МВР: Апасиев лажно обвинува и подметнува


Министерството за внатрешни работи ги демантира, како што тврдат, лажните вести кои упорно ги шири пратеникот Димитар Апасиев.   -По минатонеделниот обид  со лаги и подметнувања да ја оцрни полицијата, за што доби соодветна лекција и од стручната јавност, Апасиев сега повторно се обидува со лаги да ја манипулира јавноста.  Тој на социјалните мрежи објавува […]

Заев нема да бара одговорност од Џафери за непочитувањето на Уставот


  Премиерот Зоран Заев нема да бара одговорност од претседателот на Собранието, Талат Џафери затоа што се обрати на албански јазик на Комитетот за надворешни работи во Брисел во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“, иако смета дека го прекршил Уставот. Според верзијата на Заев, Џафери бил испровоциран од поединци од Бугарија, па […]

Заев: Очекуваме функционален парламент и политичка влада во Софија


 Очекуваме функционален парламент и политичка влада во Софија за добивање на зелено светло, односно одблокирање на Северна Македонија на нашиот пат кон Европската унија, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен темелник за затворен пазар во Виница. Според Заев, при посетата на Бугарија и билатералните разговори на 17 јуни […]

Пораки од „Економист“: ЕУ мора да најде начин да ја продолжи евроинтеграцијата на регионот, во спротивно вакуумот во проширувањето ќе го искористат трети сили


Процесот на европска интеграција станува се помалку предвидлив. Поради тоа, да не се дозволи вакуумот во проширувањето да го пополнат трети сили, туку добри иницијативи за регионот. Состојбата на неизвесност на државите од регионот во поглед на членството во Унијата може да создаде превирања и ЕУ мора да најде начин да продолжи со процесот на […]

Османи на Дубровник форумот ќе говори на панелот „Меѓународната заедница и земјите од Западен Балкан: како да ставиме крај на карантинот?“


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на вториот ден од традиционалниот Дубровник форум, оваа година тематски насловен „’Пост’ – пандемиска геополитика – заедништво во поделен свет”, ќе биде говорник на панелот „Меѓународната заедница и земјите од Западен Балкан: како да ставиме крај на карантинот?“, а во агендата има и повеќе билатерални средби со високи […]

Костадинов е првиот потврден кандидат за градоначалник на СДСМ за Валандово, вели Заев


Претседателот на СДСМ Зоран Заев вечерва на трибината во Валандово обелодени дека актуелниот градоначалник Перо Костадинов е првиот потврден кандидат на СДСМ за градоначалник на Валандово на претстојните избори.   – За некој ден ќе ги објавиме првите 20-тина кандидати за градоначалници, на почетокот на август ќе ја објавиме втората група кандидати, а третата група кон […]

Сугарески заминува од Царина, влегува во трката во СДСМ за градоначалник на Прилеп


В.д. директорот на Царинската управа Горан Сугарески попладнево на својот фејсбук профил објави дека ќе поднесе кандидатура во СДСМ за кандидат за градоначалник на Прилеп на претстојните локални избори. – Денес објавувам дека влегувам во демократска трка за кандидат за градоначалник на Општина Прилеп на локалните избори. Доколку ја добијам довербата на моите сопартијци, сигурен […]

ФАЦ: Трифонов е поголем националист од Борисов на тема Македонија


  Надворешната политика на Бугарија веројатно нема да се смени по изборите, а особено ветото за преговорите на Северна Македонија со ЕУ, оценува „Франкфуртер Ајгемајне Цајтунг“ во анализата на изборите во Бугарија во недела. Според весникот, позициите на Слави Трифонов, лидерот на Има таков народ, кој води во анкетите, се понационалистички од позициите на лидерот […]

Пахор и Радев бараат компромис за кревање на бугарската блокада


Словенечкиот претседател Борут Пахор разговараше со неговиот бугарски колега Румен Радев во четвртокот (8 јули) во Софија за ветото на Бугарија за почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ. Како што соопшти кабинеот на Пахор, „и во разговорите на делегациите и во четири очи, двајцата претседатели разговараа за изнаоѓање компромисно решение меѓу Бугарија и Северна […]

МНР ги осуди несоодветните изборни спотови во Бугарија


МНР денес ги осуди несоодветните изборни спотови во Бугарија со кои се изразуваат територијални претензии кон нашата држава и тоа во време кога од страна на официјална Софија се бараат гаранции на меѓународно ниво дека – Македонија нема територијални претензии кон Бугарија.  -Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција […]

Резолуцијата за државните позиции за евроинтеграциите во собраниска процедура


ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во Собранието ја поднесе Предлог – резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции по однос на евроинтеграциите и блокадите кои што се наметнуваат. За тоа кога таа ќе се најде на пленарна седница треба да одлучи претседателот на Собранието Талат Џафери. Тој вчера за ТВ 24 изјави дека […]

Седници на четири собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за европски прашања, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија треба да ги разгледаат Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, во второ читање и Предлог-законот за изменување […]

(Фото) Заев во Атина на гала вечера на „Економист“ на која се обрати премиерот Мицотакис


Премиерот Зоран Заев присуствува на свечената гала вечера на конференцијата на „Економист“ во Атина, на која се обрати премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис. На гала вечерата, информираат од владината прес-служба, присуствуваат министерот за внатрешни работи на Грција, Макис Воридис, министерот за туризам, Харис Теохарис, поранешниот претседател на Европскиот Парламент Мартин Шулц, поранешната претседателката на Хрватска, […]

Џафери: Проценив дека е посоодветно да се обратам на АФЕТ на јазикот кој најдобро го знам


Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека не го прекршил Уставот со обраќањето на албански јазик на состанокот на АФЕТ што се одржа на 28 јуни годинава во Брисел. -Останувам на ставот дека не сум го прекршил Уставот и останувам на ставот дека некому не му дозволив фешта на Комисијата за надворешна политика АФЕТ во […]

ДУИ и дава и не дава поддршка на резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, откако вчера ја нарече етничка а не државна позицијата во резолуцијата за спорот со Бугарија што ја предложи ВМРО-ДПМНЕ , денес порача дека таа не е одбиена, туку се укажува од старт дека, додека не се постигне согласност, нема да добие поддршка од ДУИ. -Замислете оваа Резолуција да помине […]

Шахпаска на Министерски состанок на ЕУ во Брдо кај Крањ: Први во регионот развивме Младинска гаранција


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на Вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања, на кој присуствуваа и министрите од земјите членки на Европската унија и од земјите од Западен Балкан, кој се одржа во Брдо кај Крањ, Словенија. На состанокот, на кој се дискутирало за младинските политики и за […]

Љупчо Николовски го доби судскиот спор со Христијан Делев


Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда на Основниот граѓански суд Скопје со која судот го одби како несоновано тужбеното барање за клевета на поранешниот функционер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Делев, против заменик на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. Од кабинетот на Николовски брифираа […]

Милошоски: Резолуцијата за спорот со Бугарија ги јакне нашите позиции


Денес ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ ја поднесоа Предлог – резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции по однос на евроинтеграциите и блокадите кои што се наметнуваат. -Оваа Предлог-резолуција е предложена со цел да помине со најширок можен консензус. Цениме дека таа ќе ги зајакне и македонските дипломатски позиции, но исто така ќе […]

Џафери најавува собраниска поткомисија која ќе ги разгледува ревизорските извештаи на ДЗР


Пристапот кон ревизорските извештаи треба да е униформен и објективен, без оглед кој е на власт, вели претседателот на Собранието   Она што е  важно при разгледувањето на ревизорските извештаи е да премине во навика, да постои високо ниво на единственост помеѓу различните политички опции, да биде објективно при што ќе биде ирелевантно кој е […]

Весли Кларк дојде во Скопје


Премиерот Зоран Заев денеска го прими поранешниот командант на здружените сили на НАТО за Европа, генерал Весли Кларк. На средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот за борба против корупција, Љупчо Николовски, стана збор за новата реалност за Северна Македонија и за регионот откако земјата и неколку други земји од Западен Балкан се членки на НАТО. […]