Пожар во тетовско училиште, шестмина вработени завршиле во болница


Шестмина вработени побарале лекарска помош откако вдишале чад при гаснење пожар во Државното средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово. Пожарот избувнал вчера околу 9:50 часот во една кабина од машкиот тоалет. Вработените успеале сами да го изгаснат огнот со противпожарни апарати и хидранти, пред да се прошири во другите простории. „При гасењето, поради вдишување […]

МЖСПП: Неделните извештаи на ДИЖС ќе продолжат да се објавуваат


Министерството за животна средина и просторно планирање останува доследно на определбата за поголема транспарентност и навремено информирање на јавноста за состојбите во животната средина.   Редовното објавување на информациите за извршените инспекциски надзори претставува важен инструмент за информирање на граѓаните и за јакнење на довербата во институциите. Оттука, неделните извештаи на Државниот инспекторат за животна […]

Официјално отворена јубилејната 15. сезона на Aqua Park Пробиштип


Aqua Park Пробиштип, едно од најпрепознатливите летни дестинации во Македонија, денес официјално ја отвори својата 15-та јубилејна сезона, означувајќи го почетокот на уште едно лето исполнето со водени атракции, музика, релаксација и динамична забавна програма за сите генерации. Aqua Park Пробиштип повторно ги отвори вратите за посетителите од целата држава, продолжувајќи ја приказната која веќе […]

Нови семафори кај „Макпетрол“ на излез од Скопје


Известување за монтажа на нови семафори на булевар„Александар Македонски“на пешачки премин кај бензиска станица „Макпетрол“ Екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје на 07.06.2026г./недела/ со почеток во  08.00часот. ќе изведуваат активности за монтажа на нови портални семафорски столбови на булевар„Александар Македонски“ на пешачки премин кај бензиската станица„Макпетрол“. На истоимениот пешачки премин ќе бидат воведени и нови светлосни сигнали согласно […]

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме


Под влијание на циклонска активност, денеска попладне, во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), електрични празнења, силен ветер и […]

Ѓорѓиевски од Брисел: Општините имаат клучна улога во евроинтеграциите


 Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска престојува во посета на Брисел, каде што се одржува седницата на Заедничкиот консултативен комитет при Европскиот комитет на регионите, тело за соработка на македонските општини со локалните власти на земјите од ЕУ, каде што ќе има и свое обраќање. Како што посочува Ѓорѓиевски на социјалните мрежи, на овој […]

Реплек ја носи РЕсет енергијата во Тиквешијата: Кавадарци ќе вежба со Елена Бубало и Младен Тодоровски


По осум успешни изданија исполнети со позитивна енергија и мотивација, РЕсет платформата на „Реплек“ на 6 јуни пристигнува во Кавадарци, продолжувајќи ја серијата настани низ земјава посветени на здравите навики, активниот животен стил и грижата за добросостојбата. Настанот ќе се реализира со поддршка и учество на фитнес инструкторите Елена Бубало и Младен Тодоровски, кои преку […]

Четвртоодделенци од Карпош наградени во Берлин на Меѓународниот училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026


Учениците од ООУ „Лазо Трповски“ постигнаа голем успех во Берлин освојувајќи престижна награда на Меѓународниот училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026, соопшти Општина Карпош преку социјалните мрежи. Со проектот „Нашето патување на Јупитер“, учениците од 4а, како што велат од Општина Карпош, покажале дека љубопитноста, знаењето и тимската работа можат да донесат меѓународен […]

Од вчера, полицијата „лови“ моторџии


Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 02 до 07 јуни 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведување на зајакнати акциски сообраќајни контроли. Акциските активности се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат возила со […]

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Свети Николе – издавал неевидентирани дозволи за градење


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пријавениот, како што посочуваат од МВР, во својство на градоначалник на Општина Свети Николе, во текот на 2021 година, пречекорувајќи […]

На 5 јуни завршува акцијата за отплата на заостанатите долгови без камата за „Водовод и канализација“


ЈП „Комунална хигиена“-Скопје им соопштува на своите корисници што имаат заостанат долг во евиденцијата на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, на заедничка сметка, по основ неплатени сметки за собирање и транспортирање на комунален отпад (тужен и редовен), дека заклучно со 05.06.2026 година завршува акцијата за отплата без пресметана камата за задоцнето плаќање. Ги повикуваат корисниците во […]

Обвинителството ќе презентира нови материјални докази на судењето за пожарот во „Пулс“


Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште Обвинителството презентираше докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот […]

Без струја делови од Бутел


Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците од Општина Бутел. -Без електрична енергија ќе останат – во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од ул. „Боца Иванова“, како и магацинот на ЕВН и објектот на автосервис „Дон“ (Општина Бутел), а во периодот од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците „Душко Поповиќ“, […]

Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 […]

Дел од Ѓорче Петров без вода


Поради дефект на ул. „Ѓорче Петров“ бб до „Вардар Мебел“ во населба Ѓорче Петров, без вода од 19:15 часот се корисниците од ул. „Ѓорче Петров“, „Алексо Демниевски“, „Браќа Чакреви“, „Никола Пушкаров“, „Смољане“, „Јосиф Ковач“ и „Мечкин Камен“, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Андоновска: Ние баравме ревизија – бил купен мрежен кабел за 15.000 евра, за 100-годишнината на ИЈЗ за еден час се потрошиле 50.000 евра


Мрежен кабел за интернет долг 15 километри – купен 15.000 евра, а никаде го нема, набавени компјутери, лаптопи, ајфони за кои постои само барање без реверс каде завршиле, склучен договор од 1.600.000 денари за мобилни телекомуникациски услуги или двојно повеќе од предвидените 800.000 денари, како и договор од 1,1 милион денари за фиксна телефонија, иако […]

Приведени повеќемина за корупција, меѓу кои и поранешен градоначалник на Карпош


Повеќе лица се приведени под сомнежи за корупција во рамки на акција што денеска ја спроведува Управата за финансиска полиција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОПЈО ГОКК). Дел од медиумите, повикувајќи се на неофицијални информации, објавија дека меѓу приведените е и поранешен директор на Царинската управа и […]

Владата го усвои Предлог законот за заштита од пушење


Владата денеска го усвои Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, соопшти Министерството за здравство. – Ова е важен чекор за јавното здравје и за создавање поздрав, побезбеден и поодговорен јавен простор. Законот е резултат на широк институционален процес, разговори со засегнатите страни, консултации со тутунската индустрија, угостителскиот сектор, надлежните […]

Со 7,5 милиони евра ќе се заштитува од загадување Дримскиот басен


 Со 7,5 милиони евра помош од глобалните здруженија за заштита на животната средина ќе се заштитува Дримскиот басен од предизвиците со загадувањето. Тоа беше соопштено на 10. Дримска конференција  што денеска се одржа во Струга. Конференцијата е дел од Меморандумот за разбирање за заедничко управување на Дримскиотт басен потпишан во 2011 година меѓу Македонија, Грција, […]

Јавното обвинителство презентира нова комуникациска стратегија, најавува проактивна комуникација и враќање на довербата


 Јавното обвинителство на Република Македонија презентира нова комуникациска стратегија на Јавното обвинителство за периодот 2026 – 2028 година и акциски план за нејзина имплементација. Според државниот јавен обвинител Ненад Савески, еден збор од овој стратешки документ што треба да го опише пристапот на кој ќе инсистираат е „проактивна“ комуникација на Јавното обвинителство со јавноста, која […]