ВЛЕН:Таравари сакаше шест општини, остана со четири, а заврши со нула


Од коалицијата ВЛЕН денеска реагираат за неуспехот на локалните избори во општините Гостивар и Врапчиште, каде што не е исполнет цензусот, посочувајќи дека тоа е јасен одговор на политичките акробации што со месеци се прават во име на Албанците, но за лични интереси. „Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на […]

Арсовска до Ѓорѓиевски: Нека ви се честито дивоградбите


Актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска остро реагираше на социјалните мрежи по објавата на кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски, кој соопшти дека добил поддршка од новоизбраниот градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, и од кандидатот на коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу. Во својата објава на Фејсбук, Арсовска со фотографија од средбата напиша: „Нека ви […]

Орце Ѓорѓиевски – уште еден политиколог во трката за градоначалник на Скопје


  Aктуелниот градоначалник на скопска Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој е кандидат за градоначалник на Град Скопје на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, оди во второт круг за избор на нов градоначалник на Скопје заедно со Амар Мециновиќ од Левица. Кој е Ѓорѓиевски? Ѓорѓиевски е роден 1987 година. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје, на Одделот […]

Запознајте го Амар Мециновиќ – најмладиот кандидат за градоначалник на Скопје


  Амар Мециновиќ од Левица ќе се соочи со Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од локалните избори, како кандидат за градоначалник на Скопје.  Чаирското дете, кое со остри реплики и издржани аргументи се спротивставуваше на советници во Град Скопје од 2022 до 2024 година, особено кога се дебатираше за јавниот превоз во главниот […]

Вајц: Прашања поврзани со идентитетот го блокираат македонскиот напредок на европскиот пат


Македонската Влада полека, но сигурно, ги спроведува агендите поврзани со малцинствата, безбедносните прашања, коридорите и другите прашања, со што има одреден напредок, но засега се уште ни недостига вистински пробив за напредок на европскиот пат, изјави известувачот на Европскиот парламент за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц. – Северна Македонија се уште е блокирана од Бугарија. […]

Премиерот Мицкоски во дводневна посета на Обединетото Кралство на Самитот за Западен Балкан-Берлински процес


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација ќе присуствува на Самитот за Западен Балкан, кој оваа година се одржува во Лондон, Велика Британија. Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Мицкоски, заедно со вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, како и […]

Изборите беа засенети од правни недостатоци и политичка поларизација, оценуваат меѓународните набљудувачи


Локалните избори одржани на 19 октомври беа конкурентни и на гласачите им овозможија вистински избор меѓу различни политички алтернативи, но беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација, соопштија меѓународните набљудувачи во денешната изјава за прелиминарните наоди и заклучоци. Според заедничката набљудувачка мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права […]

Во Битола веќе ќе нема „кочничари“, ВМРО-ДПМНЕ ја има целата власт


  БИТОЛА – Во Битола локалните избори завршија во првиот круг. Убедлива победа на Тони Коњановски и ВМРО-ДПМНЕ. После четири години локална власт на Коњановски, битолчани вчера го избраа уште во првиот круг (со освоени 18.813 гласа) и направија разлика од близу 11.000 гласови од второпласираната, независната кандидатка Габриела Илиевска. На овие избори сите ученици […]

Со помалку гласови поголема победа: Бројките на триумфот на ВМРО-ДПМНЕ


  ВМРО-ДПМНЕ доби 130.000 гласови помалку отколку на ланските парламентарни избори, а сепак однесе триумфална победа на комуналното гласање во неделата. Причината не е само во тоа што имаше помала излезност за 110.000 од ланските избори (995.000 наспроти 884.000), туку и поради тоа што расположението на гласачите не е толку акламативно кон паартијата како лани. […]

ДУИ го победи ВЛЕН, но го загуби „дербито“ во Чаир. А и во Сарај


  Бројот на освоени градоначалнички места или влез во вториот круг е впечатлива математика, но не е целосна. Така е и во македонскиот, така е и во албанскиот политички блок. Според податоците на ДИК, коалицијата ВЛЕН има веќе добиено или ќе влезе во вториот круг во битката за градоначалник во девет општини, а коалицијата околу […]

Билјана Ивановска не се откажува: Системот е крив само кога сме неми набљудувачи


Независната кандидатка за градоначалник, Билјана Ивановска, реагираше преку фејсбук на резултатите од вчерашните избори порачувајќи дека поддршката што ја доби се гледа дека во Центар има критична маса  што не размислува по партиска шема и дека промените мора сами да ги направиме.   „Огромна благодарност за поддршката што ми ја дадовте, што препознавте во мене и […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да си ги види сопствените гласови место да се грижи за нашите


СДСМ реагира на триумфалистичките изјави од ВМРО-ДПМНЕ за историска победа прашувајќи ја владеечката партија дали е свесна а огромниот пад на поддршката за нејзината Влада. „Иако ова не е посакуваниот резултат за СДСМ, но бележиме стабилизација и раст во повеќе општини. Вкупниот број гласови покажува дека СДСМ ја намлува разликата во однос на ВМРО-ДПМНЕ, а […]

Радев бара од Унгарија да ја убеди Македонија за уставните измени


Разговаравме за ситуацијата во Западен Балкан и проширувањето на ЕУ. Бугарија останува движечка сила зад овие процеси и ние ги поддржуваме нашите соседи на европскиот пат, но инсистираме проценката да се прави врз основа на сопствените заслуги. Ја повикав унгарската страна, која има растечки пријателски односи со Македонија, да ги убеди нашите браќа дека промената […]

Шукова: Без оглед на резултатот, ќе работам за јавниот интерес


Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, се огласи на социјалните мрежи откако вчера не успеа да влезе во вториот круг на локалните избори. „Им благодарам на сите граѓани кои излегоа и го искористија своето демократско право на глас. Учеството на граѓаните во изборниот процес е темел на здраво општество што се […]

Предлог во ЕУ: Новите земји членки без право на глас!


Нови држави би можеле да ѝ се придружат на Европската Унија без да имаат полно право на глас, објави сајтот „Политико“. Предлогот за промена на правилата за пристапување бил во рана фаза и треба да биде одобрен од сите членки на ЕУ, изјавија тројца европски дипломати запознати со разговорите. Идејата е новите членки да добијат […]

Костадинов: Изборното цунами се разлеа низ Струмица


  На поразот на СДСМ во Струмица реагираше на социјалните мрежи Костадин Костадинов, претходниот градоначалник на Струмица.   „По 20 години, во општината која беше пример и бисер за прогрес, СДСМ ќе биде опозиција. Уште еднаш сакам да честитам на резултатот и за градоначалничкиот мандат, и за мнозинството во Советот на Општината. Тоа е гласот […]

Максим Димитриевски оди во втор круг, ривал му е независен кандидат


Кандидатот за градоначалник од ЗНАМ, Максим Димитриевски освои 37,89 проценти или 16.183 гласови, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Во втор круг влегува и независниот кандидат Горан Стојковски-Диро со освоени 13,92 проценти или 5.946 гласови. Вчера тој заедно со кандидатите за советници од листата Движење ЗНАМ, За наша Македонија и коалициските партнери од ВМРО […]

Советот на Град Скопје под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН


  Двата клучни владини партнери, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, имаат мнозинство во новиот Совет на Град Скопје. ВМРО-ДПМНЕ има 18 советници, а ВЛЕН шест, што е мнозинство во советот кој има 45 члена. Еден советник има ЗНАМ, така што владејачката коалиција е во удобна позиција за идното раководење со градот. ВМРО-ДПМНЕ освои 35,15 отсто, или 81.649 […]

Малку неочекувано, во Аеродром ќе има втор круг


  Ако се земат предвид резултатите од парламантарните избори лани и локалните од 2021 изгледаше дека во скопската општина Аеродром речиси сигурно ќе победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен в.д. градоначалник Дејан Митески. Но тој стигна до 49,09 отсто од гласовите (16.225) па ќе се оди повторно на гласање за две недели. Александар Трајановски од […]

СДСМ: Разликата во гласови меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена


По преброени 99% од гласовите, се потврдува она што СДСМ го говореше, а тоа дека оваа власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на овие избори ќе изгуби огромен број на гласови. Споредбените анализи со изборните резултати од минатата година покажуваат дека ВМРО–ДПМНЕ и ЗНАМ имаат изгубено по речиси една третина од гласовите. Падот на […]