ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на логото за 30-годишнината од независноста


Комисијата за култура на ВМРО – ДПМНЕ го осуди изборот на лого за одбележување на 30-годишнината од осамостојувањето на  Македонија. -Предложеното идејно решение не претставува ништо друго, освен брутално сквернавење на знамето на Република Македонија како симбол на нејзината државност. Покрај прикажаниот естески аматеризам, предложеното решение го доведува во прашање општественото уредување и историскиот континуитет […]

Османи гледа силен фокус на Словенија на Западен Балкан


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска се обрати на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и на Националниот совет за евроинтеграции на која беа презентирани програмата и приоритетите на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ.Османи на почетокот упати честитки за преземањето на водството со Советот на ЕУ од страна на Словенија, но и […]

БАН го разјасни испраќањето на астронаути во вселената


  Oткако лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов, најави дека ќе праќа астронаути во вселената, а заедно со нив  и еден „северномакедонски“, со реакција се јавија од Бугарската академија на науките и уметностите.  Директорот на Институтот за вселенски истражувања на Бугарската академија на науките, Георги Желев во изјава за бугарски медиуми вели дека државата […]

Дејвид Гир: Европската перспектива на Македонија не е доведена во прашање


Амбасадорот на Европската унија во Скопје, Дејвид Гир, вели дека европската перспектива на Македонија не е доведена во прашање по блокадата на Бугарија, туку се случува токму спротивното. Во интервју за „Јуропиан вестерн балканс“ (EWB) Гир вели: „Го разбирам разочарувањето во земјата на ова последно одложување на почетокот на пристапните преговори. Луѓето разбираат дека Европската […]

Турција очекува Северна Македонија да и предаде 86 лица поврзани со Фетулах Ѓулен


 Турција очекува од Северна Македонија да и бидат испорачани 86 лица, турски државјани, кои се осомничени за поврзаност со движењето на проповедникот Фетулах Ѓулен, кого Анкара го смета за организатор на обидот за државен удар во земјата пред пет години. – Во изминатите четири години зголемен е бројот на барањата за депортирање и екстрадиции до […]

Шилегов по потврдувањето на кандидатурата: Скопје го заслужува најдоброто


На седницата на Извршниот одбор на СДСМ која се одржа вчера и официјално беше потврдена мојата кандидатура за градоначалник на Скопје на претстојните избори., потврди актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. „Упатувам огромна благодарност до мојата матична партија за довербата и поддршката. Скопје го заслужува најдоброто, продолжуваме заедно во нови победи. #ЧекорПоЧекор“, напиша Шилегов.

Скопје очекува формирање политичка влада во Софија и исчекор на патот на земјава кон ЕУ


Премиерот Зоран Заев очекува формирање политичка влада во Софија заради, како што вели, потребите на бугарските граѓани, но и затоа што ние очекуваме исчекор во решавање на проблемот. Но, според аналитичарите, исклучително се мали шансите за промена на ставот на Софија кон Скопје во однос на усвојувањето на нашата преговарачка рамка и почеток на преговорите […]

Седници на три собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат собраниските комисии за финансирање и буџет и за европски прашања и Законодавно-правната комисија. Комисијата за финансирање и буџет ќе ја продолжи 25 седница на чиј дневен ред е Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, во второ читање. Членовите на Законодавно-правна комисија […]

СДСМ почна пред сите – ги објави првите кандидати за градоначалници


Петре Шилегов и официјално ќе се бори за втор мандат во Скопје. Од поголемите градови решено е и сегашните градоначалници на Штип и Охрид да ја добијат поддршката на партијата   На три месеци пред локалните избори владејачкиот СДСМ веќе одбра дваесетина кандидати за градоначалници за кои во структурите на партијата веруваат дека имаат големи […]

Утврдена Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот


Членовите на Владата на денешната седница ја разгледаа и усвоија Стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2021 – 2023 година, со Акциски план, која истовремено е и дел од мерките од Планот за борба против корупција. – Основна заложба е наведената стратегија да придонесе за зајакнување […]

Предлог-законот за државјанство оди во Собрание со европско знаменце


Владата на денешната 87-ма седница на предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата го утврди Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството, во кој вградени одредби од регулативата на ЕУ и од тие причини до Собранието ќе биде доставен со европско знаменце. Како што соопшти владината Прес-служба, основна цел на овој […]

Во резолуцијата за идентитетот мора да го има уставното име, вели Заев


СДСМ ја поддржува Резолуцијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и целосно стои зад заштитата на македонскиот јазик и идентитет, но Уставот во однос на името на државата мора да се почитува, рече денеска премиерот Зоран Заев. Заев напомена дека во документот, секаде каде што се наведува името на државата, треба да стои Република Северна Македонија. „Ако некој […]

Заев очекува Трифонов да се коригира за „Северномакедонците“


„Се работи за незнаење“, одговори премиерот Зоран Заев денеска, запрашан за изјавата на победникот на изборите во Бугарија, Слави Трифонов, кој зборуваше за испрашање на Бугари и „Северномакедонци“ во вселената, и нагласи дека очекува од лидерот на Има таков народ да се коригира. „Реагирам веднаш јавно. Не е во ред до секој претседател на политичка […]

Слави Трифонов обвинет дека сака Фејсбук република


Партијата Има таков народ ги крши сите модели – кога го доби мандатот за влада веднаш го врати, кога не им е даден мандат – тие нудат владин кабинет   Додека Бугарија ги чека конечните резултати од изборите и распоредот на мандатите во новото собрание, шуменот Слави Трифонов, лидер на партијата Има таков народ, ја […]

СДСМ по вечерашната седница на Извршниот комитет се очекува да објави дваесетина кандидати за градоначалници


Владејачката СДСМ вечерва ќе одржи седница на Извршниот одбор на која треба да бидат потврдени првите дваесетина кандидати за градоначалници на локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври. По седницата се очекува во изјава за медиумите да бидат соопштени првите официјални кандидати за градоначалници. Засега во јавноста беше потврдено дека […]

Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до 12 февруари 2024, законските измени пред Законодавно-правната комисија


Собраниската Законодавно-правна комисија денеска на седница ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање. Како што стои во образложението на предлог-текстот, донесувањето на законот ќе имплицира ревидирање на подзаконскиот акт со кој се уредува образецот на барањето за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено […]

По изборите во Бугарија, македонската страна очекува функционални институции, Радев вели нема промена во политиката кон Скопје


Во Бугарија завршија вонредните парламентарни избори. Македонската страна очекува да се формира функционален парламент и политичка влада за да продолжат разговорите за отстранување на ветото за почеток на преговорите со ЕУ, додека бугарскиот претседател Румен Радев вчера порача дека резултатот од изборите нема да го смени односот на Бугарија и дека раководството во Северна Македонија […]

Османи се обрати на годишнината од геноцидот во Сребреница


 Министерот за надворешни работи Бујар Османи, заедно со високи претставници на држави од регионот и светот, денеска се обрати на годишнината на геноцидот во Сребреница.  – Настаните од јули 1995 година, кога беа убиени над осум илјади цивили, не смеат да се заборават, ниту фактите поврзани со него релативизирани, како гаранција дека истото нема да се […]

Маричиќ: Северна Македонија и Албанија се повеќе од подготвени за преговори со ЕУ


Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за „Еуроњус“ оценува дека Северна Македонија и Албанија се повеќе од подготвени за почеток на преговорите за членство во Европската унија. Маричиќ во интервјуто, дадено за време на неговата дводневна посета на Тирана, истакнува дека двете земји работат заедно за да ја зајакнат соработката во подготвувањето на администрациите […]

Македонците со бугарски пасош повторно се појавија во изборните списоци во Бугарија


Жителите на Северна Македонија кои имаат и бугарско државјанство,повторно се на избирачките списоци за денешното парламентарно гласање, јави „Медијапул“. Според медиумот ова е најочигледно во Благоевград, каде за локалните избори во 2019 година имало 65.000 со право на глас, а на овие избори се регистрирани над 91.000. -Разликата од 26.000 гласачи укажува дека тековниот процес […]