СДСМ: Жугиќ бараше гумени куршуми за „шарените“, не и е местото во МКЦ


СДСМ и граѓаните се противат на партизацијата и на последните скандалозни предлози на „независната“ Данела Арсовска за поставување лица на режимот на клучни позиции.Предлогот Јелена Жугиќ да биде член на Управниот одбор на Младинскиот културен центар, култниот МКЦ треба да биде повлечен, вели Стефан Васев од СДСМ. Тој посочува дека актерката Јелена Жугиќ со години […]

Селмани: Заев ќе се памти по храброста и одлучноста


Поранешниот министер и екс градоначалник Имер Селмани во гостувањето на Утрински брифинг ги анализираше случувањата на македонската политичка сцена по вчерашната оставка на премиерот Зоран Заев и по настапот на претседателот Стево Пендаровски. Според него, по оставката на владата не треба да се забарикадираме, макар бил и претседателот тој кој ќе поставува црвени линии и […]

СДСМ: 24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија


СДСМ денес потсети на настаните од 24 декември  во македонскиот Парламент е еден од најцрните датуми во нашата демократија.    -Пред девет години на овој ден, режимската ВМРО-ДПМНЕ го погази плурализмот, ја загрози слободата на говор и ги погази демократските права и слободи. На 24 декември 2012 година, ВМРО-ДПМНЕ раководена од Никола Груевски прво насилно ги избрка […]

Пендаровски очекува во вторник или во среда да го даде мандатот за формирање нова влада


Претседателот на државата Стево Пендаровски очекува предавањето на мандатот на новиот мандатар да се случи следниот вторник или среда. Тој вечерва изјави дека до него е стигнат дописот од Собранието за оставката на Заев, но рече дека му е потребен уште еден допис од партијата која има мнозинство за да може да го даде мандатот. […]

Османи: Бугарските барања се „подвижна мета“


Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 изјави  дека барањата на Бугарија се „подвижна мета“.  Вели дека кога тој бил во посета на Бугарија во октомври, се разговарало за сосема различни прашања. Тој сепак додава дека е направен голем напредок во споредба со ситуацијата од пред една година. Османи вели дека […]

СДСМ обвини дека Данела Арсовска грубо ги партизира јавните претпријатија


СДСМ ја обвини Данела Арсовска, градоначалничката на Град Скопје, дека тргнува во груба партизација на јавните установи и јавните претпријатија под надлежност на Градот.   -„Независната“ Данела Арсовска предлага поставување лица на режимот на клучни позиции.  Јелена Жугиќ, која со години беше дел од режимот и која бараше кон граѓаните да се пука со гумени […]

ДКСК: Гаши нѐ политизира и дискредитира


Антикорупциската комисија (ДКСК)  ја оцени како „сериозен обид за политизирање“ на нејзината работа изјавата на претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во однос на Иницијативата на ДКСК за кривично гонење на Хусни Исмаили од оваа партија, поради злоупотреба на службената положба и овластување за време додека бил мнинистер за култура. Државната комисија за спречување на корупцијата […]

МПЦ се замеша во преговорите со Бугарија, бара реципроцитет


 Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиеископија апелира до надлежните државни фактори, во преговарачкиот процес со Република Бугарија да се придржуваат на веќе едногласно донесената Резолуција во Собранието, и да не се отстапува од темелниот национален интерес и идентитет. -Светиот архијерејски синод (САС), на Македонската Православна Црква – Охридска Архиеископија (МПЦ – […]

Џафери не гледа пречка Хусни Исмаили да биде избран за потпретседател на Собранието


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, оцени денес дека нема основа да се отфрли предлогот на Алтернатива, по формирањето на новата влада, потпретседател на Собранието да биде Хусни Исмаили, за кој Антикорупциската комисија  покрена иницијатива за кривична пријава бидејќи трошел пари како екс министер за култура во период кога законски не смеел да го прави тоа.  […]

Спасовски не сака да коментира дали ќе биде дел од новата Влада


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција не сакаше да коментира дали ќе биде дел од составот на новата Влада. – Ништо нема да коментирам, а за сите идни случувања во овој дел ќе донесам дополнителна одлука, изјави министерот. Собранието денеска ја констатираше оставката на Зоран Заев на премиерската функција, што повлекува и […]

Собранието ја констатираше оставката на премиерот Зоран Заев и на Владата


Собранието на Република Северна Македонија денеска на седницата за пратенички прашања ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев. Оставката беше констатирана без премиерот Заев усно да ја образложи. Оставката на премиерот повлекува оставка и на целата Влада. Оставката на премерската функција Заев ја поднесе вчера до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Во доставената оставка Заев […]

Џафери: Штом владата е во оставка, нема ни пратенички прашања


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги отфрли тврдењата на опозиџцијата дека без оглед на заминувањето на Зоран Заев од премиерската функција и владата во оставка, пратенички прашања треба да има. Според него, нецелисходно е да има пратенички прашања кога владата е во оставка. Џафери на брифинг со медиумите денеска најави дека на почетокот на денешната […]

Што предвидуваат Уставот и собранискиот Деловник по оставката на премиерот


Претседателот на Владата Зоран Заев вчера до претседателот на Собранието Талат Џафери ја достави најавената оставка на премиерската функција, која треба да биде констатирана пред денешната седница за пратенички прашања, со што почнуваат да течат уставните рокови за избор на нова Влада. Уставот на Република Северна Македонија и собранискиот Деловник ја регулираат постапката во случај […]

Во Собранието закажани шест пленарни седници


Во Собранието за денеска е закажана седница за пратенички прашања, како и продолжение на уште пет други собраниски заседанија. За во 11 часот во Големата сала е закажана 55-та собраниска седница, на чиј дневен ред е само точката за Поставување на пратенички прашања. Според најавите, пред оваа седница се очекува претседателот на Собранието, Талат Џафери […]

Владата во оставка – Силјановска бара пратенички прашања


Пратеничката Гордана Силјановска укажа на тоа дека утре, по констатирање на оставката на премиерот Зоран Заев во Собранието, нема зошто да не се одржи седница за пратенички прашања, како што претходно најави спикерот Талат Џафери. – Во членот 93 во ставот 5 јасно стои дека Владата на која е изгласана недоверба или која поднела оставка […]

Мицкоски го нападна Петков: Овој харвардовец не е храбар


  Ако ја анализираме оваа последна изјава на Кирил Петков за „Политико“, доаѓам до заклучок дека станува збор за политичар кој не е храбар. Зошто ова го кажувам? Затоа што ако неговата политичка кариера е пред интересот да има добрососедски односи со неговиот западен сосед кој што многу одамна требаше да ги започне преговорите со […]

Заев ја испрати оставката во Собранието


  Премиерот Зоран Заев денеска попладне ја испрати оставката до Собранието, како и што се очекуваше. Во неа тој наведува дека одлуката е логичен чекор по исходот на локалните избори и израз на преземената одговорност за изборните резултати. „Резултатите на последните избори, иако беа локални, за политичкиот момент во кој се наоѓа земјата имаа и […]

Бочварски не открива дали ќе биде дел од новата влада, вели мандатарот ќе одлучи


Не е мое да дискутирам кој би бил одговорен на кој ресор во идниот период. Тоа е прашање кое ќе го одговори идниот мандатар што ќе го добие мандатот да составува влада. Сметам дека сега е време да работиме, а не да лицитираме со имиња, посочи денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. -Сметам […]

Маричиќ: Одлуката да се пушти Мијалков од притвор ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите


Одлуката на Апелацискиот суд во Скопје да го пушти од притвор Сашо Мијалков ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите, напиша на Фејсбук министерот за правда Бојан Маричиќ.   Потсетувам, пишува министерот за правда, дека Мијалков беше лице под реален ризик за бегство и повод за настани кои ја вознемирија целата македонска […]

Доаѓањето и останувањето на власт не може да биде единствена кауза


На крајот од годишното обраќање претседателот Стево Пендаровски го прокоментира повлекувањето од политиката на досегашниот премиер Зоран Заев, со кого, како што рече, во изминативе десет години „заедно биевме битки во широкото граѓанско движење за човекови слободи и права“. – Независно од индивидуалните ставови на граѓаните за политиките на премиерот во заминување, на јавноста ѝ […]