Прекинато водоснабдувањето за корисниците на ул. „Атанас Бабата“, „Јосиф Михајловиќ“ и дел од „Прохор Пчински“


 Корисниците од ул. „Атанас Бабата“, „Јосиф Михајловиќ“ и дел од „Прохор Пчински“ денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето поради уличен дефект од Ф-60мм на ул. „Атанас Бабата“ 10 во населба Чаир, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:15 часот до санирање на дефектот.

Протестен марш против аерозагадувањето во Скопје


Здружената иницијатива „Зелен хуман град“, денеска ќе одржи протестен марш пред Министерството за животна средина и просторно планирање. Оттаму, ќе се маршира кон Собранието на Република Северна Македонија, потоа кон Владата, а протестот ќе заврши пред бараките на Град Скопје. – Поминаа речиси три недели од претходниот протест, две недели од доставените барања, а одговор […]

Собраќајното решение за крстосницата на булеварот „Васко Карангелевски“ заглавено во лавиринтите на институциите


Поради институционалниот ќорсокак на локалната самоуправа, Град Скопје и Секторот за внатрешни работи (СВР), крстосницата на булеварот „Васко Карангелевски“ и улицата „Коста Новаковиќ“ во општина Аеродром е без вертикална сообраќајна сигнализација и претставува опасност за сите учесници во сообраќајот, особено загрозувајќи ја безбедноста на 1.400 ученици од ООУ „Љубен Лапе“ кои секојдневно ја поминуваат.  Од […]

Проектот за регулација на речно корито на Сува Река не е откажан, се ревидира


Во однос на реализацијата на проектот „ Регулација на речно корито на Сува Река во атарот на општина Сарај“ кое минува низ неколку населени места на општината, Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во моментот се чека согласност од Владата на Република Северна Македонија по доставена Информација за измена на динамика и […]

Отворена подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности, за граѓаните на Гази Баба, Бутел и Чаир


Од денеска започнува со работа новата подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности, лоцирана во скопската населба Гази Баба, која првенствено е наменета за граѓаните на Гази Баба, но и за околните општини Чаир и Бутел. Подрачната канцеларија, како што соопшти  Агенцијата за катастар на недвижности, се отвора по цели 12 години и во […]

Во вторник одлука на Владата за средствата за бесплатниот превоз на студентите


 Владата на редовната седница во вторник ќе донесе одлука да се потпише договор за средствата што се обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за образование и наука за субвенционирање на превозот на студентите со што мерката ќе продолжи непречено и од јануари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.  – Средствата се обезбедени во рамки на […]

Презентација на постер насловен „Зборуе Радио Скопје“ за 80-годишнината на Македонското радио


По повод 80-годишнината од почетокот на работата на Македонското Радио денеска во Скопје ќе биде презентиран пригоден свечен постер насловен „Зборуе Радио Скопје“. -На 27 декември, во предвечерјето на овој исклучително значаен јубилеј за македонската државност и култура, Канал 103 во соработка со Партизанска штампа, 5060 и Фликер студио, го претставува пригодниот свечен постер во […]

„Трите самовили го бараат Дедо Мраз“ – музичко-сценска изведба во „Литература“


Во продукција на „Музичка кутија“, денеска во Скопје ќе биде изведена музичката претстава за деца „Трите самовили го бараат Дедо Мраз“. „Музичка кутија“ е нова продукција којашто се занимава со музичко-сценски изведби наменети за деца од 5 до 13 годишна возраст. Станува збор за едукативни проекти со автентични, оригинални приказни (сценарија) и избор од класична […]

Предновогодишна забава на Боемска во општина Центар


Општина Центар денеска на Боемска 1 организира предновогодишна забава наменета за сите граѓани. Како што информираат од Општината, во 11:00 часот почнува „Предновогодишно дружење“ со хорот „Златно славејче“ и хорот од ООУ „11 Октомври“ кадешто ќе ги изведат познатите детски хитови и ќе ги забавуваат најмалите. На овој настан, предвидено е обраќање на градоначалникот на […]

Македонска музика за дочекот на Новата година на скопскиот плоштад


Друштвото за организирање на забавни манифестации „Спектаклум” , заедно со Град Скопје, во пет до 12, кани на прославата на најлудата ноќ на градскиот плоштад ,,Македонија” во Скопје, од 19, 30 часот. За добрата Новогодишна забава ќе се погрижат ,,Sarah Mace & The Girlzz”, ,,Љубојна”,  ,,Ареа” и ,,Нокаут”.   Музичките уметници кои лани за Нова Година […]

„Волшебна елка на желби“ во Скопје


Во рамки на предновогодишниот настан „Волшебна елка на желба“, денеска околу 160 деца без родителска грижа, сместени во згрижувачки семејства добија подароци и новогодишни пакетчиња.  Црвениот крст на Град Скопје и годинава ја организираше „Волшебна елка на желба“, а посакуваните подароци – новогодишни желби беа поделени во Трговскиот центар „Рамстор“. – На почетокот на декември, […]

Концерт што не смее да се пропушти – Нокаут и диџеј Александар Јорданов утре на „Боемска 1“


Општина Центар, во петок 27 декември организира предновогодишна забава наменета за сите граѓани, за децата и возрасните на „Боемска 1“. Во петок, во 11 часот почнува „Предновогодишно дружење“ со хорот „Златно славејче“ и хорот од ООУ „11 Октомври“ кадешто ќе ги изведат познатите детски хитови и ќе ги забавуваат најмалите. На овој настан, предвидено е […]

Почна пријавувањето за Скопскиот маратон 2025


Пријавувањето за 21. издание на Виз Ер Скопски Маратон, кое ќе се одржи на 5 октомври, 2025 година почна денес. Заинтересираните можат да се пријават преку официјалната веб-страница на маратонот на линкот http://skopskimaraton.com.mk.  Повторно ќе има четири трки: маратон, полумаратон, трка на 5 километри и штафетен маратон. Првиот рок за пријавување по најповолна цена е […]

Џез, вино и костени, предновогодишна вечер за скопјани


Градоначалникот Горан Герасимовски, синоќа присуствуваше на настанот „Џез под ламба“ кадешто беа изведени македонските евергрини во џез верзија на Искра Србиновска квартет. „Синоќа, Скопје беше обвиено во звуците на македонските евергрини, мајсторски преработени во џез верзии од Искра Србиновска квартет. Во предновогодишна атмосфера, со убави разговори и многу позитивна енергија, заедно го одбележавме културниот настан […]

Расчистени 50 метри кубни улични депони во Влае, Чаир и Гази Баба


Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 50 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Карпош и Гази Баба. Повторно е интервенирано на улицата „Џон Кенеди“ во општината Чаир, каде што се подигнати 15 кубни метри кабаст и отпад од […]

Рамстор и Општина Центар се обединија за да го означат крајот на 2024 година со низа настани кои заедно ги создадода


2024 година ја завршуваме со хуманитарно широко отворени срца за општествена одговорност  и грижа за општото добро на сите. Ден беше ден исполнет со многу насмевки, искрени желби и многу забава. Рамстор како долгогодишен пријател на Општина Центар и оваа година беше дел од креирање  и организирање на многу настани за поддршка на образовни проекти. […]

Предновогодишен настан „Волшебна елка на желби“ во Скопје


Црвениот крст на град Скопје и годинава за 160 деца без родителска грижа, сместени во згрижувачки семејства, организира предновогодишен настан „Волшебна елка на желба“. – На почетокот на декември, децата ги запишаа нивните новогодишни желби и ги закачија на големата елка поставена во просториите на Центарот, а потоа ги поттикнувавме сите хумани граѓани, компании, организации […]

Мултимедијален инклузивен новогодишен настан „Види ме“ во Аеродром


Мултимедијален инклузивен новогодишен  настан насловен „Види ме“ ќе се одржи вечер во 19:30 часот во „Киндер Кафе“ во скопската населба Аеродром. Организатор на настанот е Коалицијата Менуваме и Пријателите „За насмевка на секој детски образ“. -На настанот, како поддршка и пример за инклузивност, заедно ќе настапат веселиот Дедо Мраз, веселите магионичари, а ќе има и […]

Започна реконструкцијата на салата на „Работнички“


  Започна реконструкцијата на салата во Градски парк, еден од најстарите спортски објекти во Македонија, а со тоа е најавено и враќање на најтрофејниот кошаркарски колектив кај нас во својот дом, од каде мораше да се збогува поради несоодветни услови. Работите веќе се почнати, ќе се менува речиси сè, од 900 нови столчиња, до паркет, […]

Џонатан и Лила од скопската Зоолошка станаа родители на две мали пингвинчиња


Убава вест пристигнува од скопската Зоолошка градина.  – Новата година во Скопје ЗОО ќе ја започнеме со две бебиња пингвини. Нашиот пар Џонатан и Лила се родители на две мали пингвинчиња кои се испилија на 23-ти и 26-ти ноември, соопштија од Зоолошката.  – Пингвините несат по најмногу две јајца, а најчесто преживува само едно, но […]