Меџити: Над 59,8 милиони денари инвестиција за модерна инфраструктура во Саат Кула


Се финализира еден од најзначајните инфраструктурни проекти во населбата Саат Кула, кој опфаќа реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската канализација, соопшти Општина Чаир. Со оваа инвестиција ќе се обезбеди поквалитетно водоснабдување, пофункционален канализациски систем и подобри услови за живот на жителите од ова населено место. -Инвестираме во основната инфраструктура која директно влијае врз квалитетот […]

45. Марш за ангелите: Дали секој што имал должност ја извршил совесно


По 45. пат денеска во Кочани се одржа Марш на ангелите во кој родителите на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ уште еднаш побараа правда и вистина за своите најблиски. „Кога пред родители што ги изгубиле децата се зборува која поголема жртва, тоа не е одбрана, тоа е газење врз нашата болка. Не бараме […]

Дипломатскиот кор и локални клубови на велосипедска тура околу Охридското Езеро


Со учество на велосипедисти од дипломатскиот кор и локални велосипедски клубови денеска околу Охридското Езеро се возеше Велосипедската тура организирана во рамки на завршницата на Месецот на Европа и одбележувањето на Денот на Европската Унија во Северна Македонија. Велосипедската тура започна во Струга, а потоа трасата продолжи преку Поградец во Албанија, па преку Охрид и […]

Одржано првото издание на детскиот фестивал „Киселко“


Во преполната сала на Домот на култура „Билјана Беличанец“ денес се одржа првото издание на детскиот фестивал „Киселко“, во организација на Општина Кисела Вода. Настанот донесе вистинска музичка магија за најмладите, а пред публиката премиерно беа изведени 12 нови авторски детски песни. Покрај соло изведувачите, на сцената настапи и хорчето на „Киселко“, кое заедно со […]

Денови за спорт на младите во општина Илинден


Општина Илинден пулсираше во духот на спортот и заедништвото. На спортските терени изминатите два дена се одржа традиционалната спортска манифестација „Денови за спорт на младите во Општина Илинден“, на која учествуваа околу 400 ученици од основните училишта во општината, како и учениците од СОСУ „Илинден“, се наведува во соопштението од Општина Илинден, што МИА го […]

Општина Тетово воведе бесплатен превоз за жителите на три планински села


Од денеска официјално е пуштена во употреба новата бесплатна линија на јавен превоз за жителите на тетовските села Бродец, Вешала и Бозовце, информираа од Општина Тетово. Новата линија ќе сообраќа еднаш дневно, со поаѓање кон Тетово во 7 часот наутро и враќање кон селата во 17:30 часот. -Овој проект е резултат на континуираната посветеност и […]

Најдоцна до септември ќе се отвори регионалниот Ургентен центар во штипската Клиничка болница


Регионалниот ургентен центар во Клиничка болница-Штип треба да се отвори најдоцна до септември, а овој центар ќе пружи итна медицинска помош на пациентите со животозагрозувачки состојби од Источниот и Југоисточниот регион. Заменик директорот на Клиничка болница-Штип, Билјана Ефтимова вели дека постапката за негово формирање е веќе започната, а во наредниот период ќе се преадаптираат просториите […]

Отворено првото државно психолошко советувалиште за деца и адолесценти, достапно е преку „Мој термин“


Во Институтот за јавно здравје денеска беше отворено психолошко советувалиште за деца и адолесценти, прво од ваков вид во државата, кое ќе обезбедува стручна поддршка за деца, тинејџери, родители и наставници преку системот „Мој термин“, соопшти директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. Како што истакна Андоновска, отворањето на советувалиштето е дел од пошироките […]

Почна полагањето на државната матура, годинава полагаат 14.500 ученици


Годинашното полагање на државната матура, државната стручна матура и државната уметничка матура започна без проблеми и се одвива во најдобар ред, оцени министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешната посета на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се реализира полагањето на матурските испити. Јаневска информираше дека годинава […]

Отворен повикот за научни трудови за ПОДЕКС-ПОВЕКС 2026


Отворен е повикот за пријавување научни и стручни трудови за XVII-то стручно советување со меѓународно учество од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини, ПОДЕКС-ПОВЕКС 2026. По успешното минатогодишно издание, годинава се очекува уште посилно учество на претставници од академската заедница, рударската индустрија, институциите, регулаторната јавност и креаторите на политики од земјава како […]

Лајка-Фест во Градски парк


ЈП Лајка денеска и утре организира дводневен едукативно-забавен настан Лајка-Фест во Градски парк – Скопје, посветен на вдомување, одговорно сопствеништво, едукација и заедништво помеѓу граѓаните и животните. Како што информираат од ЈП Лајка, во рамки на фестивалот присутните ќе имаат можност да уживаат во зона за вдомување и привремено згрижување, едукативна зона за одговорно сопствеништво, […]

Над 14.500 матуранти денеска ќе го полагаат првиот екстерен испит – странски јазик, математика или историја


Повеќе од 14 500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој е изборен за кандидатите.  Задолжителниот екстерен испит (мајчин јазик и литература) матурантите ќе го полагаат на 11 односно на 12 јуни. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година првпат се полагаат […]

Прекугранична велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа


Велосипедска тура околу Охридското Езеро ќе се одржи денеска по повод Денот на Европа, а воедно ќе се промовира одржлива мобилност, еколошка свест, здрав начин на живот и граѓанско учество, соопшпти Делегацијата на ЕУ во земјава. Оваа прекугранична велосипедска тура е заедничка активност на делегациите на Европската Унија во Северна Македонија и во Албанија и […]

Детски фестивал „Киселко“ во Кисела Вода


Во организација на Општина Кисела Вода денеска ќе се одржи првото издание на детскиот фестивал „Киселко“, настан кој има за цел да стане нова културна традиција и платформа за промоција на младите таленти. Фестивалот ќе се одржи во Домот на култура „Билјана Беличанец“ со почеток во 13 часот, а публиката ќе има можност премиерно да […]

Променливо облачно време со дожд и грмежи, температури до 34 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје: Дел од центарот ќе биде затворен во сабота


Граѓаните кои утре планираат да се движат низ централното градско подрачје треба да сметаат на привремени ограничувања и пренасочување на сообраќајот поради одржување на ревијална трка во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во сабота, 6 јуни, во периодот од 17 до 18 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај со цел […]

Протест против фемицидот во Битола


  Вечерва во 18 часот пред Општина Битола започна мирен меморијален собир посветен на последната жртва на фемицид, 31-годишната А.В. Таа беше беше убиена од својот сопруг во месноста Баир во Битола. Овој собир е во организација на граѓани од ромската заедница, поддржани масовно од сите битолчани. Со овој собир масовно се осудува семејното насилство […]

Јубилејно „Охрид трчаТ“ со рекордни 2.700 учесници од повеќе од 30 држави


Охрид од денес до 7 јуни е домаќин на јубилејното 10-то издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, најмасовната спортска манифестација во градот, која годинава обединува над 2.700 учесници од повеќе од 30 држави. На денешната прес-конференција организаторите порачаа дека „Охрид трчаТ“ одамна ја надминал рамката на обичен спортски настан и прераснал во платформа за промоција […]

Скопје за две години ќе го реши проблемот со бездомните кучиња


Проблемот со бездомните кучиња во Скопје не може да се реши преку ноќ, но со новата стратегија, за година и пол до две граѓаните веќе ќе треба да ја заборават оваа тема, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие „Лајка“ Војислав Димитровски пред отворањето на тридневниот „Лајка фест“.   Во рамки на настанот, во просториите на […]

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник


Министерството за образование и наука со поддршка од Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје ја унапредува примената на Е-дневникот. Во рамки на соработката е развиено напредно софтверско решение во форма на четбот, базирано на RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е интегрирано во Е-дневникот и […]