Следната недела ќе се заловуваат кучиња скитници низ Аеродром


  Наредната недела тимовите на ЈП „Лајка“ ќе спроведат стратешки теренски активности за заловување и третман на нетретирани бездомни кучиња на повеќе локации во Општина Аеродром. Активностите ќе се реализираат во Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов, Населба Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово. Од претпријатието апелираат до […]

Рокас: Германско – францускиот нон пејпер е обид за забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан


Евроамбасадорот Михалис Рокас изјави дека се уште не може да каже кој ќе биде исходот од германско – францускиот нон пејпер кој денеска беше презентиран на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, а со кој  -Разговорите во Тиват сеуште течат и сеуште неможам да кажам кој е конечниот исход од нон пејперот на Макрон. […]

На рочиштето за „Пулс“ презентирани видеа со времето на пристигнување на полицајците пред дискотеката


Видеозаписи, од кои се нотираат времето на пристигнување на полициските службеници пред дискотеката „Пулс“ и на активацијата на пиротехниката, беа изведени денеска во материјалните докази од Обвинителството во рамките на судскиот процес во Основниот кривичен суд Скопје против 13 полициски службеници. Судењето продолжува на 8 јули со сослушување сведоци предложени од Обвинителството. Пред судот денеска […]

Две фирми во трка за тендерот од 6,4 милиони евра: Увозник на возила и механичарски дуќан се пријавија за 100 амбулантни возила


Само две компании поднеле понуди на тендерот на Министерството за здравство за набавка на 100 амбулантни возила, пишува „360 степени“. Станува збор за јавна набавка со проценета вредност од над 6,3 милиони евра, која уште од самиот почеток предизвика реакции во јавноста и сомнежи дека условите се поставени така што ја ограничуваат конкуренцијата. Според информациите […]

Милошоски контра Николоски: Црна Гора ќе стане членка на ЕУ до 2030


  Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, мисли поинаку од вицепремиерот Александар Николоски. Николоски пред некој ден во поткаст изјави дека ЕУ го лаже регионот 13 години и веројатно никој нема да стане дел од блокот, додека Милошоски мисли дека Црна Гора ќе биде таа што ќе се приклучи до 2030. „Од тоа што го имаме […]

Петрушевски тврди дека митото од 1.800 евра било само прва од неколку исплати


Откако јавноста почна да се чуди зошто требаше да го спроведат со лисици и да му изречат мерка притвор на екс директорот на Царинска управа Стефан Богоевски за 1.800 евра мито, а да нема притвор за осомничените во скандалот со стотици милиони евра во случајот „Мазут“, од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со други толкувања. Според Бране Петрушевски, […]

Во седум општини ќе се зајакнуваат комуналните претпријатија во следните пет години


 Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, заедно со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер, денеска се обратија на официјалното започнување на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во МК“. На настанот присуствуваа претставници на општините и јавните комунални претпријатија – корисници на проектот, државни институции, меѓународни организации, донатори и […]

Летото никако да дојде – и следните денови ред дожд, ред грмотевици


Летото на северната полутопка почнува на 21 јуни, а иако сме на само две седмици од официјалниот старт, сепак, временската прогноза покажува дека тоа се двоуми да дојде.    Така, времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со […]

Рокас како и Кошта: Уставните измени се услов за пат напред


  Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ја повтори изјавата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дека уставните измени треба да се усвојат за да може земјата да продолжи на европскиот пат. „Како што знаете, претседателот на Европскиот совет беше овде и тој даде изјава и беше доста јасен. Сите знаеме дека заложбите направени во 2022 […]

Учениците од ООУ „Дане Крапчев“ со највисоко општинско признание за освоеното второ место на FIRST LEGO League


Градоначалникот, Бобан Стефковски сподели дека денеска имал особена чест во Општина Гази Баба да ги прими учениците од ООУ „Дане Крапчев“, за кои вели дека испишале историја, освојувајќи го второто место во светот на престижниот натпревар FIRST LEGO League во роботска игра. „Во конкуренција од 55 држави и повеќе од 1000 ученици од целиот свет, нашиот тим […]

Бутел поставува камери на детски игралишта за да спречи вандализам


Општина Бутел започнува со поставување на видео надзор на сите јавни површини, детски игралишта и спортско-рекреативни центри, со цел да се спречи натамошното уништување на урбаната опрема, информираше градоначалникот Дарко Костовски. Локалните власти се одлучија на овој чекор по зачестените појави на вандализам, каде новоизградените содржини за најмладите и за рекреативците редовно се на мета […]

Дали постои дил меѓу Мицкоски и „Пуцко петрол“ за случајот „Мазут“, прашува СДСМ


  СДСМ прашува дали има дил меѓу премиерот Христијан Мицкоски и Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“, еден од осомничените во случајот „Мазут“. Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ, посочи дека постојат сериозни сомнежи за политичко влијание врз правосудниот систем и селективна правда откако овој случај беше прекинат од обинителството. „Како тоа се одредува притвор за недокажани […]

Вчера избувнал пожар под Железничката станица во Скопје – горело насобрано ѓубре


Вчера во близина на Железничката станица во Скопје избувнал пожар откако се запалило насобрано ѓубре, предизвикувајќи густ чад кој можел да се забележи од поголема оддалеченост, сведочат граѓани за порталот „МКД.мк“. Според сведоштвата на граѓаните за порталот, огнот брзо се проширил, а додека траел пожарот имало граѓани кои чекале автобус на постојката која се наоѓа […]

БРТ откочен – ќе се развива велосипедската инфраструктура


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција изјави дека општините во земјава во изминатиот период добиваат силна поддршка од Владата и од Светската банка за реализација на капитални и инфраструктурни проекти, а меѓу најзначајните инвестиции ја посочи набавката на нова механизација за комунална хигиена. Градоначалникот истакна дека една од клучните теми на кои се работи е […]

Сo помош на Светска банка рехабилитирани 103 км локални патишта – следува подобрување на хигиената


Со поддршка на Светска банка изградени се околу 103 км локални патишта, а со истата поддршка најавено е одржување и подобрување на состојбата со хигиената во општините.  – Денеска ќе зборуваме за проектот локални патишта, во кој што за две години, во периодот од јуни 2024 година до јуни 2026 година се склучени договори во […]

Нема пари за тутунарите, државата бара да се стрпат


  БИТОЛА – Расте револтот на тутунопроизводителите по веста дека и оваа недела нема да им да бидат исплатени парите за субвенциите за реколтата 2025-2026. Парите им се ветуваа од април, па во мај и само добиваат пораки да се стрпат, а денеска кога изминува првата недела од јуни, им пропадна надежта дека субвенциите ќе […]

Алиу во Рига: Малите земји можат да бидат лидери во дигитални решенија во здравствените системи


Министерот за здравство, Азир Алиу, учествува на дванаесеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на Светската здравствена организација за Европа, што се одржува во Рига, Латвија.  Дводневниот  состанок е посветен на едно од најважните прашања за здравствените системи во Европа – како малите земји, во услови на ограничени ресурси, миграција на здравствен […]

Променливо облачно со локална нестабилност и температури до 32 степени


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. Во Скопје, […]

Летен камп на оперативните сили на Црвениот крст – Сарај 2026


Свечено отворање на настанот „Летен камп на оперативните сили на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Сарај 2026“ ќе се одржи денеска во Скопје. Како што се наведува во соопштението на Црвениот крст на РС Македонија настанот свечено ќе го отвори министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во рамки на настанот ќе бидат презентирани […]

Јавна расправа за Реформскиот пакет закони за дигитална трансформација


Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска ќе одржи јавна расправа на тема: „Реформски пакет на Предлог закони за дигитална трансформација на Република Северна Македонија“. На Јавната расправа ќе се дебатира за Предлог на законот за електронските комуникации, Предлог на законот за безбедност на мрежни и информациски системи, Предлог на […]