Рокас: Изборниот законик е добар, партиите да постигнат консензус


За заглавените измени на Изборниот законик кои се важен дел од реформскиот пакет, евроамбасадорот Михалис Рокас вели се уште има дискусија за него и дека потребен е консензус меѓу партиите. Според Рокас, законот сам по себе е добар. -ОДИХР и ЕК дадоа позитивна оценка, но она што преостана се модалитетите. Јас разбирам дека има несогласувања […]

Левица барала да се укине платеното политичко рекламирање, ВМРО-ДПМНЕ одбил


Левица бараше една изборна единица и укинување на парите за рекламирање – за „скромните“ ДПМНЕ тоа беше апсолутно неприфатливо, велат од партијата во соопштение до медиумите. „Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични. Тие доаѓаат од партијата која зема најголем дел од колачот и на платеното политично рекламирање, со двоцифрени проценти, и партија со најдебела […]

Георгиевски пресмета дека Македонија губи 8 милијарди евра поради закочената евроинтеграција


Екс-премиерот и актуелен претседател на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски смета дека Македонија губи многу финансиски средства поради закочениот европски пат. „Многу бледо помина во македонскиот информативен простор дека Хрватска досега од ЕУ добила 21 милијарди евра нето, а Црна Гора веќе е вклучена во новиот буџет на ЕУ со 3.2 милијарди евра како нова членка. […]

СДСМ прашува: За кои реформи и пари зборува Кочовска?


СДСМ реагира на тврдењата дека Македонија била „реформски лидер“ прашувајќи кои се тие реформи и колку многу се тие пари што ќе ги добие државата, сега кога е објавено дека Црна Гора ќе добие над три милијарди евра, а ние само шеесетина милиони..   -Министерката за финансии зборува за пренасочување на европски средства кон „реформски […]

Мицкоски нема претседателски амбиции, сака подолго да биде премиер


Немам амбиција да се кандидирам за претседател на државата, но како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на следните парламентарни избори, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски. – Кога ќе завршам со овој дел од мојот живот како претседател на Владата ќе се вратам на факултет кај студентите. Јас никогаш […]

Мицкоски за Левица: Ве гледаат во очи и ве лажат


  „Замислете да им дадете можност да управуваат со институции. Замислете да им дадете можност тие да одлучуваат за вашата иднина. Кога тие во очи ве гледаат и ве лажат, а зад завеса прават нешто сосема друго“. Вака денеска од Неготино премиерот Христијан Мицкоски ги оквалификува пратениците на Левица и лидерот на партијата Димитар Апасиев […]

Левица го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Власта туркаше Изборен закон без консензус


  Власта се обиде Изборниот законик да го протне без вистински политички консензус, игнорирајќи суштински прашања кои директно влијаат врз фер и демократскиот изборен процес и вметнувајќи одредби што никогаш не биле предмет на јавна расправа или политички договор, тврди Левица во денешната реакција, демантирајќи ги твдењата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека Левица го блокира законот […]

ЕУ ќе ги пренасочи средствата од реформскиот фонд кон Црна Гора, Албанија и Македонија


ЕУ ќе ги пренасочи средствата од реформскиот фонд за Западен Балкан кон земјите што се предводници во процесот — Црна Гора, Албанија и Македонија — бидејќи другите земји тешко ги исполнуваат реформските рокови, објави „Еуроњуз“. Европската комисија планира да ги прераспредели средствата од инструментот создаден за финансиски да ги поттикне земјите од Западен Балкан да ги […]

СДСМ не ѝ верува на партијата што местеше избори дека сака фер изборни измени


  По насилното укинување на техничката Влада, Христијан Мицкоски сака со сила да воведува автократски модели. Сега сака изборен закон со кој никој нема да контролира околу 200.000 гласови, обвини и денес СДСМ, најавувајќи практично дека останува на десетте илјади амандмани со кои сака да го спречи донесувањето на измените на Изборниот закон.   „ВМРО-ДПМНЕ […]

СДСМ ги нарече „квислинзи“ учесниците на платформата за „обединување на опозицијата“


СДСМ ги нарече „квислинзи“ учесниците на дебатата најавена како „платформа“ за разговори за иднината, оценувајќи дека тоа  е уште еден во низата обиди на Христијан Мицкоски да создаде контролирана опозиција. Како што беше објавено вчера, на дебатата зад затворена врата беа луѓе блиски до Бранко Црвенковски, но и Славјанка Петровска, екс-министерката за одбрана, и Моника […]

Филипче: Ќе го номинирам Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку социјалните мрежи извести дека ќе го номинира градоначалникот на Општина Центар, во два мандати, Горан Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ. „Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда […]

Левица поднесе 3.500 амандмани на Изборниот законик


  Собраниска архива веќе прима 3.500 амандмани на Изборниот законик поднесени од Левица. Според нејзиниот лидер, Димитар Апасиев, Левица е единствената партија што е оштетена со останувањето во сила на актуелниот Изборен законик поради процентот за државно финансирање на политички партии за избори. „Онаму каде што се запна е електронското гласање за коешто СДСМ не […]

Филипче: Ваквиот Изборниот законик не е ниту европски, ниту демократски


  Изборниот законик вака како што е предложен не е ниту европски, ниту демократски, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конферениција. Според него, сегашното предложено законско решение, особено во делот на гласањето на дијаспората по електронски пат, отвора сериозни сомнежи за регуларноста и легитимноста на изборниот процес. „Денеска, премиерот го слушнавме сите, рече […]

Нема договор за Изборниот законик, следува блокада со илјадници амандмани


  И по денешната средба на координаторите на пратеничките групи во Собранието нема договор за измените на Изборниот законик. Спорно остана електронското гласање на дијаспората, кое беше црвена линија на ВМРО-ДПМНЕ за договор, но и целосно неприфатливо за СДСМ. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, очекува дека Изборниот законик ќе остане блокиран и […]

Мицкоски не сака да биде претседателски кандидат на изборите во 2029 година


  Премиерот Христијан Мицкоски нема намера да се кандидира за претседател на државата на изборите во 2029 година. На денешната прес конференција тој порача дека по завршувањето на премиерскиот мандат ќе се врати на факултет. Изјавата ја даде во контекст на разговорите за новиот Изборен законик, при што рече дека се шират шпекулации оти предлогот […]

Влегувањето на Црна Гора во ЕУ ќе чини „помалку од едно кафе“, вели ЕК


БРИСЕЛ – Влезот на Црна Гора во Европската унија ќе чини 3 милијарди евра во текот на следниот буџет на блокот, соопшти Европската комисија. Малата балканска земја, која се очекува да се приклучи на блокот во 2028 година, треба да добие субвенции на земјоделците и регионални исплати од централната готовина на ЕУ откако ќе стане […]

Лукровски оздравел, се враќа на работа


Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски по речиси двомесечно отсуство поради здравствени причини, од вчера повторно се вратил на работа. Во изминатиот период, додека Лукровски беше на боледување, со општината раководеше заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, кој имаше овластување привремено да управува со работата на локалната самоуправа и да ги извршува тековните обврски. Неговото враќање става крај […]

Заменикот на Љутков, Седат Сулејмани, ќе го наследи како министер за култура


  Се очекуваа повеќе промени, излегоа помалку. Премиерот Христијан Мицкоски синоќа ги кажа имињата на новите министри што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ исто така, а денес се јавни и предлозите на Вреди. Нов министер за култура ќе биде Седат Сулејмани, кој досега беше заменик-министер во ресорот што го водеше Зоран Љутков. Нов министер за односи […]

СДСМ: Реконструкцијата на Владата козметичка промена, нè очекуваат предвремени избори


Нема резултати – има театар со реконструкција.Ова не е реформа на Владата туку козметичка промена на истата криминална структура, се вели во соопштението од СДСМ.  Од СДСМ велат дека некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти. „Внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – […]

Мицкоски ѝ се закани на Левица: Нема веќе да ве толерираме


  Зборувајќи за заглавените измени на Изборниот законик, премиерот Христијан Мицкоски попладнево изјави дека веќе да ја „толерираат непринципиелната политика на Левица“, затоа што едно се договориле во работната група, а после поинаку постапувале. Тој уште рече дека за ВМРО-ДПМНЕ црвена линија во разговорите за Изборниот законик е дијаспората да гласа електронски. Гостувајќи во емисијата […]