Ќе се мијат улици во Скопје и ќе се отстрануваат дизел возила од улиците за да се намали аерозагадувањето


Во услови на зголемени концентрации на суспендирани честички  со големина до 10 микрометри и 2,5 микрометри на метар кубен и неповолни временски услови што дополнително придонесуваат за зголемување на загадувањето на амбиенталниот воздух, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП)  ги повикува сите надлежни нституции, општините и Градот Скопје и општините од Градот поинтензивно […]

(Фото) Пожар во ресторан кај руската амбасада


Во центарот на Скопје, во близина на руската амбасада, утрово избил пожар во еден ресторан.  Според фотографиите од местото, може да се забележи присуство на противпожарно возило, но и зголемен број полициски службеници.   

Земјотрес од три степени попладнево почувствуван во Скопје


Земјотрес попладнево е почувствуван во Скопје и северозападните делови од државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.  Земјотресот е регистриран во 18:44 часот со Рихтерова магнитуда од 2,5 степени и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.  Епицентарот на земјотресот е на 25 километри северозападно од Скопје. 

Бадник одбележан во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје


  Верскиот празник Бадник, ден пред Христовото раѓање, Божик, беше одбележан денеска во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Традиционалниот настан започна со химна и подигнување на бадникарско знаме. Свештени лица извршија осветување на бадникови гранчиња, но и на кумовата погача, што подоцна беше поделена помеѓу присутните. Беше примопредаден и бадникарскиот ќуп. Пред присутните […]

Скопје и денеска најзагаден град во Европа


Скопје и денеска е најзагаден град во Европа. Според табелата на платформата за мерење на аерозагадувањето „Ај кју аир“, главниот град се наоѓа на петто место во светот со вредност на нивото на штетни ПМ честички од 172 единици измерени во 12 часот. Со овие вредности воздухот во градот е категпоризиран како „нездрав“. Веднаш зад […]

Скопје утрово најзагаден град во Европа, петти најзагаден во свет


  Скопјани утрово го дишат најзагадениот воздух во Европа. Според податоците од веб-страницата IQAir, Скопје утрово се наоѓа на петто место во светот по загаденост. Фото: Принтскрин, IQAir Најзагаден град во светот е Лахор, потоа следуваат Делхи, Ханои и Чонгкинг. Високите вредности на загадувањето, според експертите, имаат сериозен ефект на здравјето на граѓаните, особено во […]

Без вода дел од Студеничани


Поради уличен дефект денеска без вода се корисниците од улиците 1 и 2 во село Студеничани. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека водоснабдувањето е  прекинато од 07:40 часот до завршување на работните активности.

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради бадникарските манифестации


 Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен денеска на подрачјето на град Скопје каде по повод христијанскиот празник Бадник  ќе се одржат повеќе манифестации. Свечен собир на Кумовите бадникари ќе се одржи на платото пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадниковите поворки од пред Оштина Кисела Вода, по ул.„Петар […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје во понеделник поради Бадниковите поворки


СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека  во понеделник, по повод Христијанскиот празник Бадник ,на подрачјето на град Скопје ќе се одржи Бадникова манифестација во склоп на Бадникови Поворки и свечен собир на Кумовите бадникари на платото на Соборниот Храм Св. Климент Охридски, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадникови Поворки со траса […]

Град Скопје обвинува: Има 15 институции одговорни за загадувањето, реагираме само ние


Град Скопје се пожали денес дека во Скопје има 15 институции кои се одговорни за загадувањето, но освен тие, не реагира никој друг. -Во услови на зголемено загадување на амбиенталниот воздух во Град Скопје, покрај Инспекторатот на Град Скопје, во градот има уште вкупно 14 институции кои имаат надлежност и обврска да постапуваат при загадување […]

Скопје најзагаден град во светот според IQAir


Скопје е најзагадениот град во светот вечерва. Според податоците на платформата IQAir, која ги следи нивото на загаденост, главниот град на Македонија се наоѓа на првото место по концентрацијата на штетни честички. Нивото на PM2.5 е моментално 37,7 пати повисоко од годишната дозволена вредност според Светската здравствена организација.

Замрзнат дожд ноќва во Скопје – снег низ Македонија


АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ (за 03. и 04.01.2025): Денес во ноќните часови на повеќе места ќе има врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и планините. Во крајните западни делови врнежите ќе бидат пообилни (20 л/м2). На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на […]

Во понеделник ќе се формира најголемата Бадникова поворка, ќе бидат поделени 3.500 пакетчиња на плоштадот ,,Македонија”


Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски најави дека во понеделник ќе се формира најголемата Бадникова поворка од дечиња и сите оние кои сакаат да земат учество во овој настан. Тој притоа посочи дека ќе бидат поделени 3500 коледарски пакетчиња на плоштадот ,,Македонија” во Скопје. „Голема е мојата чест, што заедно со Премиерот Христијан Мицкоски […]

Од сабота до вторник ЈСП со неделен возен ред


Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска соопшти дека од сабота до вторник ќе работи по неделен возен ред, додека жичницата ќе функционира вообичаено од 10 до 17 часот. – На ден 4.01.2025 год. (сабота), ќе се работи по неделен возен ред. – На ден 6.01.2025 год. (понеделник) Бадник, ќе се работи по неделен возен ред. – […]

Нови клупи, столчиња и интерактивни табли за основните училишта во Општина Бутел


Општина Бутел обезбеди нови клупи, столчиња и смарт-табли за учениците во општинските основни училишта. Од општинската прес-служба информираат дека училишниот мебел не бил обновен повеќе години. Посочуваат дека локалната самоуправа преку континуирани инвестиции во основните училишта обезбедува подобри услови за учениците. -Новите смарт-табли овозможуваат интерактивно учење, го зголемуваат интересот за настава и го збогатуваат наставниот […]

Итната помош ќе работи нон – стоп за Божиќните празници, домашната посета од 7 до 21 часот


Итната помош ќе работи нон – стоп за Божиќните празници, единицата за домашна посета од седум до 21 часот, потврдија денеска од Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Скопје, за МИА.   – Известуваме дека Службата за ИМП со домашно лекување и итна стоматолошка помош при ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ Скопје, во текот на Божиќните […]

Половина Ново Лисиче без вода поради дефект


Утрово од 10 часот, половина од скопската населба Ново Лисиче нема вода за пиење, поради дефект на улична цевка.   „Поради уличен дефект ф 100 мм на Бул. „Видое Смилевски Бато“ бр.77, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Бул.„Видое Смилевски Бато“ од бр.3 до бр.91 од 10 часот до санирање на дефектот„, информираат од „Водовод […]

Дел од населбата Кисела Вода без вода


Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од  улиците „Жил Верн“, „Јордан Филиповски“ и „Есенинова“ во населбата Кисела Вода. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради поврзување нова на веќе постоечка мрежа Ф-100мм на ул.„Жил Верн“ бр.12 во населба Кисела Вода. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување […]

Без вода дел од Црниче и Гази Баба


Поради уличен дефект на улицата Чедомир Кантарџиев број 3 во населба Црниче, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа улица и од Свети Наум Охридски, информираат денеска од Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето било прекинато од 10:45 часот, предвидено е прекинот да трае до санирање на дефектот.  Поради уличен дефект, без вода од […]

Скопје денеска меѓу десетте најзагадени градови во светот


Главниот град Скопје денеска е меѓу десетте најзагадените градови во светот со висок индекс на загадување од 176 според последните податоци на платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-Кју-Ер“.  Скопје моментално се наоѓа на деветто место, а како најголем загадувач се посочуваат ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 91 микрограми на кубен метар, додека […]