Мециновиќ очекува победа во второто полувреме


Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, синоќа порача дека во второ полувреме ќе ја победи онаа визија која 30 години ни ги креира судбините, откако беше извесно дека тој ќе биде противкадидатот на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, во вториот круг на локалните избори на 2 ноемри. „Денеска не само што Левица влезе […]

Мицкоски: Ова е триумф на народот, Македонија не избра партија туку вредност и насока


Ви ветивме победа и имаме победа. Ова е триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока, избра вредност, избра луѓе кои веруваат во работа, а не во зборови, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во обраќањето по завршениот прв круг на Локалните избори. Порача и дека следните две недели се и вториот […]

Четири неизвесни „К“ на изборите


Куманово, Кичево, Кочани и Карпош се четирите општини кои не избраа градоначалник во првиот круг на изборите. За разлика од општата предвидлива и монотона слика на резултатите од другите општини, овде се случија непредвидливи ситуации: Во Карпош не успеја да победи ВМРО-ДПМНЕ, па во вториот круг ќе одат Сотир Лукаровски и Стевчо Јакимовски од ГРОМ. […]

(Во живо) Прес конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски


  Победа и ветување дека уште повеќе ѓе се работи – беше пораката на прес конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.  – Ви ветивме победа и имаме победа! Триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока. Избра вредности.Избра луѓе што веруваат во работа, а не во зборови. Но, оваа убедлива победа не е крајот. […]

Филипче објави победа во три општини, СДСМ води во девет останати


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на прес конференција објави дека СДСМ победила во три општини – во Крива Паланка, Кривогаштани и во Богданци и дека води во девет други.За Град Скопје и изборот на градоначалник кој рече дека ќе ги почека резултатите за да биде прецизен.  „Најпрво, сакам да упатам честитки за добро организираниот изборен […]

Бујар Османи му честиташе победа на Меџити во Чаир


Кандидатот на коалицијата НАИ за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи се огласи на својот фејсбук профил. Како што вели, најпрво сака да го изрази неговото задоволство од изборниот ден. „Оценувам дека имавме успешен изборен ден, без поголеми забелешки, и верувам дека тоа е важно да се потенцира. Сакам да изразам благодарност до сите соработници […]

Во Тетово веројатно ќе има втор круг, предноста на Касами е недоволна


  Со пребројани 89, 74 отсто од гласовите на изборите за градоначалник на Тетово сосема е веројатно дека таму ќе има и втор круг. На денешните избори најмногу гласови досега има актуелниот градоначалник Билал Касами од „Вреди“, 17.052 (или 47,05 отсто), а втор е Бајрам Реџепи од коалицијата околу ДУИ со 13.390 (или 36,95 проценти). […]

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, во некои општини разликата оди и до 10:1


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, вечерва изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, и дека разликата е некаде 3:1, има општини каде што е 6:1, 7:1, а има општини каде што е 10:1. Во некои општини СДСМ е трета партија, рече тој. „Досега веќе се одбраа градоначалници во Кисела Вода, во Охрид, во […]

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини


Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), со пребројани 55 отсто од гласовите, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, води со 41,04% од гласовите. Зад него се Амар Мециновиќ од Левица со 12,63 гласови, Башким Бакиу од ВРЕДИ со 11,95 отсто и каја Шукова со 11,20 отсто. […]

Во Карпош пата-пата, води Лукровски, но Јакимовски очекува победа во вториот круг


  По избројани 40 отсто од гласовите во Општина Карпош води Сотир Лукровски, кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пред досегашниот градоначалник и лидер на ГРОМ Стевчо Јакимовски, како кандидат на коалицијата „Искуство за успех. Како што изјави вечерва Јакимовски, предноста на Лукровски била 266 гласови или, како што рече „пата-пата“. Тој очекува […]

Сашко Митовски прогласи победа во Крива Паланка, СДСМ доби пет општини и води во Центар


Кандидатот на СДСМ во Крива Паланка, Сашко Митовски, вечерва преку социјалните мрежи објави дека победил во првиот круг со „над 1.000 гласови предност“. Објавата доаѓа додека Државната изборна комисија сè уште ги внесува записниците од избирачките места и не соопшти конечни резултати за општината. Според јавните пораки на штабовите и локалните профили поврзани со кампањата, […]

Први резултати од изборите: ВЛЕН води во Чаир, ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Гази Баба и во Струмица


Од изборните штабови веќе почнаа да пристигнуваат првичните резултати. По нешто повеќе oд 10 отсто од пребројаните гласови во Гази Баба, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 1.543 гласа, СДМ – 527, а за Левица гласале 307 гласачи. Вo оваа општина според податоците од ДИК до 18,30 часот на гласање излегле 41,97% од запишаните гласачи. Во Струмица владејачката […]

За Сиљановска-Давкова изборите биле здодевна изборна граѓанска слика


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на првиот круг од локалните избори гласаше во ООУ „Коле Неделковски“ во општина Центар. Во изјава за медиумите, таа рече дека очекува пристојни, фер и демократски избори. „Очекувам 30-годишното изборно искуство да се повтори, значи очекувам пристојни, фер и демократски избори. Малку е покомплицирано на прв поглед, има повеќе листи, но според мене тоа им дава поголем […]

(ВИДЕО) Прес на Тимчо Муцунски по завршување на изборите


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во 19:20 часот,  во просториите на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, во Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1), даде изјава за медиуми. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски вечерва на прес конференција аизјави дека партијата е на прагот на голема победа и дека денешниот изборен ден поминал во мирна, фер и демократска атмосфера, […]

Шукова: Денеска гласаме за подобро, похумано и поубаво Скопје


Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ Каја Шукова денеска ги повика граѓаните да гласаат на фер, мирен и демократски начин. – Сметам дека секој глас на секој граѓанин е важен во изборниот процес без разлика дали се локални или парламентарни избори бидејќи го прават изборот за она што го очекуваме понатаму. Денеска гласаме за […]

Ѓорѓиевски: Ден кога гласот на народот ја обликува иднината


Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека денешните локални избори се  празник на демократијата.   „Ден кога гласот на секој граѓанин има сила да ја обликува иднината. Ве повикувам да излезете масовно, да го остварите своето право на глас и да го направите изборот што го заслужувате вие, вашите деца и генерациите што […]

Филипче посакува мирни и фер избори


Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, денеска го оствари своето избирачко право, а порача да има фер и мирни избори. „Оочекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори. Ги повикувам луѓето да излезат во што поголем број. Многу е важно да избраните градоначалници, советници добијат легитимитет од голем број граѓани. Тоа е наше право и […]

Гаши: Оваа кампања беше најдобар пример за демократија


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денес го оствари своето граѓанско право, гласајќи на локалните избори 2025. Во својата изјава за медиумите по гласањето, претседателот Гаши им честиташе на граѓаните и на сите политички фактори за водењето на достојна и безинцидентна кампања, потенцирајќи дека изборниот процес досега поминал на примерен начин. „Сметам […]

Мицкоски очекува уште една историска победа


Историска победа очекува премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска го оствари своето право и гласаше на локалните избори. „Денеска е, би рекол ете, ден кога се одржува првиот круг гласање за локалните избори. Од информациите со коишто до сега располагам, можам да кажам дека денот поминува мирно, достоинствено, онака како што се […]