Владата утре ќе именува нов претседател на Советот за македонски јазик, почнува обуката за петмина инспектори


 Новиот претседател на Советот за македонски јазик ќе биде познат утре за кога е закажана следната седница на Владата. Ова денеска го изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков на брифинг со новинарите, на кој присуствуваше и директорката на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик – Менче Андреева. Љутков не ги коментира причините за […]

Втора година Кисела Вода организира бесплатна забава за полуматурантите – ќе ги забавуваат „2Бона“ и Ди-Џеј Марио Трампет


Со мотото „Спремни за средно!“, оваа среда деветтоодделенците од Општина Кисела Вода ќе имаат своја голема и бесплатна полуматурска забава. Настанот е во организација на Општина Кисела Вода, овозможувајќи им на сите 560 ученици кои го завршуваат основното образование заеднички да го прослават крајот на деветте изминати училишни години. Забавата ќе се одржи на 10 […]

На собраниска комисија помина законот за обновливи извори на енергија


На денешната седница на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, поминаа предлог законите за користење на енергија од обновливи извори и за изменување и дополнување на законот за возила, во прво читање. Воведно образложение по првиот предлог закон, даде претставникот на Владата, заменик министерот Мирослав Лабудовиќ.  – Предлог законот за користење на енергија […]

Уште 50 домаќинства во Лисиче селектираат пластика


Големиот интерес на жителите покажа дека грижата за животната средина станува секојдневна навика во Општина Аеродром. Затоа, потпишавме нови 50 договори со домаќинства од населба Лисиче кои активно ќе се вклучат во системската селекција на пластичен отпад, а на семејствата им беа поделени и специјални канти. Проектот веќе дава одлични резултати, а собирањето на отпадот […]

Мрежата за заштита од дискриминација против изборот на Исмаил Синани


Мрежата за заштита од дискриминација изрази сериозна загриженост поради предлогот Исмаил Синани да биде избран за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), оценувајќи дека неговите јавно искажани ставови и професионално искуство отвораат прашања за неговата соодветност за функцијата. Од Мрежата посочуваат дека во повеќе јавно достапни текстови, објавени во периодот кога […]

На диво си наплаќаат влез во Куклица – ни кривична не ги спречи!


Општина Кратово лани поднела кривична пријава против две лица кои подолг период вршеле кривични дела на узурпација, присвојување и неосновано користење на дрвена куќичка (брвнара) во локалитетот Камени кукли во селото Куклица, каде користеле определени права на стопанисување, но досега надлежните не го решиле проблемот. Граѓани реагираат револтирано на социјалните мрежи дека извесна жена нелегално […]

Почина политичкиот аналитичар и поранешен амбасадор Арсим Зеколи


  Почина Арсим Зеколи, аналитичар за политички прашања и поранешен амбасадор на Македонија во организацијата ОБСЕ во Виена. Веста ја објави неговиот брат, Шефкет Зеколи, преку јавно соопштение на социјалните мрежи, информирајќи ги членовите на семејството, пријателите и најблиските за загубата на нивниот близок „Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денес, на […]

„Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје


Општина Центар ги поканува граѓаните во сабота, 13 јуни, со почеток во 19:30 часот, на „Плочник“ во Градски Ѕид (Клуб на новинари), на „Центарска симфонија“ ,  музички спектакл под отворено небо во срцето на Скопје. „Ќе имате можност да уживате во македонски шлагери инспирирани од домашната кинематографија од седумдесеттите години до денес, како и во […]

Без струја делови од Бутел и Кисела Вода


Без електрична енергија деенска од 08.00 до 12.00 часот ќе останат корисниците од улиците Хо Ши Мин, Приштинска, Призренска, Марко Крале, Љубо Петровиќ и Бутелска во Општина Бутел, инвормира РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од бул. Борис Трајковски – зградите спроти Расадник – Трим и Лум, Елена Лука и други, како […]

Британската амбасада и Армијата организираат концерт во чест на кралот Чарлс Трети


Британската амбасада во Скопје во соработка со македонската Армија, денеска организира концерт на Школка во Градскиот парк по повод одбележувањето на роденденот на Неговото Величество Кралот Чарлс Трети. Концертот ќе започне во 18:30 часот, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во едночасовна музичка програма во изведба на Нотингемширскиот оркестар на Кралските инженери и Воениот […]

Кривичен: Обвинителство се уште нема одговорено по жалбата за притворот на Стефан Богоев


Жалбата на 30-дневниот притвор за поранешниот директор на Царинската управа Стефан Богоев во петокот е доставена до обвинителството и јавниот обвинител кое сè уште нема дадено мислење, информираат денеска од Основниот кривичен суд Скопје. -По комплетирање на списите, судија на претходна постапка, предметот ќе го достави до кривичниот совет на одлучивање – посочуваат од Кривичен.  […]

Хаосот во Капиштец со бучава ги надминува сите граници – не помогнаа уредите за мерење бучава


Жителите на Капиштец повторно реагираат на прекумерната бучава од гласна музика и непочитување на работното време на угостителски објекти, тврдејќи дека секојдневниот живот во дел од населбата станал неподнослив. Последните реакции доаѓаат од граѓани што живеат во близина на познатиот локал „Интермецо“, кои велат дека се чувствуваат како „заложници во сопствените домови“. Според нивните сведоштва, […]

ЈПДП потсетува дека од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови


Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) потсетува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата на патарини, почнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови. Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува, а корисниците кои користат […]

Јакимовски бара трудовиот инспекторат да го провери отсуството на Лукровски


Лидерот на ГРОМ и поранешен градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, побара Трудовиот инспекторат да постапи во врска со отсуството од работа на актуелниот градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, тврдејќи дека неговото боледување истекло на 30 мај и дека оттогаш не се појавил на работното место. Јакимовски, во изјава пренесена од Инфомакс, се повика на […]

Андоновски: Воведуваме систем на СМАРТ лиценци – со едно скенирање на код ќе се проверува валидноста


Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци што ги издава државата преку систем на СМАРТ лиценци за јавните институции претстави денеска Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска на брифинг со медиумите посочи дека моделот овозможува лесна и брза проверка на валидноста на издадените лиценци преку систем што […]

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела


Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес објавува официјални документи од Агенцијата за катастар кои отвораат сериозни сомнежи за имотно-правните и деловните односи меѓу поранешниот градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, и актуелниот директор на НОМАГАС, Недим Рама, еден од најблиските соработници на Изет Меџити, се наведува во соопштениет. Според официјалните податоци од Катастарот: • Во […]

Хрватска ќе мора да собира и тетрапак пакувања и помали шишенца : Се заканува ново зголемување на цената


Од 1 јануари следната година, во Хрватска ќе мора да се воспостави систем за враќањена амбалажата од производи во тетрапак или шишиња помали од два децилитри, што би можело да доведе до зголемување на цената. Системот за такса за враќање, кој моментално предвидува 10 центи за секое собрано пластично или стаклено шише и лименка, ќе […]

Андоновски ќе го претстави новиот систем за СМАРТ лиценци и активностите за „Роаминг како дома“


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска ќе одржи брифинг за медиумите на кој ќе го претстави системот за издавање СМАРТ лиценци, наменет за лиценцирање субјекти кои вршат јавни овластувања – со пилот лиценци за даватели на квалификувани доверливи услуги. Системот, како што информираат од Министерството, содржи електронско барање, електронски регистар, QR проверка, транспарентност и […]

Високи температури до 34 степени, попладне можни грмежи и краткотрајно невреме


 Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, а максималните […]

Јаневска на промоцијата на 22. генерација апсолвенти на УЈИЕ во Тетово: Бидете генерација што ќе гради заедница темелена на знаење и интегритет


Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска се обрати на свечената церемонија на која беше промовирана 22. генерација апсолвенти на Универзитетот на Југоисточна Европа, што се одржа во кампусот во Тетово. -Дојдовте во последната фаза на студирањето и полека влегувате во гласен и сложен свет, воден од интензивен научен развој. Но, влегувате подготвени. Уште […]