Шара повторно ќе обедини илјадници планинари: ПК „Љуботен“ го организира 44-тото традиционално искачување на Титов Врв


Повеќе од илјада планинари од Македонија и регионот викендов, на 31 мај, се очекува да бидат дел од 44-тото традиционално искачување на Титов Врв, кое и оваа година го организира Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово, продолжувајќи една од најзначајните и најмасовни планинарски традиции во земјава. Настанот, кој со децении претставува симбол на заедништво, љубов кон […]

Одбележување на Светскиот ден на Мултиплекс склероза


По повод одбележувањето на Светскиот ден на Мултиплекс склероза (МС), Мобилност Скопје со поддршка од страна на град Скопје, единаесетти пат организира мирен марш за силно поткревање на гласот на лицата со МС, Параплегија, Дистрофија и Детска парализа, како и успешно подигнување на јавната свест за овие дијагнози и состојби, постојаната борба за остварување на […]

Презентација на истражување за менструалната сиромаштија во Македонија


По повод 28 Мај – Меѓународниот ден на менструалната правда ќе се одржи настан на кој Новинари за човекови права ќе го презентираат своето најново истражување за менструалната сиромаштија во Македонија, како и ќе го промовираат менструалниот пакет за прва менструална помош. Настанот, како што велат организаторите, има за цел да отвори дискусија за предизвиците […]

Попладне нестабилно со пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде […]

Презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата


Армијата на Република Северна Македонија денеска на градскиот стадион во Штип организира презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата. Како што соопшти АРМ,  настанот се реализира по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ). -Граѓаните ќе […]

По пасош се оди пристојно облечен – МВР со нов кодекс


Граѓаните ќе мора да се облекуваат пристојно кога ќе ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи откако МВР објави дека воведува Кодекс за облекување за вработените и странките. „Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се […]

Комуналец – Прилеп го модернизира системот за селекција на електричен, текстилен и стаклен отпад


Јавното комунално претпријатие ЈКП Комуналец Прилеп информира дека во Прилеп е ставено во функција собирно место за селекција на електричен и електронски отпад, текстил и стаклена амбалажа, со цел унапредување на системот за управување со отпад и заштита на животната средина. Новото уредено собирно место им овозможува на граѓаните правилно да го одлагаат отпадот кој […]

Градежниот и Економскиот факултет потпишаа Меморандум за соработка во областа на циркуларната економија со два германски универзитета


Меморандум за соработка во областа на циркуларната економија потпишаа денеска Градежниот и Економскиот факултет со два германски универзитета од Северна Рајна-Вестфалија – TH Köln и FernUniversität Hagen. Како што беше речено, целта е размена на информации, студенти и професори, но и поддршка за унапредување на студиските програми во насока на создавање генерации кои ќе ги […]

Перински се сретна со Азески: Модерни и развиени општини значат конкурентна економија


 Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска имаше работна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески на која биле отворени повеќе прашања, меѓу кои – локалниот економски развој, инфраструктурните инвестиции и дигитализацијата. Како што информира Кабинетот на Перински, станало збор за унапредување на соработката помеѓу Министерството и Комората, со посебен акцент на тековните активности […]

Јаневска: Од в година само електронски свидетелства


Министерката за образование Весна Јаневска денеска потврди дека годинава свидетелствата за прво, второ и трето одделение ќе бидат електронски, но, со оглед дека прв пат се издаваат во ваква форма, паралелно ќе се доделат, како што изјави, и печатени. Според Јаневска, идната година ќе има електронски свидетелства и за четврто, петто и шесто одделение, а […]

Истекува рокот за проверка и потврда на годишните даночни пријави за остварените приходи за 2025 година     


Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни 2026 година. Ова значи дека граѓаните кои оствариле […]

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3


Граѓаните со возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законските измени […]

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“


 Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на одбележувањето на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“. По тој повод, беа испратени честитки и пораки за поддршка […]

Дијабетичарите не можат да дојдат до термини за специјалистички прегледи


Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија бара од Министерство за здравство и Фондот за здравство итно да го зголемат бројот на термини за соецијалистички прегледи бидејќи голем број (околу 40%) од пацинетите не се во можност да извршат регуларни навремени прегледи за состојбата со дијабетесот и можни компликации од дијабетес. „Сојузот на […]

Од 1 јуни 64 корисници се сместуваат во најсовремениот Дом за стари лица во регионот – ПУСЗ Оаза на „Адора“


Лоцирана во Општина Илинден, Приватна установа за вон-семејна социјална заштита за стари лица „Оаза“  претставува најсовремен и најголем дом за стари лица во регионот, со капацитет од 150 корисници, а во прва фаза се започнува со 64 корисници. Домот нуди концепт на функционирање во кој грижата за повозрасните не подразбира само сместување, туку целосен систем […]

Во првиот квартал помалку бракови, а повеќе разводи


Во првиот квартал годинава склучени се 1.797 бракови и нивниот број е намален за 2,7 проценти во споредба со истиот период од 2025 година, објави денеска Државниот завод за стaтистика.  Според податоците на ДЗС, регистрирани се 494 разведени бракови, што претставува зголемување од 6,2 проценти во споредба со истиот период од 2025 година. 

Лани дипломирале 7.612 студенти, дури 27,3 отсто во областите бизнис, администрација и право


На додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите,  минатата година дипломирале 7.612 студенти, што претставува зголемување за 8,4 отсто во споредба со 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика.  Од вкупно дипломираните студенти на прв циклус студии минатата година, 27,3 проценти дипломирале во областите бизнис, администрација и право.  Од вкупниот број дипломирани […]

Да се преоценат сите процедури за градба, вели деканот на Градежниот факултет


Недоволно се посветува внимание на градежните работи, посебно во густо изградените урбани средини, како што е центарот на Скопје. Треба да се преевалуираат сите процедури за тоа што е неопходно да се исполни пред да се почне со градба. Во законската регулатива не постои задолжение за изведба, за проект за заштита на градежни јами и […]

Евростат: За три години населението во Македонија се намалило за 14.500 жители


 Европската Унија во 2025 година била дом на 451 милион луѓе, што е за еден милион повеќе споредено со 2024 година.  Шест проценти од популацијата во ЕУ била постара од 80 години, а медијанската возраст е зголемена од 39,6 во 2005 на 44,9 години во 2025.  Според последните проекции на Евростат населението на ЕУ се […]

ДКСК како промашена инвестиција: Прави стратегија место да гони корупција!


 Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) започнува консултативен процес за предлог националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030, со акциски план за нејзино спроведување. Националната стратегија 2026-2030, како што информираа денеска од ДКСК, претставува клучен стратешки документ за превенција на корупцијата и зајакнување на институционалниот интегритет, подготвен преку широк консултативен […]