Две лица во Прилеп лишени од слобода поради давање поткуп околу изборите


  Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. Досега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, изјави на прес-конференција портпаролот на МВР, Гоце Андреевски. Сепак тој додаде дека во Прилеп од слобода биле лишени две лица поради „поткуп при избори и гласање“.   […]

До 17 часот своето право на глас го искористиле 39,61 % од избирачите


До 17 часот на денешното гласање на првиот круг од локалните избори, своето право на глас го искористиле 39,61 проценти од запишаните гласачи во избирачкиот список. Државната изборна комисија информираше дека добиле податоци од .221 избирачки места каде право на глас имаат 1.699.296 гласачи. По евидентирање на излезноста до 17 часот и понатаму во тетовскиот […]

Починати лица и на овие избори „гласаат“


Ако во Кичево не можат да гласаат живите, во Чаир, според видеото објавено од Порталикс, право на глас имаат и починатите. Во избирачкиот список на избирачкото место во основното училиште „Иднина“, се појавуваат имиња на лица кои, како што тврдат нивните семејства, починале пред две години. Роднините на починатите велат дека се шокирани кога ги […]

Пратеник и министер избркани во тетовско откако се обиделе агитираат


Генералниот секретар и пратеник на една партија и министер, се обиделе да учествувата во нелегална агитација во селата Селце и Вејце, но според локални извори, жителите ги избркале. Жителите го опишале доаѓањето како провокација, нагласувајќи дека „нема потреба луѓе кои досега не покажале интерес за проблемите на селото да се појавуваат тука“.

Независна листа во Општина Центар поднесе приговор, им го заборавиле логото на гласачкото ливче


Независна листа во Општина Центар поднесе приговор во Државната изборна комисија оти им го нема логото на гласачкото ливче. На листата со кандидати за градоначалници и советници за општина Центар не е испечатено логото, што според нив е спротивно на членовите од Изборниот законик 97 Став 1 и 98 став 1. „Врз нашите канидати е […]

ДИК: Излезеноста до 15 часот е 31,34 отсто


Излезеноста на гласачите на локалните избори до 15 часот на ниво на државата изнесува 31,34 отсто, информира Државната изборна комисија (ДИК). Процентот е изведен од обработени 3.444 избирачки места, што е 99,14 отсто од вкупниот број. Како што може да се види на веб-страницата на ДИК каде што сукцесивно се објавуваат податоците, од 1.832.415 запишани […]

До 13 часот излегле да гласаат 20,12 отсто од избирачите


  Излезеноста на локалните избори до 13 часот е 20,12 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Оваа излезност се однесува на податоците од 3.207 гласачки места, а вкупно има 3.474. До 13 часот гласале 335.244 граѓани.Гласањето се одвива без проблеми и засега од општинските изборни комисии, како и од избирачките одбори до ДИК не се […]

Излезеноста на изборите до 9,15 часот е три отсто


  Одѕивот на локалните избори до 09.15 часот е три отсто, а гласале 41.890 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко, споделувајќи податоци од 2.672 избирачки места (76,91 процент) во кои се запишани 1.394.158 граѓани.  Тој повтори дека сите гласачки места се отворени навреме и оти гласањето се одвива без […]

Во Скопје со право на глас 474.304 граѓани, ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници


Скопјани на Локалните избори 2025 имаат можност да избираат градоначалник на Град Скопје меѓу 16 кандидати, од кои само една жена. За 45 советнички места има поднесено 19 листи со 855 кандидати. Тие исто така гласаат и за градоначалници и за советници на скопските општини во кои живеат. Па, така, на изборните места ќе добијат […]

Локалните избори ќе ги следат 1.451 домашни и странски набљудувачи


Осмите Локални избори во земјава ќе ги мониторираат 1451 домашни и странски набљудувачи. Државната изборна комисија акредитираше 807 домашни и 644 странски набљудувачи. Акредитирани за следење на изборите се и 12 странски новинари. Најмногу домашни набљудувачи има Здружение за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП” – Скопје – 549. Изборите ќе ги набљудуваат и МКЦ-Битола […]

Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.832.415 граѓани


Во 7 часот почна гласањето на осмите локални избори од осамостојувањето на државата. Од Државната изборна комисија (ДИК) потврдија дека избирачките места се отворени.  Се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани. На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати […]

Граѓаните по осми пат избираат локална власт


Во земјава денеска се одржуваат осми Локални избори, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Во Избирачкиот список се запишани 1 832 415 избирачи кои треба да гласаат на 3474 избирачки места во земјата за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските […]

Филипче вели дека завршува времето на ЗНАМ и Димитриевски, ќе одат во политичка пензија


  Во недела да излеземе масовно на гласање, да ја подигнеме партијата, да покажеме дека СДСМ е тука, дека СДСМ е силен и дека падот на ВМРО-ДПМНЕ започнува веќе од понеделник, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на митингот во Куманово. „Во недела влегуваме во силна борба. И таа борба ќе ја […]

Мицкоски верува дека ја води Македонија напред, повика на масовна излезност


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во Тема на денот, на Сител, ги повика граѓаните на масовна излезност во недела и истакна дека на овие локални избори граѓаните имаат можност да изберат помеѓу две опции, едната понуда со која Македонија оди назад и другата понуда е опцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со која […]

Филипче до граѓаните: Вашата сила е во гласањето, покажете ја в недела


  „Вашата сила е во гласањето! Ве повикувам да ја покажете таа ваша сила во недела! Со масовно излегување на гласачките места. Со вашиот глас да пратите силна порака затоа што на Македонија ѝ се потребни промени“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на митингот во Крива Паланка. Пред граѓаните на полниот плоштад, Филипче се […]

Левица: Мицкоски се преставува како патриот, а не напаѓа во интерес на Касами


Со разочараност, но без изненадување, констатираме дека Христијан Мицкоски ја помина целата изборна кампања со промовирање на коалицискиот партнер ВРЕДИ и со напад врз Левица, наместо со патриотски став и поддршка на македонските кандидати во Струга, Тетово и Гостивар. Наместо да повика на поддршка (макар и скришум), тој одбра да води кампања против Левица и […]

Мицкоски ја сврте плочата: „Предавниците“ станаа политичари кои верувале во тоа што го прават


  Многумина од луѓето што со денови протестираа пред Собранието кога се носеше Преспанскиот договор и кога ечеа обвинувањата за „предавници“ и праведни „патриоти“, вчера можеби се штипеа за образите кога го слушаа премиерот како дава нови толкувања за двата меѓународни договори кои без прекин ги оцрнуваше и со тоа деноноќно работеше за да го […]

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја приватизира државата


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и денеска на митинзите главен акцент стави на економската ситуација во државата, велејќи дека народот осиромашува, а Владата кажува лажни успеси. „Го слушате премиерот Мицкоски од митинг на митинг зборува за некакви си економски ‘успеси’, мислејќи дека граѓаните не ја чувствуваат и не ја гледаат реалноста. Буџетот на државата […]

Мицкоски се занимаваше со СДСМ – партијата била расцепкана на фрагменти


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во општина Аеродром главно се посвети на опозициската СДСМ тврдејќи дека тоа била партија со многу проблеми и дека била фрагментирана. Тој рече дека од кампањата дознале „дека нема ништо поретко и ендемично од тоа да видиш пратеник на СДСМ на митинг на СДСМ, дека подобро […]

Хелсиншки комитет: На децата не им е место во политиката


Хелсиншки комитет за човекови права најостро реагира на сѐ почестите случаи на злоупотреба на деца и малолетници во политички активности во пресрет на претстојните локални избори. Иако официјалната изборна кампања завршува за неколку дена, на социјалните мрежи може да се забележат бројни фотографии и видеа каде децата се злоупотребени за политички цели од страна на […]