука за […]

Бугарскиот тим очекува средбата со македонските историчари да даде резултат


Шефот на бугарскиот тим од мешовитата Комисија за историски прашања, Ангел Димитров, пред денешната средба со македонските историчари во Скопје, изјави дека очекува да биде постигнат некаков резултат за отворените прашања. – Почнува нешто со добри очекувања, а како ќе биде понатаму ќе видиме. По повеќе од една година се надеваме дека ќе има некаков […]

Османи го повика Мицкоски да му се јави по телефон ако сака информации за Бугарија


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, порача денес  дека идејата за Берлинскиот процес е поттикнување на регионалната соработка и забрзување на евроинтеграцијата на земјите од регионот. Затоа, неодржувањето на меѓувладината  конференција со ЕУ во декември ќе биде неуспех за сите, за Македонија, за Бугарија и за германското  претседателство. Околу ставот на премиерот Зоран Заев дека […]

Османи ќе реферира за активностите на македонско-бугарското претседавање со Берлинскиот процeс


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска на прес – конференција  ќе ги претстави преземените активности и организациски аспекти во рамки на македонско-бугарското ко-претседавање со Берлинскиот процес 2020 (БП-2020) и подготовките за завршниот Самит во Софија на 10 ноември 2020. Преземените и идни ангажмани во пресрет на состаноците и Самитот на Берлинскиот процес беше една […]

Беса се согласува Алтернатива да влезе во владата


Ако се суди според изјавата на генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, владата може да се прошири со уште еден коалициски партнер. Хоџа, кој е и министер за земјоделство, вечерва во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 изјави дека неговата партија нема проблем опозициската Алтернатива да влезе во владата. Со тоа би се проширило мнозинството на […]

Пендаровски: Вон памет е да се разговара за промена на Устав или за промена на договорот со Бугарија


Јас како претседател до моментов немам добиено ништо на  писмено ниту пренесена вербална информација дека на средбата во Софија на Османи му е пренесен некаков сет на барања, како информираа медиумите, вели претседателот на државата Стево Пендаровски. Тој во интервју за Топ Тема на ТВ Телма, потврди дека во изминатите три месеци интензивно билатерално се […]

Германскиот весник ФАЦ за уцените од Бугарија: Не сте тоа што мислите дека сте


Зошто Бугарија сака да ги спречи преговорите, прашува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ и во текст со наслов „Не сте тоа што мислите дека сте“ ги анализира проблемите на релација Софија-Скопје. Дојче веле го пренесува текстот во целост   „Во март земјите членки на ЕУ постигнаа согласност за почеток на преговори за приклучување со Албанија и Северна […]