Премиерот Заев панелист на конференција на „Економист“ во Атина


Премиерот Зоран Заев од денеска ја започнува дводневната работна посета на Атина, Грција, а утре ќе учествува на панел дискусијата во рамките на конференцијата на „Економист“ – 25 Тркалезна маса со Владата на Грција на тема: „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“, соопштија од владината прес-служба. Премиерот Заев ќе дискутира на важни прашања, како подобрување […]

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, засега, без консензус, документот во собраниска процедура најдоцна до утре


Резолуцијата за евроинтеграцискиот пат на државата и црвените линии во однос на националните прашања, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја достави во Собранието најдоцна до утре. Од опозициската партија очекуваат таа да биде прифатена од страна на сите парламентарни групи во Собранието. За документот поддршка дадоа пратениците од македонскиот блок партии, ДУИ бара дополнително усогласување, додека Алијанса на […]

Стејт департмент: Водењето бизнис е генерално лесно во Северна Македонија, проблем корупцијата


Додека водењето бизнис е генерално лесно во Северна Македонија, и правната рамка во голема мера е во согласност со меѓународните стандарди, корупцијата е постојан проблем, се вели во извештајот на Стејт департментот за климата за инвестирање во државата за 2021 година. Во извештајот, како што јави ВОА, се наведува дека имало кредибилни обвинувања за корупција […]

Мицкоски се чуди зошто Османи и натаму е министер по изјавата за резолуцијата


Прашањата покренати во резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ околу преговорите со Бугарија полека се префрлаат на меѓутнички терен. Откако министерот за надворешни работи, Бујар Османи, изјави оти се плаши „дека може од државна со ваква резолуција да преминеме во етничка позиција“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски возврати со зборовите: „Жалам што тој човек кој ја даде таа […]

Османи: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ е етничка место државна


 Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во врска со предложената резолуција на опозоциската партија ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата, денеска изјави дека неговата партија ДУИ е на ставот дека овој процес треба да се почне од нула, да седнат политичките партии консензуално, а не да биде наметната од една парија. -Се плашам дека може […]

Шекеринска во заедничка посета на Летонија со министрите за одбрана на Црна Гора и Словенија


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска престојува во еднодневна работна посета на Летонија, заедно со министрите за одбрана на Словенија, Матеј Тонин и на Црна Гора, Оливера Ињац. Домаќин ќе им биде заменик премиерот и министер за одбрана на Летонија, Артикс Пабрикс. Како што соопшти Министерството за одбрана, заедничката посета на тројца министри за одбрана […]

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ поддржана од СДСМ, ДОМ, ЛДП и ДС, албанскиот блок воздржан


Откако деновиве резолуцијата што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ беше поддржана од СДСМ, ДОМ, ЛДП и ДС, се произнесоа и партиите од албанскиот блок. ДУИ бара усогласување на текстот меѓу сите парламентарни партии, додека АА и Алтернатива очекуваат дебата во Собранието. Но, и владејачката ДУИ и опозициската коалиција Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива укажаа дека треба […]

Бугарскиот премиер тврди: ЕУ зазема страна во спорот со Македонија


Нашите европски партнери заземаат страна толерирајќи ја Република Северна Македонија и, соодветно, обвинувајќи ја Бугарија без реална и образложена основа, оцени привремениот премиер на Бугарија, Стефан Јанев, пред амбасадорот на Словенија Анджеј Франгеш. Двајцата се сретнаа по повод почеток на словенечкото претседателство со ЕУ. Еден од главните приоритети на Љубљана е почеток на преговорите за […]

ДУИ ја одби резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ


Македонските црвени линии околу идентитетските прашања со Бугарија изгледа не се и црвени линии на Демократската унија за интеграција, затоа што тие по денешните разговори со ВМРО-ДПМНЕ ја одбија предложената резолуција. Вчера СДСМ објави дека ја прифаќа резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа го направија и помалите партнери во коалицијата на социјалдемократите. Ставот на СДСМ денеска […]

Јанша: Можен напредок со Северна Македонија и Албанија во октомври ако има договор


Белгија– Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, одржа прес – конференција по неговото обраќање пред европратениците во Стразбур денеска, и истакна дека можен е напредок во процесот на проширување со Скопје и Тирана во октомври доколку има согласност на земјите – членки, јави дописничката на МИА од Брисел. Словенечкиот премиер рече дека не ги разбира земјите […]

Фон дер Лајен побара да почнат преговорите со Македонија и Албанија


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска од Стразбур повика ЕУ да ги почне преговорите за членство со Македонија и Албанија. Лајен зборуваше во Европскиот парламент по излагањето на словенечкиот премиер Јанез Јанша кој ги претстави приоритетите на Љубљана за наредните шест месеци. И Јанша повика земјите од Западен Балкан да бидат примени […]

Интервју со Едвард Џозеф: ЕУ нема стратегија за Балканот


Политиката на Европската унија кон регионот е кратковида и без стратегија. Парадоксално е што САД поради безбедносните закани го сфаќаат Балканот сериозно, а ЕУ не. ЕУ треба да докаже дека сака да биде унија, вели Едвард Џозеф во интервју за „Независен“   Љупчо Поповски Едвард Џозеф е фамилијарно лице во македонската јавност. Тој е поврзан […]

Владата расправаше за реформа на јавната администрација


Владата на Република Северна Македонија вчера ја одржа 84-тата редовна седница која беше посветена на статусот на реализација на активностите на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација. На седницата беше разгледана анализата за хоризонталната функционална поставеност на министерствата и институциите која ја подготвија проектните експерти […]

Заклучоци самитот на Берлинскиот процес: Проширувањето останува стратешка цел


Проширувањето на ЕУ со земјите од Западниот Балкан претставува стратегиска инвестиција во мир, демократија, просперитет, безбедност и стабилност во Европа, потврдувајќи го долгорочниот став дека иднината на целиот регион лежи во ЕУ. Ова се главните заклучоци што произлегоа од виртуелниот самит на Берлинскиот процес, чиј домаќин беше Германија. Учесниците, меѓудругото, потенцираа дека инклузивната регионална соработка […]

Меркел: Блокадата на Бугарија не можевме да ја предвидиме


  Не можевме да предвидиме дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговори на Северна Македонија со ЕУ, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот со лидерите од Западниот Балкан во рамките на Берлинскиот процес, а на кој учествуваа и земјите членки на ЕУ – Франција, Австрија, Грција, Хрватска, Словенија, Италија, Бугарија, како и претставници […]

Заев на Самитот на Берлинскиот процес: Регионалната соработка не е замена за интеграцијата во ЕУ


Регионалната соработка е основен фактор за поврзување и економски прогрес, но не е замена за членството на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, порача премиерот Зоран Заев во обраќањето на Самитот на земјите од Западен Балкан во рамки на Белинскиот процес. – За сите нас е несомнено јасно дека само со интегриран и поврзан регион […]

Левица и ВМРО-ДПМНЕ заеднички поднесоа интерпелација за Талат Џафери


Во редот за интерпелации денеска се најде и претседателот на Собранието, Талат Џафери.  Главната причина за интерпелацијата е што Талат џафери во Европскиот парламент зборуваше на албански јазик, а тоа не е во согласност со Уставот, изјавија денеска ГорданаСилјановска-Давкова и Димитар Апасиев кои гја образложија интерпелацијата. „Нашиот претседател не е човек на парламентот туку е […]

Стоев: Скопје мора да ја убеди Софија дека сака решение за проблемите


Бугарскиот  технички министер за надворешни работи Светлан Стоев денеска изјави дека процесот на пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ не е само желба на ЕУ, туку мора да има докажани активности од страна на Скопје да ги убеди не само европските партнери, туку и земјата-членка Бугарија дека тие имаат желба за билатерално решавање на проблемите […]

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за Бугарија доби поддршка од СДСМ и помалите партии


Откако иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за усвојување резолуција во Собранието околу преговорите со Бугарија прво беше пречекана со критики од СДСМ денеска владејачката партија објави дека ќе го поддржат документот кој го прифатија и помалите партии ДОМ, ЛДП и ДС. Ова го соопшти пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов. „Позициите на СДСМ во однос на […]

Во Бугарија се бара уште една, поостра декларација за Македонија


Нов иницијативен комитет од осум бугарски научници излезе со нова остра декларација и седум услови кои треба да ги исполни Македонија за да може да добие поддршка од Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ. Комитетот бара од сите партии кои учествуваат на изборите да ја поддржат оваа декларација и да се обврзат дека ќе […]