Богојески до Софија: Нема да прифатиме наратив што ќе ја урне македонската држава


  Вклучувањето на Бугарите во македонскиот устав, што официјална Софија во моментов го бара од Скопје, би понудило привремено решение, но би создало нов проблем во време кога на Северна Македонија всушност и треба транзиција кон граѓански концепт на нација место наследениот модел од комунистичкото југословенско време, изјави  за бугарски „Дневник“ Петар Богојески, лидер на […]

Османи против предлогот на Димитров решението со Бугарија да оди на проверка во Собранието


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, излезе денес со спротивен став од тој на претседателот Стево Пендаровски за спорот со Бугарија во ЕУ. Османи е цврсто убеден дека времето не работи за нас, но со ограда дека тоа не значи дека се спротивставува на оценките на шефот на државата. Главната опасност, според него, е […]

Ковачевски го доби мандатот, сега треба да ја состави владата


  На пригодна церемонија во вилата „Водно“ шефот на државата, Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот за составување влада на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски со што почна 20-дневниот рок за формирање на новиот кабинет. Пендаровски рече дека мандатот го дава на Ковачевски врз основа на членот 84, став 1, алинеја прва од Уставот […]

Мицкоски го обвини Пендаровски дека бил дел од „хибриден режим“


Интервјуто на Димитар Ковачевски за Сител било „стерилно“, а Пендаровски бил дел од „хибридниот режим“ во Македонија. Така лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги оцени претседателот на СДСМ и шефот на државата за време на денешната посета на скопската општина Бутел. Мицкоски не успеал да препознае нека „политичка, лидерска реченица“ кај Ковачевски. „Имав прилика да […]

До ВМРО-ДПМНЕ: Не е „пиун“, туку „пион“


Најмакедонската партијата, која со децении сака да се удира в гради за наводен најизворен македонизам и за заштита на македонскиот јазик и историјата, во нејзините соопштенија постојано протнува србизми од разговорниот јазик. Пред една година во масовна употреба од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, па преку потпретседателите до портпаролите беше синтагмата „брза трака“ за да се каже […]

Ковачевски ќе го добие мандатот за составување влада од Пендаровски


  Претседателот Стево Пендаровски денеска  ќе му го врачи мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски. Настанот најавен од претседателскиот кабинет за во 13 часот ќе може да се проследи во живо на Фејсбук страната и YouTube каналот на претседателот Пендаровски. Собранието минатата недела ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, со што започна […]

Ковачевски се уште не го избрал тимот за владата


Повеќе ќе се посветам на економската и внатрешната политика во државата, вели претседателот на СДСМ и мандатар за состав на нова Влада Димитар Ковачевски, прашан по кои карактеристики ќе биде различен од неговиот претходник во партијата и во Владата, Зоран Заев. Ковачевски, кому утре претседателот Стево Пендаровски треба да му го додели мандатот за состав […]

СДСМ отсега ќе биде поприсутна на терен


  СДСМ во наредниот период дополнително ќе се демократизира, но и ќе се отвори за јавноста, особено за стручната јавност преку новиот систем на функционирање на комисиите, за што вчера беше и основан Советот за креирање и имплементација на политики, порача во интервју за Телевизија 24 Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ.    Богоев најави и […]

Отворен конзулат на Малта во земјава, Кочо Анѓушев именуван за почесен конзул


  Во Скопје денеска официјално е отворен конзулат на Малта во земјава и за почесен конзул на оваа островска држава е именуван  Кочо Анѓушев. Анѓушев на должноста е именуван со указ на претседателот на Малта, Џорџ Вела на 5 октомври годинава, а именувањето е одобрено и од малтешката Влада. Соодветни одобрувања се дадени и од […]

За Села, Ковачевски нема легитимитет бидејќи не ја доби власта преку избори


  Доволна причина за да има предвремени парламентарни избори е „недостигот на легитимитет на власта“, изјави денеска претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на последната средба со новинари за ова календарска година, додавајќи дека 2021 е „година на скандали на Владата“ и тие како опозиција секогаш се тука за да прават се за да […]

И Меркел да беше лидер на СДСМ ќе беше обвинета за „заевизам“


Македонската политика секој ден слегува скалило по скалило подолу и не се знае кога може да го допре дното. Ако воопшто има дно. Актерите во неа ја претвораат самата политика во перверзија, поради што граѓаните веќе не веруваат во ништо што е поврзано со политичарите. Последниот пример со реакциите на главната опозициска партија на изборот […]

СДСМ го доби новото раководство, Ковачевски најави главен фокус на економијата


  По три и пол часовен состанок на Централниот одбор, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на прес-конференција ја објави новата раководна структура на партијата во која има многу нови лица, некои од кадрите кои порано беа во раководството и најави дека главен акцент на владата кога ќе биде избрана ќе биде економијата, како и справување […]

Душко Вескоски на местото на Сања Лукаревска во УЈП


Поранешниот директор на Водовод, Душко Вескоски, како што дознава ТВ21 најверојатно ќе биде иден директор на Управата за јавни приходи на местото од актуелната Сања Лукаревска, која пак ќе го наследи местото на Љупчо Николовски како вицепремиер за борба против корупција.Лукаревска вчера за ТВ21 ги коментирaше овие најави.   „За владиниот кабинет, неговиот состав и […]

Ковачевски ја уверил Брнз дека ќе има нулта толеранција за корупцијата


Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски заедно со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, денеска се сретна со амбасадорката на САД  Кејт Брнз. Ковачевски, според соопштението од партијата, ја уверувал Брнз дека негов став и принцип е нула толеранција за корупција на секое ниво, особено за носителите на високи, јавни функции.   На средбата […]

Џафери: Беспредметно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ в четврток да има седница на пратенички прашања


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ в четврток, на 30 декември, да се одржи седница на пратенички прашања е беспредметно. Џафери потсети дека на ова прашање одговорил уште на 23. овој месец, по нивното процедуралното интервенирање. -Според договореното на координација претходно, консензуално беше определно 23 декември да биде денот на одржување […]

Критички, но „разумни“ дискусии на седницата на ЦО на СДСМ


Каква партија би бил СДСМ ако во неа не се слушаат критики и за она што е добро и за она што е лошо. Дебата на седницата на Централниот одбор имаше, но таа не беше жестока, изјави денеска пратеничката Славјанка Петровска во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ. „Дискусиите беа во иста насока, а критика секако […]

Џафери очекува влада на 15 и 16 јануари


Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува изборот на новата влада да се случи на 15 и 15 јануари и од следниот ден таа да стане функционална. Џафери тоа го соопшти на брифинг со новинарите. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, пак мисли дека тоа ќе се случи за некој ден подоцна. Синоќа, по состанокот на Централниот […]

Ковачевски избран за мандатар на идната влада


Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски ја доби довербата од членовите на Централниот одбор на партијата да биде мандатар за состав на новата влада. „За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на иднаата Влада! Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и […]

Ахмети: Без емоции и политизации спорот со Бугарија може да се реши


  Лидерот на ДУИ, Али Ахмети уште еднаш го повтори ставот дека е против предвремени парламентарни избори. Ахмети на средба со новинарите по повод новогодишните празници, рече дека е убеден оти спорот со Бугарија брзо ќе се затвори. Тој рече дека има приближување на ставовите, но побара спорот да не се политизира поради чувствителните прашања […]

Ковачевски тврди дека не ги дели членовите на СДСМ на стари и нови


  Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, пред денешниот Централен одбор на партијата порача дека програмата што тој ќе ја спроведува ќе се базира на социјалдемократски вредности,   фер шанса за сите кадри кои ги исполнуваат професионалните услови за да бидат назначени на институционално ниво, но и отворање на партијата кон сите оние може да допринесат со […]