Почина Мартин Треневски, новинар и поранешен министер и дипломат


Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски беше роден во 1949 во Скопје и во текот на својата богата професионална кариера остави значаен белег во новинарството, државните институции, дипломатијата и врските со македонското иселеништво. Треневски дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата англиски […]

Сончево и топло со температура до 32 степенa, попладне можен краткотраен дожд


Според синоптичарите, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до […]

„Знам докази кои вие не ги знаете“: Тошковски најавува „шок“ во предметот „Мазут“


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во интервју за 360 Степени на МРТ 1 најави нов развој на настаните во врска со предметот „Мазут“. -И вие и јавноста за многу брзо ќе дознае зошто ова сум го кажал ова што сум го кажал – рече министерот, не изнесувајќи повеќе податоци. Станува збор за истражната […]

Инспекторите во Општина Центар на терен: Копале дупка за зграда, урнале дел од тротоар, оштетиле улица, паднала бандера…


Инспекциските служби на Општина Центар заедно со Министерството за внатрешни работи веднаш излегле на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат. Општина Центар денеска соопшти дека по извршениот увид, констатирани се оштетувања на […]

Делови од Бутел и Центар утре ќе останат без струја од 8.30 часот


Делови од Скопје утре, 26 мај, ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електроенергетската мрежа, информира ЕВН. Првиот прекин е најавен во општина Бутел, каде без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Мара Маждуречка“ и „Ферид Бајрам“. Исклучувањето ќе трае од 08:30 до 11:30 часот. Подолг прекин е најавен и […]

МВР со детали за пожарот во Радовиш: Почнал во една од халите, нема повредени


Пожар кој избувна синоќа во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“, настанал во една од халите на фабрика за текстил, во која биле сместени машини и репроматеријали. Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека вчера во 20:08 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар во една од халите на фабрика за текстил […]

Ревизори од Северна Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства


Дводневен експертски состанок на претставници на ревизорски институции од Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Словачка, почна денеска во Белград, чија цел е зајакнување на соработката и започнување заеднички ревизии за користењето на јавните средства за постигнување на Целите за одржлив развој, особено на локално ниво. Генералниот ревизор и претседател на […]

Ивановски: Градскиот воз е приоритет, до септември ќе биде функционален


Приоритет на Владата е да имаме градски воз, а делницата од Зелениково до главната железничка станица ќе биде во функција од септември, нагласува во интервју за ПРИЗМА, директорот на Македонски железници – инфраструктура, јавното претпријатие задолжено за изградба и одржување на пругите и железничките станици. – Во моментов активни се градежните работи од Зелениково до […]

ВМРО-НП регира: ДПМ ќе добие претседател заговорник на великосрпската политика


ВМРО-Народна партија со загриженост ја коментира информацијата дека единствен кандидат за нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија ќе биде Гордана Јовиќ – Стојковска. -Не се сомневаме дека таа е сигурно едно ниво поквалитетна од сите изворни македонски писатели и со тоа заслужила да биде кандидат за претседател на ДПМ но исто така не […]

Сончево со умерена облачност


Во земјава денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе бидат во интервал од 8 до 16, а максималните […]

Изгаснат пожарот во поранешен „Декортекс“ во Радовиш, изгореа магацин и машини


Изгаснат e пожарот што избувна синоќа во Радовиш во кој изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“. Благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарните екипи, како и на нивната пожртвуваност и професионалност, пожарот беше локализиран и изгаснат за релативно кратко време, и покрај тешките услови на терен. Пожарникарите вложија големи напори за да спречат […]

Голем пожар избувна вечерва во Радовиш-горат погони и машини во поранешен „Декортекс“


Голем пожар избувна вечерва во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“. Според информациите оттаму горат погони и машини, а пожарот избувнал доцна попладне. Пожарот го гаснат пожарникари од ТППЕ Радовиш, а на помош се повикани пожарникари од Струмица, како и од доброволните против пожарни друштва од Злеово и Конче. Гаснењето на големиот пожар е во […]

Малолетнички силувани во Британија – нема затвор за сторителите. Се огласи Стармер


Премиерот Кир Стармер го опиша како „ужасен“ случајот во кој тројца тинејџери не беа испратени во затвор за силување на две девојчиња. Тој додаде дека е „правилно“ што Крунската обвинителска служба моментално ги разгледува казните изречени од судија во Крунскиот суд во Саутемптон. Двете девојчиња, тогаш на возраст од 15 и 14 години, беа силувани […]

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја


Кога Константин Филозоф – Свети Кирил ја создавал глаголицата, а заедно со својот брат Методиј ја ширел просветителската мисија меѓу Словените, тие не создавале само писмо. Тие создавале можност цели народи да станат рамноправен дел од духовната и културната историја на Европа. Во едно време кога знаењето било привилегија на малкумина, тие испратиле порака која […]

Се качил на Водно и починал во летниковец – тажен крај за исчезнатиот скопјанец


Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден починат Б.П.(64) од Скопје, за кој претходно беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.  

МОН: Кирил и Методиј оставија траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи


Како мисионери и учители, Кирил и Методиј оставија траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи. Нивното дело и денес нè поттикнува да го чуваме јазичниот и културниот идентитет, но и постојано да вложуваме во знаењето и просветата, пишува во честитката на Министерството за образование и наука по повод Денот на сесловенските […]

По децении запуштеност почна чистење на Железничката станица во Скопје (фото)


Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, на својот фејсбук профил објави видео и фотографии од акцијата за чистење на Железничката станица во Скопје и напиша: „По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје. Железничката станица во Скопје треба да претставува гордост на главниот град. Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа за […]

Сиљановска-Давкова: Кирил и Методиј се темел на духовниот и културниот идентитет на македонскиот народ


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, порача дека нивното дело претставува темел на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот народ. „Малкумина луѓе во историјата имале чест да бидат перцепирани од многу народи и држави како апостоли и заштитници на Европа. […]

Нестабилно време со дожд, грмежи, силен ветер и можност за локално невреме


Променливо и нестабилно време со дожд, грмежи и силен ветер ја очекува Македонија денес, а метеоролозите предупредуваат дека на одредени места временските услови може да прераснат и во локално невреме. Според прогнозите, во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд и грмежи на повеќе места низ земјата. Ќе дува засилен […]