Во недела ќе се одржи HalkEco Skopje Run 10К: Скопје повторно во тркачки ритам


Оваа недела Скопје повторно ќе живее во знакот на спортот, енергијата и натпреварувачкиот дух. На 10 мај, со почеток во 9.00 часот, ќе се одржи HalkEco Skopje Run 10К – меѓународна атлетска трка која и оваа година ќе ги обедини домашните и странските натпреварувачи, рекреативците и љубителите на активниот начин на живот. Стартот и целта […]

(Видео) Отворање на првата сезона на Плазма Спортските игри за млади


„Спортувајте, другарувајте, учете, затоа што спортот е иднината на нашата татковина Македонија“, порача премиерот Христијан Мицкоски на свеченото отворање на првата сезона од „Плазма – Спортските игри за млади“ на плоштадот Македонија во Скопје. Тој истакна дека Владата ќе продолжи да ги поддржува спортот и младите генерации. На настанот, кој обединува над 27.000 деца од […]

Сиљановска, Хоџа, Лашкоска, Памер и Ѓорѓиевски чистеа зад Владата – поддржаа „Генералка викенд“


Повеќе од 1.000 млади, волонтери од земјава, но и од странство, ученици, вработени во јавните градски претпријатија, утрово од зад Владата на кејот на Вардар почнаа да го собираат ѓубрето како дел од акцијата „Генералка викенд“, што ќе трае во следните три дена.  Неколкуте нивоа на кејот на Вардар, барем во тој дел, изгледаа прилично […]

Над 27.000 деца ќе учествуваат на „Плазма – Спортските игри за млади“


На Плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска свечено ќе бидат отворени „Плазма – Спортските игри за млади“ на кои ќе учествуваат над 27.000 деца од целата држава. Игрите опфаќаат разни спортски дисциплини и ќе се реализираат преку натпревари на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде […]

Дел од Раштак без струја


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците од село Раштак, известуваат од ЕВН Македонија АД. Прекиното ќе трае од 08.00 до 15.00 часот.

Официјално отворање на шестатата еко-акција Генералка викенд


Еко-акција Генералка викенд денеска официјално ќе биде отворена со прес-конференција позади Владата покрај кејот на реката Вардар. Како што се наведува во соопштението на организаторите денеска, утре и задутре по шести пат ќе се одржи годишната и најмасовната еко-акција во земјава и целиот Балкан – Генералка викенд. Додаваат дека рекордниот еко настан мобилизира десетици илјади […]

Арачиново добива центар за селекција


Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Арачиново, Даут Беќири, извршил увид во тековните инфраструктурни проекти што се реализираат во општината, со вкупна вредност од над 110 милиони денари. Како што информираат од Министерството, средствата се обезбедени преку првиот и вториот јавен повик на МЖСПП, а проектите опфаќаат […]

На Скопје му е потребен „Генералка викенд“, не може да е чисто по 72 часа


На 8, 9 и 10 мај низ целата држава ќе се одржи шестото издание на најмасовната еколошка акција „Генералка викенд“, која и годинава ќе мобилизира десетици илјади волонтери во обид за чистење на јавните површини и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. Акцијата ќе се реализира истовремено на повеќе од 500 локации во околу 80 […]

„Фолклорот како живо наследство“,  голем настан во Паркот на Франкофонија со народни  ора и песни, носии и ракотворби


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува граѓаните на 10 мај (недела), со почеток во 12:00 часот, во Паркот на Франкофонија, на културно-едукативниот  настан „Фолклорот како живо наследство“, посветен на богатото македонско фолклорно и духовно наследство. Настанот, кој е дел од богатата културна програма на Општина Центар за 2026 година, ќе понуди разновидна сценска […]

Скопје да биде град во кој младите ќе сакаат да останат – порака од регионалната конференција за демографија


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на регионалната министерска конференција „Leading Change: People-Centred Paths to Demographic Resilience“, посветена на справувањето со демографските промени и градењето отпорност во регионот. На конференцијата беше истакнато дека демографските предизвици, како иселувањето на младите, стареењето на населението и потребата од подобри услови за живот, бараат одговорни и конкретни […]

Без струја делови од Кисела Вода и Студеничани


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од Општина Кисела Вода и Општина Студеничани, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.   Од ЕВН Македонија АД известуваат дека од 08:30 до 15:30 часот, денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од улица „Милан […]

Дел од Центар без вода


Поради дефект во шахта и монтажа на водомер за паркови без водоснабдување денеска од 09:00 часот до завршување на работните активности ќе бидат дел од корисниците на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во Општина Центар. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по добиено известување од ЈП Водовод и канализација – […]

Без вода делови од Бутел, Радишани и Кучевишка Бара


Поради изведување технички зафати утре од 05:00 часот, па до нивното завршување, без водоснабдување или со намален притисок на вода можено е да останат делови од населбите Бутел, Радишани и Кучевишка Бара, во Општина Бутел.  Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекинот е поради изведување на технички зафати во […]

Меџити: Започна отстранувањето на над 200 хаварисани и напуштени возила во Чаир


Општина Чаир денеска започна акциски процес за отстранување на над 200 хаварисани и напуштени возила од јавните површини на територијата на општината, со цел ослободување на паркинг-просторот и подобрување на урбаниот ред. Од општинската прес-служба соопштија дека со оваа акција веднаш се ослободуваат стотици паркинг-места за жителите, создавајќи пофункционални услови за движење и паркирање во […]

(Видео) Кој ги сече боровите на Водно?


Граѓани, пасионирани љубители на планинарењето и на планината Водно, реагираа на сеча на борови во парк шумата, во делот, односно планинарската патека над црквата Свети Пантелејмон. Во видеото кое што го испратија до „Независен“ се забележуваат повеќе исечени стебла покрај патеката. Зачудува што кај ниту едно од нив не се забележуваат оштетувања или болести. Граѓанинот […]

Реконструирано одделението за управни работи на МВР во зградата на МТВ (фото)


Во зградата на Македонската телевизија денеска и официјално беше отворен вториот дел од реконструираното одделение за управни работи. На настанот присуствуваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека реновирањето е дел од поширок процес за унапредување на условите во кои граѓаните ги остваруваат своите законски права. Според министерот, позитивните реакции од граѓаните се […]

Ноќеска „труело“ покрај Вардар – инспекции на терен


На 05/06.05.2026 во периодот од 21:00 до 00:30 часот во СВР Скопје, повеќе граѓани пријавиле дека во Скопје, покрај кеј на река Вардар, на подрачјата на Карпош, Ѓорче Петров и Сарај, во воздухот се чувствувала непријатна миризба на хемиски агенси. За настанот се известени јавен обвинител, комунални инспектори и инспектор за животна средина на Град […]

Следува Генералка викенд – „Да се извалкаме и да исчистиме!“


На 8, 9 и 10 мај, по шести пат ќе се одржи годишната и најмасовната еко-акција во земјава и целиот Балкан – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Рекордниот еко настан мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, 600 организации, јавни институции и приватни компании. Ова е најголемата логистичка операција досега за собирање отпад и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД прерасна […]

Поради дефект повеќе улици во Карпош немаат вода


 Поради дефект на вентил на улицата „Анкарска“ 11, денеска од 10:15 часот ќе има прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците во општина Карпош. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, без вода ќе останат жителите на улиците „Анкарска“, „Римска“, „Наум Евро“ и „Панче Пешов“, како и делови од улиците „Дрезденска“, „Њуделхиска“, […]

Без струја делови од Шуто Оризари и Кисела Вода


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без струја ќе останат делови од Шуто Оризари и Кисела Вода.  Според информациите од ЕВН Македонија, од 08:30 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците Пелагонија, Брсјачка Буна и Индира Ганди во општина Шуто Оризари, а од 08:30 до 14:30 часот, дел од улицата „Јустиниjан […]