СП: Македонија не е ничиј историски проект


Социјалистичка партија на Македонија реагира на изјавата на бугарската претседателка Илијана Јотова која најави дека Софија ќе продолжи да се грижи за Бугарите во нашата држава. „Со најостро несогласување ја отфрламе изјавата на бугарската претседателка Илијана Јотова дека Македонија и Бугарија имаат „заедничка историја“ и дека Софија ќе продолжи да се „грижи“ за Бугарите во […]

ВЛЕН очекува Груби да „пропее“


Судењето на вицепремиерот Артан Груби и уште седум лица обвинети за злоупотреби во случајот „Државна лотарија“почна во Кривичниот суд. Предметот ќе го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски. За фолклорот околу судењето се задфолжени  ВЛЕН кои најавуваат дека Груби ќе „пропее“. Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè […]

АА: Владата на ВМРО-ВЛЕН губи 50 милиони евра од ЕУ


Додека Албанија ги исполни утврдените цели и го отвори патот за 61 милион евра од Европската Унија, Владата на ВМРО-ВЛЕН ја пропушти можноста да ја повлече траншата од 50 милиони евра од макрофинансиската помош на ЕУ, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците. „Рокот за овие средства истече на 2 август 2026 година. Властите […]

Филипче: Ние сакаме напредна држава, власта ја гледа како плен


Не сме исти, рразликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во односот кон државата и приоритетите – СДСМ сака политики за подобар животен стандард, плати и пензии, додека власта ја гледа државата како плен, рече претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија. „Не сме исти со организираната криминална група […]

Филипче му се закани на Мицкоски со „правда“: Пет години ме нарекуваат убиец, а јас спасувам животи


По следните избори доаѓа правдата во Македонија, а Христијан Мицкоски и неговата криминална група ќе одговараат за сè што прават изминатите две години, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „По следните избори доаѓа правдата во Македонија, и Христијан Мицкоски и криминалната група за сè што прават овие изминати две години ќе одговараат. […]

Рама ги нарече „циркуски трупи на балканскиот национал-фолклоризам“ турите на политичари од регионот


По реакцијата на Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија за неинтонирањето на албанската химна вчера на фолклорниот фестивал во Пустец, со објава преку социјалната мрежа X се огласи  премиерот на Република Албанија, Еди Рама. Според Рама, гадоначалникот на Пустец, Пали Колефски, побарал да се изведе и албанската химна, но бил игнориран, по што […]

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваат за можните предвремени избори


ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДСМ избегнува да побара предвремени парламентарни избори, иако со месеци тврди дека Владата ја нема довербата од граѓаните и дека опозицијата е подготвена за изборно соочување. Од партијата велат дека СДСМ и нејзиниот претседател Венко Филипче преку соопштенија и прес-конференции постојано зборуваат за пад на поддршката за власта и за […]

Пратениците се враќаат на работа по августовскиот одмор, првата седница закажана за 2 септември


Со одржувањето на денешната работна сесија на Советот на амбасадорите, на која ќе се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши, пратениците се враќаат во собраниските клупи по августовскиот одмор. Првата нова пленарна седница на парламентот е закажана за 2 септември. На собраниската веб-страница на 25 август се најавени две средби на претседателот на Собранието, Африм […]

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Абази го спаси Филипче


ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, имал директна одговорност за поставувањето на модуларните болници за време на ковид кризата, дека не потпишал технички спецификации и не бил изработен елаборат за електричната инсталација, а  тетовскиот објект бил поставен над резервоар на бензинска станица. „Ислам Абази го спаси Филипче“, изјави портпаролот Валентин Манасиевски, обвинувајќи […]

Се намножија националните координатори – сега се 8 со плата околу 2 илјади евра


Плата од околу 120 илјади денари. Нивната работа останува мистерија за јавноста. Никој не знае што точно „координираат“ дури и во влада која има повеќе ресори од прстите на двете раце и двете нозе. Имаат и заменици и помошници. Ретко ги има во јавноста. Иако се дел од извршната власт, не постои посебен закон или […]

Филипче подготвен за избори, но не сака да биде алиби на Мицкоски


СДСМ е подготвен за избори во секој момент, со тим и програма, но нема да прифати да биде алиби за политичките потези на премиерот Христијан Мицкоски, порача лидерот на партијата Венко Филипче на денешната прес-конференција. Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче истакна дека СДСМ секојдневно се подготвува за следните избори, без оглед на тоа кога ќе […]

Ислам Абази нема да бара нов мандат како државен обвинител


Шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, најави дека нема да се кандидира за втор четиригодишен мандат на оваа функција.​ „По осум години човек треба да знае дека е доволно, треба да им се даде можност и на другите колеги“, изјави Абази, ставајќи точка на шпекулациите […]

Македонските амбасадори добија насоки за приоритетите од Мицкоски и Муцунски


Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните кои живеат надвор од границите на нашата држава се трите стратешки национални интереси, кои денеска ќе им бидат презентирани на членовите на Амбасадорскиот совет, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Пред одржувањето на […]

ДУИ бараат датум за избори веднаш


„Бараме во наредните денови да се утврди најбрзиот уставен рок, да започнат изборните подготовки и на граѓаните да им се даде можност да одлучат за насоката во која ќе се движи државата“, велат од ДУИ по иизјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека, доколку опозицијата мисли оти се потребни предвремени избори, тие како владејачка коалиција позитивно […]

Затворен предметот за модуларните болници, нема кривично дело


Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) го затвори предметот за јавни набавки за градењето на 19 модуларни болници во државата. Обвинителството  по извршени проверки и анализа на прибраната документација, оцени дека не постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од […]

Мицкоски знае дека граѓаните не сакаат избори, но нема да бега ако другите бараат


Граѓаните не сакаат избори, туку реформи и континуитет на процесите што ги води оваа Влада, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање поврзано со барањата за предвремени избори. Тој вели дека перформансите на оваа влада се 3:1, споредено со претходната, но тврди дека не бега од избори. „Ние како коалиција имаме добиено […]

Дипломатската мрежа на едно место во Скопје – економската дипломатија во фокусот


Амбасадорски совет ќе се одржи денеска и утре во Скопје, со учество на шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претставништва во странство. Како што информираше во вторникот на прес-конференција министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, ова е првпат по 2019 година амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава, со физичко присуство на […]

Мицкоски не знае дали ќе постигне решение за евроинтеграциите – не преговарал туку разговарал


Нема никаква дилема дека ќе разговараме, разговараме и сме разговарале со цел да бараме решение за евроинтеграциите. Прашањето е што разговарате и која е вашата црвена линија до која вие одите во тие разговори, изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Сител. – Никој тоа не го спори, ниту пак некогаш досега некој тоа […]

Мицкоски планира да го заврши редовниот мандат ако опозицијата не бара избори


Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата планира да го заврши редовниот мандат во 2028 година, но не ја исклучува можноста за предвремени парламентарни избори доколку опозицијата побара нивно одржување. Во вечерашното интервју во емисијата „Тема на денот“ на ТВ Сител, Мицкоски порача дека, доколку опозицијата упати барање за избори, тој е подготвен да свика лидерска […]

Мацинка: Спорот со Бугарија не е веќе билатерално прашање!


Европската Унија има силен интерес за проширување, а со тоа и интерес последните пречки за напредокот на Северна Македонија да бидат отстранети. Ова го изјави чешкиот министер за надворешни работи Петар Мацинка од Охрид каде што е во  официјалната  посета на земјава. Според него, Чешка е подготвена да  придонесе во процесот и дека сака да разговара […]