ДУИ е за една изборна единица, oтворени листи и изборен праг од 5 проценти


Остануваме цврсто на нашиот став дека на државата и е потребна една изборна единица, но со отворени листи за пратеници и со изборен праг од 5 проценти од вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список – истакна во изјава за медиумите координаторката на пратеничката група на „Европски фронт“ и пратеничка на Демократската унија за интеграција, […]

Партијата на Села е за отворени листи и за осум изборни единици


  Претседателот на Албанската лига, Зијадин Села, денеска во изјава за медиумите истакна дека неговата партија околу Изборниот законик се залага за отворени листи, осум изборни единици и гласање на дијаспората електронски или по пошта на сите изборни циклуси. „Ставот на Албанската лига е јасен. Сите граѓани бараат отворени листи. Но, за жал имате политички […]

Апасиев: Постои таен договор меѓу ДПМНЕ и ДУИ за нова владина коалиција по изборите


„Има една скриена квака која никој не ја артикулира. Само ние ја артикулираме, но нашиот глас не допира до мејнстрим медиумите, а тоа е тајниот договор помеѓу ДПМНЕ и ДУИ“, рече претседателот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев во интервју за „Слободен печат“ околу измените на Изборниот законик. Тој потсети дека 61 пратеник […]

НАТО се подготвува за тежок самит, Трамп врши притисок да се троши повеќе


  Лидерите на НАТО ќе се соберат во Анкара во вторник по турбулентни шест месеци, надевајќи се – во случајот со другите 31 членка на алијансата – да го смират непредвидливиот Доналд Трамп, додека Вашингтон продолжува да врши притисок врз своите сојузници да ги зголемат трошоците за одбрана. Во понеделникот, Марк Руте, генералниот секретар на […]

Сиљановска Давкова учествува на Самитот на НАТО во Анкара


Во турската престолнина Анкара денеска почнува дводневниот самит на НАТО на кој ќе учествува и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Таа утре ќе учествува на Состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што ќе се одржи во претседателскиот комплекс „Бештепе“.  Таа ја ја предводи македонската делегација, во чиј состав се министрите за […]

Во Собранието утре повторен обид за договор за Изборниот законик


Во Собранието утре повторно ќе се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик, потврдија за МИА од владејачкото мнозинство. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека на утрешната средба ги очекуваат ставовите од СДСМ и ДУИ во врска со нивниот предлог за поштенско гласање на дијаспората, а целата […]

МВР и АНБ ja истражуваат мрежата што поттикнува омраза меѓу Бугарија и Македонија


Министерството за внатрешни работи (МВР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ) спроведуваат истрага против 20-ина комуникациски канали, меѓу кои веб-портали, како и страници и профили на Фејсбук и Инстаграм, поради сомневање дека биле користени за организирано ширење говор на омраза и поттикнување тензии преку содржини поврзани со односите меѓу Македонија и Бугарија, објави порталот Скопје […]

Гаши е за електронско гласање на дијаспората, но да биде загарантирана тајноста


  Претседателот на Собранието Африм Гаши ја поддржува идејата за електронско гласање, доколку се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето. Ги повика координаторите на пратеничките групи да се обидат да постигнат компромис за Изборниот законик.  На брифинг со новинарите претседателот на Собранието Гаши денеска рече дека електронското гласање било и во програмата на […]

Муцунски во Катар на средби со министрите за одбрана и за трговија и индустрија


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски кој престојува во работната посета на Катар, утрово оствари средба со заменик-претседателот на Владата и државен министер за одбрана, шеикот Сауд бин Абдулрахман бин Хасан бин Али Ал Тани. „Разговаравме за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на безбедноста и одбраната. Разменивме и мислења за актуелните […]

Гласањето по пошта на дијаспората е вмровска манипулација, вели СДСМ


  Позициите на СДСМ за Изборниот законик не се радикалистички како што сака да ги прикаже премиерот Христијан Мицкоски да ги прикаже. Туку, радикалистички е начинот на кој тој сака да го спроведе изборениот грабеж, изјави денеска на прес-конференција портапролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Откако сфати дека не може да го протне шверцерскиот начин за […]

Анкета на НАТО: Зголемена поддршката во Македонија за Русија и Кина


  Помалку од половина од Американците веруваат дека НАТО би ги поддржал доколку бидат нападнати, според внатрешна анкета на алијансата што ја видел „Политико“. Ова откритие доаѓа по постојаното критикување на воениот сојуз од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Само 43 проценти од возрасните во САД одговориле позитивно кога биле прашани дали НАТО ќе […]

ЛДП бара објавување на записниците: Лага е дека е усогласен текстот на Изборниот законик!


„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро реагира на опасните манипулации кои деновиве се пласираат во јавноста дека текстот за Изборниот законик бил ‘усогласен’. Презентирањето на очигледни невистини како готови факти е крајно неприфатливо и претставува директен упад во демократијата“, вели во својата видео изјава Дејанчо Цветановски, член на Извршниот одбор на ЛДП. Ваквите намерни медиумски манипулации, според […]

СДСМ: Во Македонија има двајца Мицкоски


СДСМ реагира на најавите од премиерот Христијан Мицкоски дека денес повторно ќе поскапат цените на горивата, истовремено не најавувајќи никакви мерки со кои ќе ги заштити граѓаните од новиот ценовен удар. -Исто како што кажа дека има пазари и компании кои работат со „повисоки маржи“, но рече дека „имињата засега нема да ги открие“. Тоа […]

Левица поднесе 47 амандмани на ребалансот – парите да се насочат кај граѓаните, а не кај партиските интереси на власта


Пратеничката група на Левица поднесе 47 амандмани кон Ребалансот на Буџетот за 2026 година, со кои бараме суштинска прераспределба на јавните средства кон области што директно го засегаат животот на граѓаните – безбедност, инфраструктура, животна средина, земјоделие, домување, социјална заштита, образование, култура, спорт и институционална отчетност. Ребалансот што го предлага ДПМНЕ е финансиски неодговорен и […]

Фон дер Лајен призна дека има „технички проблеми“ со новите гранични проверки во ЕУ


  Новиот дигитален систем за влез/излез на ЕУ се соочува со „технички проблеми“, призна претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во петокот. „Работиме со земјите-членки [за] да се решат техничките проблеми“, рече Фон дер Лајен на прес-конференција во Корк, Ирска. Системот за електронска гранична контрола е предмет на загриженост од неговото постепено воведување […]

Ќе биде или условно осудениот Димитар Димовски одговорен во Владата за доброто владеење?


  Владата сама, во рамките на кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски, ќе одмерува дали министрите или други функционери добро и примерно владеат, откако беше укинато вицепремиерското место со таква надлежност, кое досега го држеше Арбен Фетаи. Според информациите што почнаа да се појавуваат во медиумите, наводно, таа функција треба да ја врши човекот од доверба […]

Предлогот за разрешување и избор на нови членови на Владата пристигна во Собранието, седницата закажана за 13 јули


Предлогот за разрешување и избор на нови членови на Владата е пристигнат во Собранието, а седницата е закажена за в понеделник на 13 јули, информираат од собраниската прес-служба.  На дневен ред на 112. седница на Собранието се три точки – предлог за разрешување членови на Владата, предлог за разрешување на заменици на министри во Владата […]

Украина и Молдавија ќе го отворат кластерот за надворешна политика за членство во ЕУ


  Земјите од ЕУ се согласија да започнат преговори со Украина и Молдавија за заедничките правила на блокот за надворешна политика како дел од следниот таканаречен кластер преговори, изјавија тројца дипломати за „Еурактив“. Се очекува одлуката – одобрена денес на техничко ниво од страна на дипломатите – да биде одобрена од амбасадорите на ЕУ следната […]

Филипче: Во ребалансот на Буџетот фалат пари за пензиите, се крати кај ранливите категории


Нема раст, нема повисоки плати, има само долгови и осиромашување на граѓаните, обвини претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, на денешната прес-конференција критикувајќи го ребалансот на Буџетот, кој, како што додаде, води кон нови задолжувања и дополнително осиромашување на граѓаните. Според Филипче, само шест месеци по носењето на Буџетот за 2026 година, […]

Мицкоски ја спушти црвената линија – би прифатил гласање по пошта за дијаспората


  Премиерот Христијан Мицкоски  очекува во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри, исто како и во декемврискиот. Тој уште еднаш повика на разговори со опозицијата за Изборниот законик за што рече дека сè уште има шанса да биде донесен и да биде исполнет и десеттиот чекор од зададениот грејс-период.    „Oчекувам и во овој […]