Демократската партија на Турците официјално се приклучи на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ


  Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците, Христијан Мицкоски и Зулфикар Зејнула, денеска потпишаа договор за влегување на помалата партија во колаицијата „Твоја Македонија“. Со ова, како што изјави, Мицкоски, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има 59 пратеници во Собранието. Пратеникот Бејџан Илијас беше избран во Собранието како дел од „Европскиот фронт“ што го […]

Идната недела Украина и Молдавија ќе отворат по два кластера во преговорите со ЕУ, а Црна Гора и Албанија ќе затворат по три


  Четири земји-кандидатки за ЕУ ​​треба да постигнат постепен напредок во нивните кандидатури за пристапување следниот вторник, непосредно пред летните паузи во Брисел. Се очекува Украина и Молдавија да го отворат вториот од шесте кластери реформи, што ги опфаќа надворешните односи и надворешната политика, иако многу земји од ЕУ се надеваа дека Киев ќе напредува […]

СДСМ и Левица не ја „купуваат“ приказната на власта за дијаспората


  Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) повторно порача  дека не се против правото на дијаспората да гласа, туку се против неконтролирани модели на гласање кои можат да отворат простор за изборни злоупотреби. На прес-конференција, портпаролката Богданка Кузеска рече дека премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја излажат јавноста преку прашањето за измените на Изборниот законик. […]

Бериша му се извини на Влен, Рама се однесувал како „Лукашенко од Белорусија“


Лидерот на албанската Демократска партија (ДП), Сали Бериша,  остро го осуди задржувањето на функционери од Влен на граничниот премин Ќафасан. За постапката, Бериша ги обвини премиерот Еди Рама и министерот за внатрешни работи, Бесфорт Љамалари. „Во невиден антиалбански чин уште од диктатурата на Енвер Хоџа и во многу сериозен дипломатски и политички скандал, по наредба на […]

ВМРО-ДПМНЕ ја брани Кочоска: Не била „сметководителка“ туку „жена, мајка, ќерка и активен граѓанин“


  ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осуди, како што наведува, навредите што пратеникот Фатмир Битиќи ги упатил кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска за време на собраниската расправа. Од владејачката партија истакнуваат дека Димитриеска-Кочоска, покрај тоа што извршува јавна функција, е „жена, мајка, ќерка и активен граѓанин на Република Македонија, човек со интегритет и докажана професионалност“. Во соопштението се […]

Едноцифрените рејтинзи биле причина за блокада на Изборниот законик. Но можеби и падот во анкетите на ВМРО-ДПМНЕ


  ВМРО-ДПМНЕ во редовната утринска тура на соопштенија објави дека лошите едноцифрени рејтинзи „на ниво на статистичка грешка на СДС, Левица и ДУИ е причина што го опструираат и го блокираат новиот Изборен законик“. И објаснуваат дека Левица, откако увидела дека рејтингот им се намалува и не им оди како што посакуваат, со непотпишувањето на […]

Има еден виновник за Изборниот законик – Христијан Мицкоски, велат од СДСМ


  Опозицискиот СДСМ денеска остро ги отфрли тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека проблемот што нема консензус за Изборниот законик е кај опозицијата и рече дека  единствениот виновник е токму тој. „Мицкоски вели да сме кажеле што сакаме за Изборниот законик, ќе прифател. Кажуваме, сакаме да не ги крадеш гласовите на граѓаните на избори, преку […]

Четвртото лице со функционерите на Влен имало забрана за влез, вели албанската полиција


  Немало никаков проблем со тројцата функционери на Влен на граничниот премин „Ќафасан“, туку четвртото лице што било со нив имало забрана за влез во Албанија. Такво објаснување даде денеска шефот на албанската државна полиција по реакциите во Македонија. Според првиот човек на албанската полиција, Скендер Хита, на граничниот премин пристигнале четири лица, од кои […]

Изгравиран револвер за секој лидер на НАТО, подарок од Ердоган. Давкова нема да го пипне


Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им подари на секој лидер на НАТО гравиран револвер со нивното име и кутија со боева муниција по самитот на алијансата во Анкара. Ердоган, исто така, му даде на секој лидер писмо со кое се откажува од извозните контроли на Турција за оружјето за да им се дозволи да го […]

МНР бара објаснување од албанската амбасада, Гаши од Тирана за „црната листа“ за ВЛЕН


Претседателот на Собранието Африм Гаши бара одговор од Албанија, а во МНР се очекува да биде повикан албанскиот амбасадор во Македонија, Денион Мејдани, дознава „Слободен печат“ од високи функционери од власта, откако вчера, на пратениците Беким Ќоку и Аднан Азизи, како и на заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, им бил забранет влез во Албанија. […]

Мицкоски ја обвини Левица дека прави театар со Изборниот законик


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска уште еднаш ја обвини Левица дека го спречува носењето на Изборниот законик и прави „театар за нивниот мал број гласачи“. Тој го чека предлогот на опозицијата за Изборниот законик со цел тој да биде донесен, а со тоа државата да ги исполни сите од предвидените 10 реформски чекори, кои треба […]

По шокот на Ќафасан со функционерите Влен бара објаснување од Албанија


  Неочекуваниот „инцидент“ на граничниот премин Ќафасан“ кон Албанија предизвика вознемиреност во Влен бидејќи таму беа задржани тројца функционери на партијата од албанската гранична полиција наводно без образложение. Во групата биле координаторот на пратеничката група на Влен, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани. Тие биле задржани околу еден час, […]

Левица: Со нов Изборен закон власта ќе има 4 милиони евра, без него – десет милиони!


  Додека пред меѓународните чинители Мицкоски и ДПМНЕ глумат дека Изборниот законик им е реформа за која многу силно се борат да се донесе, се обидуваат одговорноста за неговото недонесување да ја префрлат врз опозицијата, велат од опозициската Левица.  „Партијата која има мнозинство во Собранието, ја предводеше Работната група и го предложи текстот на законот […]

Филипче ги повика луѓето од Платформата на дебата во СДСМ. Не се планираат исклучувања од партијата


         Претседателот на СДСМ вечерва во интервју за Сител изјави дека не се планира исклучувања од партијата на луѓето што беа на затворената средба за реформи на партијата и ги повика таа дебата да се води внатре во партијата. Венко Филипче рече дека Платформата што се промовира надвор од СДСМ најмногу потсетува […]

ЗХГ: Криминогените партии сакаат повторно да ги забранат независните кандидати!


Зелен хуман град реагира на преговорите околу измената на изборниот законик со кои и натаму се задржува спорното решение околу бројот на собрани потписи, а јавноста се замајува со споредни прашања.  „Деновиве јавноста континуирано е бомбардирана со какафонија од информации поврзани со измените и донесувањето на новиот Изборен законик, но многу малку од тие информации […]

Кос ни кажа како се создава доверба меѓу Македонија и Бугарија


  Еврокомесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос, јасно ја „нацрта“ намерата Македонија со Црна Гора и со Албанија да стане земја членка на ЕУ во скорешна иднина,  практично молејќи го државниот врв да направи чекор и да им ја олесни таа задача – иницирајќи процес за уставни измени. Фалејќи ја реформската агенда на […]

Не пет, туку осум земји од ЕУ се против отворањето нов кластер за Србија


  Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија, собрани во Комитетот на постојани претставници (Корепер), не дадоа зелено светло за отворање на Кластерот 3 за Србија на денешниот состанок одржан во Брисел, неофицијално дознава „Современа политика“. Како што прецизираат извори од дипломатски кругови, осум земји-членки на ЕУ биле против давањето нов чекор во европската интеграција на […]

Сиљановска од НАТО: Потребно ни е повеќе кантијанизам, а помалку макијавелизам во политиката


Потребно ни е повеќе кантијанизам, а помалку макијавелизам во политиката, порача претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова во својата изјава пред почетокот на НАТО самитот што се одржува во Анкара. Во своето обраќање до медиумите претседателката го истакна значењето на европското проширување како клучен фактор за стабилноста и безбедноста на целиот евроатлантски просто.Таа нагласи дека […]

Еврокомесарката за проширување Марта Кос во посета на Скопје


Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска ќе пристигне во Скопје да разговара за патот на земјата кон ЕУ и напорите за реформи, со фокус на спроведувањето на агендата за реформи во рамките на планот за раст за Западен Балкан. До денес земјата доби 142,1 милиони евра во рамките на Инструментот за реформи и раст по […]

Кос: Покажавте силни перформанси за реформската агенда, доаѓам во Скопјe за да охрабрам прогрес


Покажавте силни перформанси во рамките на реформската агенда. Доаѓам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото тоа и во пристапните преговори затоа што сега имаме можност која се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето – вели во интервју за МИА еврокомесарката за преговори за проширување и соседска политика непосредно […]