Љутков и Ѓорѓиевски ќе ја унапредуваат културно-туристичката понуда на Скопје


Mинистерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска потпишаа Меморандум за соработка за развој на културата, туризмот и културно-туристичката понуда во главниот град. Градоначалникот Ѓорѓиевски на Фејсбук објави дека овој документ е важен чекор кон посилно позиционирање на Скопје како отворен, гостопримлив, културно жив и автентичен европски град. Со […]

Реновирањето на старата „Комерцијална банка“ при крај – еве кои институции ќе се сместат таму


Директорот на СОЗР, Томовски посочи кои институции би биле сместени во овој објект, а кои во моментов плаќаат закупнина, со што ќе се заштедат пари, а ќе се обезбедат и подобри услови за вработените, во согласност со европските стандарди. Реновирањето на два дела од старатата зграда на Комерцијална Банка – Нов дел и Бисер – […]

Одбележување на Светскиот ден на мултипла склероза


Националното здружение за мултипла склероза денеска ќе го одбележи Светскиот ден на мултипла склероза. На настанот излагање ќе имаат Ана Карајанова Димитрушева, претседател на Националното здружение за мултипла склероза, Асс. д-р Јован Божиновски, в.д. директор на Универзитетска клиника за неврологија, д-р Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување и науч. сор. д-р Слободанка Бурнеска […]

Прскање против комарци во Југоисточниот регион в четврток и петок


В четврток и петок во седум општини од Југосточниот плански регион ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција – прскање против комарци, соопштија денеска од Центарот за развој на Југоистокот. Во четврток ќе се прска во Радовиш (9 часот), Конче (12 часот) и Струмица со почеток во 12 часот. Во петок прскањето ќе продолжи во Валандово (9 […]

Сончево и топло, попладне можен краткотраен пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната […]

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам


Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како […]

Николовски: Камионот што ја предизвика тешката сообраќајка на скопската обиколница влегол на ГП „Блаце“, бил празен и без нерегуларности во царинската постапка


Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која животот го загубија четири лица влегло на граничниот премин „Блаце“, било празно и во царинската постапка нема никакви нерегуларности, изјави Бобан Николовски, директор на Македонска Царина, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. -Сето она […]

Базенот „Карпош“ пред реконструкција, младите пливачи пред нов предизвик


Базенот „Карпош“ наскоро треба да влезе во голем ремонт, што значи дека еден од најважните објекти за пливачите во Скопје повторно ќе биде затворен на подолг период. Според информациите објавени од „Слободен печат“, се подготвува обемна реконструкција на покривот, коритото, соблекувалните и останатата инфраструктура во објектот. Точниот датум на затворање сè уште не е познат, […]

Обвинителството ќе го испитува случајот со наставникот по ликовно од Битола


  БИТОЛА – Бура од реакции во јавноста предизвика сторијата објавена во „Независен“ за случајот со наставникот по ликовно образование од Битола, Стефан Поповски, кој цела година држеше часови во ОУ „Тодор Ангелевски“ во Битола без да му бидат платени. Згора на тоа училиштето ниту го известило дека имал наводен отказ од работа од 29 […]

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови


Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата почнувајќи од 15 јуни на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корсници со електронски тагови. Со таа измена, соопшти денеска ЈПДП, вршењето на наплата со MCard на […]

Орце да го подбере директорот на ЈСП: Муслиманите да возат на Задушница, христијаните на Бајрам


Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) го повика градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски да побара од менаџментот на ЈСП Скопје да седне и да разговара со синдикалните организации и да најдат решение за сите отворени прашања, за да не се случи вработените повторно да тужат. Гоце Делчев Тодев, генерален секретар на КСОМ, на денешната […]

Се отвори спортскиот базен во Чаир


Денеска беше официјално отворен спортскиот базен во близина на ООУ „Исмаил Ќемали“ во Топанско Поле, инвестиција во вредност од околу милион евра, која веќе им е ставена на располагање на граѓаните на Општина Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека овој проект долги години бил едно од најголемите барања на граѓаните и дека […]

Орце Ѓорѓиевски во посткампања – теренот бил негова природна средина


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, од денеска најавува голема теренска посета во сите скопски општини, а со гласот на граѓаните, ќе се обиде да го води градот. Средбите со граѓаните ги почнува по нешто повеќе од шест месеци по преземањето на функцијата, откако пред тоа се среќаваше со граѓаните за да ги слушне нивните желби, […]

Волонтери од САД градат детско игралиште во дворот на ООУ „Гоце Делчев“


Училишниот двор на ООУ „Гоце Делчев“ во општина Аеродром ќе добие ново детско игралиште, сподели денеска градоначалникот Дејан Митески. „Со особена радост сакам да споделам дека во училишниот двор на ООУ „Гоце Делчев“ се гради ново детско забавно игралиште – место каде што детската смеа, играта и безгрижното детство ќе добијат уште поубав дом. Она што […]

Јакимовски: Лукровски применува „шопинг терапија“ додека е „на боледување“


Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Ствечо Јакимовски, денес на прес-конференција истакна дека неговиот наследник Сотир Лукровски, кој според официјалните информации е на боледување веќе 20 дена, бил забележан како пазари во Сити Мол и околни маркети, а до овој момент не оди на работа. Лукровски претходно ги пренесе овластувањата на неговиот […]

За 5 отсто намален бројот на превезени патници со автобус – 9.348.000


Во првиот квартал годинава вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9.348.000 и е намален за 5 проценти во однос на првиот квартал од 2025 година.  Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 4,7 проценти, во приградскиот превоз за 8,8 проценти, а зголемување […]

ЦУК и УХМР навремено ќе ги информираат граѓаните за непогоди


 Директорите на Центарот за управување со кризи и на Управата за хидрометеоролошки работи, Мухамед Али и Игор Лазаровски, денеска потпишаа меморандум за соработка.  Како што информираат од ЦУК, потпишувањето на овој меморандум претставува уште еден чекор кон продлабочување на веќе воспоставената успешна соработка помеѓу ЦУК и УХМР, кои континуирано работат во насока на навремена размена […]

Се поставуваат контејнери за органски отпад од курбанот


 Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена-Скопје и годинава ќе постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот). Садовите ќе бидат поставени во текот на денешниот ден (26.05.2026), по 14 часот. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до верниците органскиот отпад да го […]

До недела се собира кабаст отпад во Железара, Ќерамидница и Автокоманда


Од комуналното претпријатие на Општина Гази Баба, ЈКП „Гази Баба 2007“, информираат дека од вчера се поставени специјални контејнери на кабаст отпад на повеќе локации во општината. Контејнерите се поставени во Железара, Ќерамидница и во Автокоманда, а акцијата ќе трае до 31 мај(недела). Од претпријатието апелираат граѓаните да го одлагаат кабастиот отпад навремено и исклучиво […]

За 50 милиони евра ќе се гради агроцентар во Гази Баба кај обиколницата


Општина Гази Баба активно учествува во реализацијата на еден од најзначајните агроинфраструктурни проекти во поновата македонска историја – современ агроцентар кој ќе претставува нов двигател на развојот на македонското земјоделство. Во економската зона во Гази Баба, долж скопската обиколница помеѓу клучките Хиподром и Сингелиќ, наскоро ќе започне реализацијата на проект вреден над 50 милиони евра. […]