Завршени експропријациите – мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во употреба


Мостот што народот со право го нарекуваше „мост кој не води никаде“ или „мост за ловење риба“, повеќе нема да биде потсетник на нечија неработа, туку ќе стане вистинска сообраќајна врска во служба на граѓаните. Мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, конечно ќе биде ставен во функција, соопшти денеска […]

Повеќе паркинг за жителите и нова хуманитарна зона во Општина Центар


Паркинзи на Oпштина Центар воведува нов модел на организација и користење на јавните паркиралишта, насочен кон поголема достапност на паркинг просторот за жителите, подобра ефикасност во управувањето и унапредување на квалитетот на услугите. Со измените во новите подзаконски акти на ЈП ПОЦ, жителите на Општина Центар и понатаму добиваат можност за користење на паркинг простор […]

По 6.000.000 денари за обезбедување, а безбедноста во училиштата ниска


Речиси никој не ја гарантира безбедноста во училиштата, особено по последните случи на неѓуврсничко насилство, но и случаите каде наставници и професори се фатени во недолично или агресивно однесување кон учениците.  Министерката за образование, Весна Јаневска и вчера, а и денеска вели дека ќе наложи да се воведат дежурства на наставниците во училиштатат, за време […]

Уште е активен пожарот во Визбегово – пожарникарите на терен


Пожарот што избувна вчера во Визбегово сè уште е активен, но е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). На терен се ангажирани екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на негово целосно локализирање. Од Градот Скопје вчера посочија дека состојбата се следи внимателно, а институциите постапуваат координирано, со цел пожарот […]

Со шест нови училници и ООУ „Гоце Делчев“ ќе воведе едносменска настава


Во Основното училиште „Гоце Делчев“ – Општина Аеродром денеска беше поставен камен-темелник за изградба на шест нови училници. Инвестицијата, вредна 72 милиони денари, е поддржана од Владата и Министерството за образование и наука, а целта е создавање современи услови за учениците и наставниците, како и можност за воведување едносменска настава. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан […]

Ќе се прска против комарци во Скопје


Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 07.05.2026 година (четврток), во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. […]

Без вода дел од корисниците на Топанско Поле


Поради изведување на водоводен приклучок од ф -150 на ул. Методија Митевски бб (кај училиштето) денеска од 9 часот со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од ул. Лазар Трповски и дел од Топанско Поле. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

ЦУК: Ставен под контрола пожарот во Шуто Оризари, плацот ограден со ѕидови


Пожар денеска изби во депонија во скопската општина Шуто Оризари. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК) запалена е машина за мелење железо, но пожарот веќе е ставен под контрола. -На 112 добиенa e пријава за пожар на запалена машина за мелење железо на улица „1675“ бр. 24, Шуто Оризари. Бригадата за противпожарна […]

Во Визбегово гори приватен имот каде што биле складирани стари автомобили


Екипите на Противпожарната бригада се активни на терен, на интервенција за гаснење на пожарот кој денес избувна во Визбегово, на локација кај обиколницата, каде запален е приватен имот каде што биле складирани стари автомобили. Скопската противпожарна бригада на Град Скопје веднаш е излезена на терен и со сите расположливи возила, опрема и човечки капацитети активно дејствува […]

Им нуделе по илјадарка на тинејџери да „дилаат“ дрога во училиште во Карпош


На деца од 13 до 15 години им било понудено за илјада денари да продаваат дрога на соученици во основно училиште на територија на скопски Карпош. За овие индиции била известена полицијата и разговарано на Совет на родители, покажува записникот до кој имаше вид Колегиум.мк. Поради тековна полициска проверка, редакцијата не го објавува името на […]

Без вода дел од Кисела Вода


Без вода во моментов се неколку улици во Општина Кисела Вода поради уличен дефект на ф200мм, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Од 10:45 часот, водоснабдувањето e прекинато за корисниците од улиците „Иван Козаров“, „Вера Јоциќ“, „474“, „Киро Крстевски“, „Димо Хаџи Димов“, „Тоне Томшиќ“, „Боте Боцевски“ и „Ѓорѓи Димитров“. Вода нема да […]

Традиционален планинарски марш на Водно за Денот на европското знаме


Европското движење во Република Северна Македонија го организира традиционалниот планинарски марш на Водно – настан повеќе од три децении по повод Европскиот ден на знамето во рамките на чествувањето на Денот на Европа и претставува препознатлива форма на заедничко одбележувањето на европските вредности. Се стартува од „Европска куќа“ во девет часот, соопштија од Европското движење. […]

По повод 1 Мај дел од паркиралиштата во Скопје бесплатни за граѓаните


По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, денеска дел од паркиралиштата со кои стопанисуваат ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар и ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ќе бидат бесплатни за сите граѓани. Редовно ќе се наплаќаат само затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“ кои се во надлежност на ЈП „Паркинзи“ […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје


Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во централното подрачје на Скопје ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим поради протестот што по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, го организира Сојузот на синдикатите на Македонија. Првомајскиот протест треба да почне во 11:00 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, а ќе […]

Унгарска компанија го доби и тендерот за 150 автобуси


Министерството за транспорт соопшти дека во однос на јавниот повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 станици за полнење на електрични автобуси, Комисијата составена од стручни лица, по направената евалуација утврди дека од вкупно четири понуди, три економски оператори не ги исполнуваат условите од јавниот повик и врз основа на поднесените понуди […]

Жичницата до Водно нема да работи ни за 1 Мај – автобусите по неделен возен ред


ЈСП Скопје ги известува своите патници дека по повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, за време на трите дена од продолжениот викенд (1.05.2026 година – 03.05.2026 година) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.   На 01.05.2026 година (петок) и 03.05.2026 година (недела), дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен […]

Се затвора сендвичарницата „Седмица“ кај Грчка амбасада


По речиси четири децении работа, своите врати ги затвора првиот дуќан на една од најпрепознатливите сендвичарници во Скопје – „Седмица“, лоцирана кај Грчката амбасада. Веста се прошири преку социјалните мрежи, каде граѓани споделуваат спомени и емоции поврзани со местото кое со години беше симбол на скопската гастрономска сцена. „Седмица“ ќе остане запаметена по својот препознатлив […]

Продолжена грејната сезона во Скопје – уште два дена парно


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека водејќи се од основните цели на Законот за енергетика за обезбедување на квалитетно снабдување со енергија на потрошувачите и заштита на правата на потрошувачите на енергија ги задолжи ЕСМ Снабдување, ЕСМ Енергетика и Енерџи Еколинк (поранешна Топлана […]

Се работи на финализација на мостот што ги поврзува улиците „Љубљанска“ и „Скупи“


Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски утрово информираше дека продолжуваат активностите за финализација на мостот што ја поврзува улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“ – значаен инфраструктурен проект за овој дел од градот. Со неговото ставање во функција, Лукровски вели дека се очекува подобра поврзаност меѓу населбите Злокуќани и Бардовци, како и олеснет пристап кон индустриската зона и […]

Без струја корисниците на дел од „Ловќенска“ во Карпош


Без електрична енергија денеска ќе останат корисниците на дел од улица „Ловќенска“ во општина Карпош. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека прекинот ќе биде поради зафати во електродистрибутивната мрежа.  Прекинот ќе биде во периодот од 09:00 до 14:00 часот и тоа за дел од корисниците од „Ловќенска“ бр. 27, 29, 31, 33, 35 и 37.