Започна изградбата на пешачка патека и чистењето на реката Серава во Бутел 1


Општина Бутел во соработка со Град Скопје започна активности за изградба на пешачка патека и чистење на коритото на река Серава во Бутел 1. „По повеќе од 20 години, се реализира едно од најголемите барања на граѓаните на општина Бутел. Проектот напредува со одлична динамика и предвидува изградба на нова патека во должина од 1590 […]

Миланов: Млечните производи со несоодветни декларации се безбедни, но со нарушен квалитет – ќе ги објавиме фирмите


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) идната недела ќе ги објави фирмите што правеле манипулации со декларирањето на млечните производи, а од понеделник треба да бидат готови и резултатите од анализите на месните преработки. Како што изјави денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов, кај млечните производи со лажни декларации – кашкавали, сирења, павлака, јогурт, млеко…, […]

По 10.000 евра МОН дава за 14 заеднички научно-истражувачки проекти на Македонија и Австрија


МОН ќе го финансира спроведувањето на 14 заеднички научно-истражувачки проекти на Македонија и Австрија во областа со голем развоен потенцијал, паметно земјоделство и храна, информациски и комуникациски технологии, електро и машинска индустрија, одржливи материјали и паметни згради, енергија на иднината и туризам. Денеска беа потпишани договорите со добитниците, а финансиската поддржка изнесува 10.000 евра или […]

Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти


 Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, во три главни јавни здравствени установи има значителен пораст на бројот на интервенциите, а пристапот до операции за замена на колк и колено значително се подобрува – изјави денеска на брифингот со новинарите генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој истакна дека има значителен пораст на […]

Влажната пролет донесе многу мали желчиња во Преспа


Преспанскиот Регион претставува вистинска лабораторија на отворено, што јасно го потврдуваат и тековните теренски истражувања на биолошката разновидност кои Македонското еколошко друштво ги спроведува во соработка со локалните заштитени подрачја како дел од проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“. Долж крајбрежјето на Преспанското […]

Реакција по притворот на Богоев: „Да сакал да избега, немаше вас да ве чека“


Адвокатот Виктор Божиновски на социјалните мрежи остро реагираше на одлуката за определување притвор за Стефан Богоев, доведувајќи ги во прашање законските основи врз кои е донесена мерката.   Во објава на социјалните мрежи, Божиновски прашува како е можно притворот да биде определен врз основа на член 165, став 1 и 2, кои се однесуваат на […]

Како Македонија да стане туристички препознатлива дестинација?


 Со Националната стратегија за развој на туризмот 2027 – 2032 поставуваме цврсти темели на еден современ, одржлив и амбициозен пристап, кој треба да ја трансформира нашата земја во препознатлива, квалитетна и конкурентна туристичка дестинација во регионот и пошироко – рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков во обраќање на првата јавна расправа за Националната […]

Академија за судии и јавни обвинители исплаќала координатори чиј статус не е законски утврден


Државниот ревизор утврдил неправилности во исплаќање на плати на ментори во Академијата за судии и јавни обвинители, односно биле исплаќани и три месеци по завршување на ангажманот. Се исплаќале и дополнителни работни часови, што не е утврдено со Закон, а се делеле картички за гориво на „слепо“. Со извршената ревизија, изразивме мислење без резерва за […]

Маврови Анови со најмногу дожд во изминатите 24 часа, денеска се очекува невреме низ земјава


 Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8:00 часот наврнал во Маврови Анови – 30 литри на метар квадратен, по што следуваат Лазарополе со 27 и Крива Паланка со 23 литри на метар квадратен. Значителни врнежи се регистрирани и во Охрид – 15 литри на метар квадратен, Штип и Крушево 14, како и во Скопје-Петровец и […]

Без вода викенд населбата Моране


Поради водоводен приклучок, без вода од 07:40 часот се корисниците во викенд населбата Моране, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на работите.

Поетска дружба на браќата Барбаровски со гевгелиската публика


Библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија денеска организира музичко-поетска дружба со браќата Георги и Миле Барбаровски, автори на песни со длабока трага во македонската музика, а инспирирани од народниот дух и традиција. Настанот ќе се одржи во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија од 19 часот. Браќата Барбаровски во улогите на текстописец и композитор се препознатливи по песните […]

АХВ одбележува 15 години постоење


Агенцијата за храна и ветеринарство денеска организира настан на кој ќе ги одбележи 15- годиншнината од основањето и 7 јуни – Светскиот ден на безбедноста на храната кој годинава се одржува под мотото „Од товар до решенија – Безбедна храна насекаде“.. На настанот, посветен на унапредувањето на системот за безбедност на храната, здравјето и благосостојбата […]

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 литри на метар квадратен), елекстични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне […]

На судењето за „Пулс“ презентирани докази како работеле градежните инспектори


Со презентација на доказите за инспекциските надзори на општинските инспектори продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште обвинителот продолжи со прикажување на материјалните докази, кои се однесуваат на инспекциските надзори за угостителска дејност спроведувани од Општина Кочани. Во доказниот сет беа презентирани извештаи за работа на инспекторите, овластувања на градежни […]

Савески не ги нашол полните „фиоки“ со стари предмети на Мицкоски


  Државниот јавен обвинител Ненад Савески не ги нашол фиоките полни со предмети што некои обвинители наводно ги чувале за да застарат, а за кои повеќепати јавно зборуваше премиерот Христијан Мицкоски и заради што наводно беше сменет неговиот претходник. За волја на вистината, Савески уште кога дојде на функцијата порача дека нема фиоки во Обвинителството […]

Трансплантирано срце на 52-годишен пациент – спасени неколку животи со донаторство на органи


Кога болката е неиздржлива, а зборовите немаат сила, постојат луѓе кои наоѓаат сила да ја донесат можеби најхуманата одлука. Токму тоа го стори едно семејство, кое во најтешките мигови од својот живот одлучи да подари живот на другите.   Со оваа исклучителна одлука за органдонорство, нивниот сакан продолжува да живее во срцата, телата и насмевките […]

Отворена истрага за местење тендер во Царинската управа, првоосомничениот добил мито од околу 2.000 евра


Екс-директор на Царинската управа и екс-градоначалник на Карпош, Стефан Богоев заедно со уште три физички и едно правно лица добија кривични пријави од страна на Финансиската полиција. Постапувајќи по кривичната пријава Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица – поранешни директор и помошник […]

И во ИЈЗ имало вработени што не доаѓале на работа, а земале плата


По објавениот извештај на Државниот завод за ревизија, директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска на денешната прес-конференција изрази надеж дека Јавното обвинителство ќе реагира за утврдените неправилности во овој Институт пред таа да дојде на чело на институцијата. -И мене некои работи ми изгледаа нестварно штом дојдов на оваа функција, што се случувало […]

Финансиска полиција објасни зошто го гони Стефан Богоев


Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.Б. во својство на службено лице – директор на Царинската управа, С.М. во својство на службено лице – помошник директор во Царинската управа, Д.Г. во својство на овластено лице во правно лице, А.С. во својство на […]

Наставниците се тие кои помагаат да се надминат разликите


Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал денеска им доделија сертификати на 50 наставници од основните училишта во Македонија кои учествуваа на работилница за креирање забавни ученички активности што поттикнуваат поддршка, заедништво и почитување на различностите меѓу учениците. Работилницата беше организирана од МОН […]