И Љупчо Николовски се повлече од партиската функција


Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски денеска поднесе писмена оставка од функцијата. Николовски во писмената оставка доставена во Социјалдемократскиот сојуз изразува посебна благодарност до претседателот Зоран Заев и на сите членови на партијата. „Чесно и посветено одработив во тежок период за партијата. Денес СДСМ е најбројната, најмодерната, дигитализирана, динамична и европска партија. По 18 години, СДСМ и […]

Оливер Спасовски поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ


Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски утрово поднел оставка од функцијата потпретседател во партијата. Спасовски денеска на брифинг со новинарите информираше и дека вечерва ќе учествува на седницата во СДСМ и оти претходно најавил дека новиот мандатар кој вечер треба да биде предложен и избран од партијата треба да си состави […]

Софија прави историска перверзија во Голо Брдо, реагираат Македонците во Албанија


  Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) реагираше во врска со, како што наведе, „последното однесување на бугарската амбасада во Тирана, со цел вештачко прикажување на Бугари во областа Голо Брдо“. „Партијата Македонска алијанса за европска интеграција го осудува однесувањето на бугарската амбасада во Тирана, која во пресрет на […]

Самка Ибраимовски: Направив многу, а ми го укинаа министерското место


Анализиравме во партијата што сме добиле од 2016 до сега. Имаше големо разочарување од целото тоа чекање нешто да се случи. Нашата партија е најстара ромска партија, регистрирана е дури и пред СДСМ, вели Самка Ибраимовски, претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите кој вчера си поднесе оставка од функцијата заменик директор на Македонија […]

Денес ќе се знае новото раководство на СДСМ


  Вечерва на седница на Централниот одбор на СДСМ конечно ќе завршат партиските комбинаторики и ќе се знае како ќе изгледа новото раководство на партијата. Според она што се најавува, новиот лидер Димитар Ковачевски прави спој на повеќе генерации партиски членови и нови, но искусни лица. Се очекува дури половина од Извршниот одбор на СДСМ […]

Мостот кај Безистенот во Битола приемен испит за Тони Коњановски


  БИТОЛА – Реконструкцијата на мостот кај Безистенот во Битола по сѐ изгледа ќе биде „приемен испит“ и проверка на способностите за менаџирање на новиот градоначалник Тони Коњановски. Мостот стар повеќе од еден век стана првата главоболка за новата власт која се соочи со неажурната администрација на локално и централно ниво и незадоволството на граѓаните […]

Шекеринска и Брнз ќе потпишат договор помеѓу Северна Македонија и САД во врска со т.н Лејхи закони


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Мари Брнз денес ќе потпишат договор меѓу Северна Македонија и САД со кој се поддржува почитувањето на човековите права при дејствување на безбедносни сили. Договорот произлегува од т.н Лејхи закони кои предвидуваат забрана за американскиот Стејт Департмент и Министерството за одбрана на САД […]

Претседателот Пендаровски неделава треба да го довери мандатот за формирање нова Влада


Откако во четвртокот Собранието ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, започна да тече рокот од десет дена во кој претседателот Стево Пендаровски треба да го довери мандатот за формирање нова Влада. Шефот на државата во телевизиско интервју истиот ден изјави дека очекува мандатот на мандатарот да му го додели во вторник или среда. –  […]

Собранието ќе ја одржи 59-тата седница


Собранието денеска ќе ја одржи 59-тата седница на чиј дневен ред, меѓу останатите, е и Предлог-законот за развој, производство и промет на воени стоки, во второ читање. Во рамките на седницата ќе бидат разгледаат и предлог законите за изменување на Законот за надворешни работи, по скратена постапка, поднесен од претениците Арбер Адеми, Јован Митрески, Арта […]

Самка Ибраимовски ќе даде оставка ако не добие функција


  Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимовски денеска најави оставка од функцијата заменик-директор на јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат”. Тој е незадоволен од остварените барања и ветувања за нивното учество во извршната власт. Оваа одлука е донесена по денешниот состанок на Централното […]

Андреј Петров и Игор Ивановски се враќаат во раководството на СДСМ


Лекарот Андреј Петров се враќа во СДСМ и тоа како член на Извршниот одбор на владејачката партија откако Димитар Ковачевски беше избран за нејзин претседател. Петров беше генерален секретар на СДСМ во времето на Бранко Црвенковски, а беше и градоначалник на Карпош. Тој треба да биде потврден на утрешната седница на Централниот одбор, на кој […]

ВМРО-ДПМНЕ едно, а Трајко Славески друго за замрзнувањето на цените


  Очигледно е дека има разлика во ставовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот главен економист Трајко Славески околу одлуката на Владата за замрзнување на цените на одредени производи. На почетокот од декември, кога владата ја донесе оваа мерка, ВМРО-ДПМНЕ официјално преку соопштение реагираше дека таа мерка е задоцнета и дека требало да се преземе […]

Ковачевски утре ќе го предложи новото раководство на СДСМ


Утре ќе се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ на која партијата треба да го потврди претседателот Димитар Ковачевски како нов мандатар за новата Влада, а тој потоа  да го предложи  новото партиско раководство. Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски информираат дека во среда се очекува шефот на државата да му го додели мандатот на […]

Села нема да даде оставка на лидерската функција


Централно собрание одржа вчера Алијанса за Албанците, на кое беа разгледувани резултатите од локалните избори и  формирањето на комисија која ќе биде одговорна за организирање на партискиот конгрес. Лидерот  Зијадин Села изјави дека редовниот конгрес ќе биде одржан на 27 март идната година, а тој ќе остане лидер на партијата, односно нема да си даде оставка. […]

Бугарија избришана од картата на словенската писменост во руски документарен филм


  Еден руски документарен филм во кој Бугарија е избришана од картата на словенската култура предизвика огромни реакции на Бугарите на социјалните мрежи. Можеби најмногу поради тоа што во филмот се тврди дека татковина на словенската азбука е Македонија.   Филмот се вика „Една вера, еден јазик“, сценариото и режијата се на Елена Мироненко. На […]

Заев прими Повелба од Сојузот на борците за долгогодишна посветеност и соработка


Сојузот на борците на премиерот Зоран Заев му врачи Повелба за долгогодишен и успешен придонес во поддршката и соработката со Главниот одбор на Сојузот и негово издигнување на достоинствено државно ниво. Истакнувајќи дека е особено горд и благодарен што еден од неговите последни јавни настапи како претседател на Владата е средбата со претставниците на Сојузот […]

Ковачевски ќе се грижи повеќе за другите отколку за себе


Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска се обрати на завршниот настан на Политичката академија за социјална демократија во организација на Прогрес институтот. Ковачевски им честиташе на учесниците на академијата, како шанса за проширување на нивното знаење, и се осврна на претстојните предизвици пред кои е исправена државата. Пред присутните, претседателот Ковачевски порача дека младите социјалдемократи […]

За два месеци во Амбасадата во Виена издадени 200 пасоши


Од 20-ти октомври од кога стапи во функција базната станица во Амбасадата на Северна Македонија во Виена, нашата дијаспора во Австрија се стекнува со нови патни исправи по скратена постапка, која не трае повеќе од еден месец. Како што информира МНР, досега 330 наши државјани се сликаа, а 200 од нив веќе ги добиле новите […]

Борисов: Би поддржале отстапки што би ги направила Владата на Петков кон Скопје


Бугарија– Ако бугарската Влада направи отстапки кон Северна Македонија и ги достави до Парламентот, ние сме подготвени да ги поддржиме, изјави поранешниот бугарски премиер и лидер на најголемата опозициска партија во земјата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов во интервју за најтиржниот бугарски весник „24 Часа“. Запрашан дали планот предложен од новиот […]

ВМРО-ДПМНЕ се брани: Жугиќ е реномиранa актеркa со импозантна биографија


ВМРО-ДПМНЕ ја брани одлуката на Данела Арсовска за член на управен одбор на МКЦ да ја предложи Јелена Жугиќ, која остана позната по повикот со гумени куршуми да се одговори на протестот на учесниците во „Шарената револуција“.  – Јелена Жугиќ е истакнат македонски актер, реномиран првенец на Театар Комедија.Taa има добиено награда за најдобар млад […]