Пролонгирани два лета на Скопскиот аеродром


Авиолинијата Скопје – Истанбул утрово ќе се реализира со задоцнување. Според веб страницата на ТАВ Македонија, авионот на „Пегазус“ што требаше да слета во Скопје во 9.55 часот, е одложен за 12.05, а пролонгирано е и неговото враќање за Истанбул од 10.50 во 13.00 часот. За еден час е одложен и летот Истанбул – Скопје […]

Без вода утре корисници од ул. „Џон Кенеди“ бр. 2, со намален притисок Топанско поле


 Без вода утре од 9 часот ќе останат корисниците од улица „Џон Кенеди“ бр.2, зградата на маркет Веро и Поштата, а со намален притисок ќе бидат корисниците од населба Топанско поле. ЈП „Водовод и канализација„ соопшти дека ќе се изведува водоводен приклучок од Ф 250“ на Ф 80“ на улица „Џон Кенеди“ бр.18, општина Чаир, […]

Бесплатно паркирање во Центар за новогодишните и божиќни празници


Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани. Согласно Одлуката на претпријатието, денеска, на првиот ден од Новата Година, сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата […]

Неделен возен ред на 1 јануари, билетарниците ќе бидат затворени, жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот


Јавното сообраќајно претпријатие Скопје денеска ќе сообраќа по неделен возен ред, билетарниците ќе бидат затворени, а жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот. Првите вклучувања на возилата на ЈСП Скопје и на приватните превозници, како што се наведува во соопштението, ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред. Од утре (2 […]

Автобусите на ЈСП нема да возат попладнево? Мицкоски вели – проблемот е административен


  Авотбусите на ЈСП се паркираат во гаражите затоа што наводно, според Синдикатот останале без нафта, но премиерот Христијан Мицкоски, уверува дека проблемот е административен. „Вработените во ЈСП не доаѓаат на работа, административен е проблемот, не е проблемот дека нема количини на нафта. Апелирам и до раководството на ЈСП и до раководството на Градот Скопје, […]

Без вода дел од општините Ѓорче Петров и Чаир


Без вода денеска од 9 часот се дел од жителите на комплексот „Александрија“ во Општина Ѓорче Петров. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект од ф-150 милиметри на улицата „Ацо Шопов“, кај бензинската станица „Лукоил“.  Поради дефект во шахта на улица „Благоја Паровиќ“ 12Б, денеска од 9:20 часот без […]

„Дедо Мраз дојде со воз“ и ја оживеа магијата на Железничката станица


Несекојдневно, добро смислено и уште подобро изведено, годинава многу дечиња го дочекаа Дедо Мраз во Скопје, кој дојде со воз, преку  мултимедијалниот новогодишен настан „Дедо Мраз дојде со воз“, што деновиве се одржува на Железничката станица во Скопје. На перонот број 1, толку тајновит и надреален, како што по некој ден ќе исчезне и главниот […]

Шалтерите за наплата, за рекламација и операторите на ЈП Водовод и канализација – Скопје денеска ќе работат до 15.30 часот


ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје, дека 31.12.2024 година (вторник), шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат, од 07:30 до 15:30 часот. 01.01.2025 година (среда),  е неработен ден.

Прекинато водоснабдување за корисници од улиците „Бањалучка“ и „Женевска“ во Карпош


Екипи на ЈП Водовод и канализација-Скопје утрово ќе го санираат дефектот поради кој корисниците на улицата „Бањалучка“ и дел од улицата „Женевска“ во општина Карпош од 1 часот по полноќ немаат вода. Од ЈП Водовод и канализација известија дека прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект ф 100 мм на ул. „Бањалучка“ бр.24.

Македонска музика за пречекот на Новата 2025 во Скопје


Музичката програма за испраќање на старата и пречекот на Новата 2025 година во главниот град вечер ќе биде со македонски изведувачи. „Празнична магија 2025“ на плоштадот „Македонија“ организира Град Скопје. Новогодишниот концерт ќе почне во 19.30 часот со настап на Сара Мејс. Од 20.30 часот ќе настапи групата „Љубојна“, а потоа и „Ареа“, од 22 […]

Пожар во скопската населба Маџир Маало


 Пожар вечерва избувна во стара напуштена куќа на улицата „Охридска“ во скопската населба Маџир Маало. Куќата се наоѓа до станбена зграда чии жители се надвор пред објектот. На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје кои работат на гасење на пожарот. Од Територијалната противпожарна единица информираат за МИА дека на терен интервенираат […]

На новогодишната ноќ стабилно, суво и студено време


До петок ќе се задржи стабилно, суво и претежно тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури. Во сабота се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Минималната температура ќе се спушти во минус шест, а максималната дневна ќе достигне 13 степени.

На 1 јануари жичницата ќе работи – билетарниците не, автобусите празнично


Во вторник, вторник (31.12.2024 год) ЈСП „Скопје“ ќе работи по редовен зимен возен ред. Во среда (1.01.2025 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, при што на 1 јануари, првите вклучувања на возилата на ЈСП СКОПЈЕ и приватните превозници ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.   Од четврток […]

Дедомразовците трчаа низ Скопје (галерија)


Главниот град денес заличи на европска престолнина и се ишара во црвено-белата нијанса по улиците. На Плоштад Македонија во Скопје денеска се одржа 10-тата Coca-Cola Дедомразовска трка. Стотици учесници облечени како Дедо Мраз  трчаа два километри низ градот. Глетката предизвика смеа и воодушевување кај граѓаните од сите генерации.   Како што соопштија организаторите „Прв до […]

Дедомразовска трка на плоштадот во Скопје


На Плоштад Македонија во Скопје денеска во 12 часот ќе се одржи 10-тата Coca-Cola Дедомразовска трка.  Стотици учесници облечени како Дедо Мраз ќе трчаат два километри низ градот.  Како што соопштуваат организаторите „Прв до врв“, на настанот ќе има награди за најбрзите учесници, лотарија со новогодишни желби, новогодишни пакетчиња за децата под 10 години, музичка […]

Прекин на водоснабдувањето на ул. Партизанска крак 1 во населба Нерези


 Корисниците на ул. Партизанска крак 1 во населба Нерези од крак 1, 3, 5 и 7 денеска од 09:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување. Како што информира ЈП Водовод и канализации – Скопје прекинот ќе трае се до санирање на уличниот дефек Ф-300мм. Поради специфичноста на дефектот, се вели во соопштението, затворени ке бидат и […]

Без вода утре жители на Нерези


ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека утре (29.12. 2024) поради уличен дефект Ф-300мм на ул. Партизанска крак 1 во населба Нерези, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на истата улица од крак 1, 3, 5 и 7.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот. 

„Од смогот не се гледа иднината“: Протест против загадувањето


Во Скопје денеска се одржа вториот протестен марш против аерозагадувањето, организиран од иницијативата „Зелен хуман град“. Граѓаните маршираа од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Собранието и Владата, до бараките на Град Скопје, носејќи транспаренти со пораки како „Сакаме чист воздух“ и „Воздухот ни е отров, власта ни е глува“. Тие ги повторија […]

Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето


Втор протестен марш против аерозагадувањето се одржува во моментов во Скопје на иницијатива на „Зелен Хуман Град“. Протестот започна пред Министерството за животна средина и просторно планирање, продолжува кон Собранието на Република Северна Македонија и кон Владата, а предвидено е да заврши пред бараките на Град Скопје. Од „Зелен Хуман Град“ имаат имаат четири конкретни […]

Герасимовски: Донесовме рекорден буџет за 2025 година, дури 45 проценти предвидени за капитални проекти


 Советот на Општина Центар на 43. седница со 18 гласа „за“,  два „воздржани“ и ниеден „против“, го усвои буџетот за 2025 година. Проектираниот основен буџет е рекорден, со вкупна сума од 1.086.250.000 денари. Од овој износ, дури 45 проценти се наменети за капитални проекти, додека преостанатите 55 проценти ќе се користат за тековно и оперативно […]