Без вода корисниците на потегот од Поликлиника „Букурешт“ до „Сити Мол“


Без вода денека ќе бидат корисниците на потегот од Поликлиника „Букурешт“ до „Сити Мол“, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје.  Прекинот на водоснабдувањето е поради промена на вентил во шахта на булевар Партизански Одреди бр.64 А во општина Карпош и ќе трае од 10:00 часот до завршување со активностите. 

МВР денеска на мејл добиле лажна дојава за поставени бомби во повеќе скопски училишта


Лажна е дојавата за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. „Денеска (29.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана за поставени експлозивни направи во повеќе училишта во Скопје. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници […]

На Вардариште повторно се носат камиони отпад, двапати и гореше – по 1 мај ќе бидат блокирани приодите


Неформалната депонија Вардариште, повторно во два наврати гореше изминатите седмици, а од иницијативата Стоп за Вардариште алармираа, по што вчера одржале средба со надлежните од Град Скопје, каде им било ветено блокирање на приодите, дополнителни камери, постојано присуство на инспектори, хумано згрижување на луѓето кои таму живеат во импровизирани куќи…   Сето ова се ветува […]

Без струја дел од ул. „Ленинова“ во Центар, без вода ул. „Качанички пат“ во Бутел


Без електрична енергија денеска од 08.30 до 15.30 часот ќе останат дел од корисниците од улица „Ленинова“ зграда 29 влез 1, 2 и 3 и ресторанот Sushi Co во општина Центар.  Прекинот е поради зафати во електродистрибутивната мрежа, најави РЦУК-Скопје, пренесувајќи известување од ЕВН Македонија. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекин […]

Прекин во водоснабдувањето за корисниците на неколку улици во Скопје


Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од дел од бул.„Партизански Одреди“ (потегот кај пазар „Буњаковец“), дел од „Дебарца“, дел од „Мирослав Крлежа“, дел од „Коле Неделковски“, дел од „Антоние Грубишиќ“, „Отон Жупанчиќ“, „Радњанска“ и ООУ „Коле Неделковски“. Прекинот, како што информира ЈП „Водовод и канализација –  Скопје“ ќе биде поради  уличен дефект ф-80 мм на […]

„The Skopje Project“  е книга за минатото на Скопје, но и за неговата иднина


„The Skopje Project“ од авторот и уредник, проф. д-р Огнен Марина, професор и поранешен декан на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје, беше промовирана во Скопје, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Книгата, која е во издание на „Арс Ламина“, беше претставена во рамките на меѓународната конференција „Shaping Skopje’s Future: Culture, Urban Policies and Sustainable […]

Улицата „Ѓорче Петров“ добива 4 км нови пешачки патеки и зелен коридор


Целосна реконструкција на пешачките патеки и нови зелени коридори за поубаво и побезбедно Скопје, најавува градоначлникот на Скопје, орце Ѓорѓиевски, кој денеска заедно со неговиот колега Александар Стојкоски, извршивме увид во големата и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки. Во моментов се работи на пешачката патека по должина на улицата „Ѓорче Петров“, и тоа […]

Автобуси на ЈСП по зимски возен ред – градежни работи на рутите


Од ЈСП „Скопје“ информираат дека автобусите во јавниот градски превоз сообраќаат по зимски возен ред. Како што соопштуваат од претпријатието, поради изведување градежни работи на одредени делници, изменета е трасата на движење на повеќе автобуски линии. Станува збор за линиите 3б, 4, 7, 9, 18, 23, 24, 44, 54 и 118, кои во одредени делови […]

На пладне блокирано пред Собрание – протестираат за данокот на пари заработени во странство


Министерството за внатрешни работи информира дека денеска со почеток во 12:00 часот пред Собрание на Р.С.Македонија, на улица „11 Октомври“ од страна на група граѓани ќе се организира протест како израз на незадоволство поради постапувањето на Управа за јавни приходи (УЈП) во врска со барање данок за приходи остварени во странство, и доколку има потреба […]

Центар го одбележа роденденот на Горан Стефановски со многу емоции, почит и спомени


Општина Центар, со богата уметничка програма, вчера попладне го одбележа роденденот на големиот македонски драмски автор Горан Стефановски, враќајќи го за миг неговиот дух и присуство во Дебар Маало.   Настанот се одржа кај спомен-клупата посветена на бардот, а домаќин беше неговиот син Игор Стефановски, кој заедно со пријателите и блиските сподели спомени, сеќавања и […]

Без вода делови од Карпош, Центар и Бутел


Поради технички зафати денеска без вода ќе бидат делови од општините Центар, Карпош и Бутел.  Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известува дека од 9 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Дебарца“, „Владимир Полежиновски“ и „Стефан Јакимов-Дедов“ во Центар, а во истиот временски период без вода ќе бидат и корисниците на дел […]

Променливо време со дожд, грмежи и температури под нула


До крајот на седмицата во земјава ќе преовладува променливо облачно време проследено со повремен локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според најавите, утре и во среда се очекува појава на нестабилна облачност со поројни врнежи и грмежи. Во четврток наместа ќе има пообилни врнежи, а поради продор на постуден воздух од север на […]

Продолжува изградбата на Универзална сала – куполата била безбедна


Повторно денеска почна реизградбата на Универзалната сала во Скопје, откако Министерството за култура ги презеде ингеренциите, за потоа повторно да му ја врати на Град Скопје, но во меѓувреме таа се запали во тек на реизградбата, па целиот процес почна отпочеток. Денеска, конечно почна нејзината реизградба, а се очекува да заврши до крајот на 2027 година, […]

Ѓорѓиевски со бунари ќе ја намалува загубата на питка вода во Скопје


На повеќе места во Скопје, почнувајќи од Градскиот парк, се копаат бунари за вода, која би се користела за наводнување, со што се очекува да се намали огромната загуба на питка вода во главниот град, што изнесува до 60 отсто. – Во Градскиот парк се користела питка вода, а сега на повеќе места почнуваме со […]

(Во живо) Премиерот, министерот и градоначалникот на Скопје на увид на почетокот на изградбата на Универзална сала


Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска се во посета на објектот на Универзалната сала, каде што официјално ќе биде најавено продолжувањето на активностите за нејзина реконструкција. Во рамки на посетата ќе биде презентиран и проектот за реконструкција на ова култно место за скопјани.    

Без струја делови од Карпош и Петровец


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа денес без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош и Петровец.  Според информациите на ЕВН Македонија, од 09 до 10:30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од комплексот Св. Јован во населбата Злокуќани во општина Карпош, а од 09 до 12:30 часот делови од улиците бр. 1 […]

Портокалов ден во Градскиот парк по повод Денот на кралот на Холандија


Просторот околу Холандскиот лавиринт и ридот спроти „Школка“ во Градскиот парк денеска од 10:00 до 13:00 часот ќе биде исполнет со портокалови активности по повод Денот на кралот на Холандија. Настанот е во организација на Биди Зелен (GoGreen) и Амбасадата на Кралството Холандија во Северна Македонија. Како што се наведува во соопштението на Биди Зелен […]

Мицкоски и Љутков во посета на објектот на Универзалната сала


Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска ќе го посетат објектот на Универзалната сала, каде што официјално ќе биде најавено продолжувањето на активностите за нејзина реконструкција. Во рамки на посетата ќе биде презентиран и проектот за реконструкција на ова култно место за скопјани. Предвидена е и обиколка на градилиштето, а […]

Градоначалничката на Кисела Вода по трагедијата: Безбедноста на граѓаните и работниците не смее да биде предмет на политика


Градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска – Трајкоска изрази длабоко жалење за трагичниот настан што се случи на територија на Општина Кисела Вода, при што едно лице го загуби животот, а три лица се повредени. Градоначалничката упати сочувство до семејството на починатиот и посака побрзо закрепнување на повредените. – Во врска со трагичниот настан што се […]

Советниците од СДСМ бараат вонредна седница и мораториум на градби по трагедијата на градилиштето во Кисела Вода


Советниците на СДСМ бараат вонредена седница на советот, итни мерки и одговорност по трагедијата во Кисела Вода. „Оваа трагедија не смее да биде само уште една вест што ќе помине без одговорност. Таа отвора сериозни прашања за безбедноста на градежните активности, за почитувањето на прописите и за улогата на институциите. Токму затоа, денес поднесовме барање […]