М-НАВ: Апелацискиот суд Скопје ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ


Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Самостојниот синдикат на контролорите на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената пресуда на Основниот граѓански суд Скопје со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година – соопшти денеска правниот застапник на М-НАВ АД Скопје, адвокатот Горан Николоски. Според него, со правосилната пресуда судовите ги […]

Се отстрануваат дрвените бандери од ООУ „Ј.Х. Песталоци“ до Романска амбасада – напојувањето подземно


Општина Центар информира дека на 11.06.2026 година ЕВН започнува со реконструкција на мрежата за улично осветлување и електроенергетската мрежа за напојување на корисниците. Првата фаза од активностите ќе се реализира на потегот од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ до Романската амбасада, по што ќе следуваат и други фази од реконструкцијата. Во рамки на активностите, секаде каде […]

Дрвја – закана над главите на граѓаните: „Паркови и зеленило“ од 2022 година чува десетици барања за кастрење во Аеродром


Стотици дрвја низ Аеродром се закана по безбедноста на граѓаните, автомобилите, прозорците на зградите, уредно пријавени и обележани за сечење и кастрење, сѐ уште не се исечени од надлежното претпријатие „Паркови и зеленило“. Како што појасни една советничка, која денеска на седница на Советот на Град Скопје, за поставување советнички прашања, читаше список на пријавени […]

Киното „Милениум“, планетариумот и пожарникарите чекаат пари од ребалансот на буџетот на Град Скопје


Советниците во Советот на Град Скопје на денешната, 14-та седница, по предлог на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ќе дискутираат по дваесетина точки од предложениот дневен ред, меѓу кои и за Предлог-изменувањето и дополнувањето на Буџетот на Град Скопје за 2026 година. Со овој ребаланс се предвидуваат финансиски средства за реализација на многубројни проекти од областа на […]

Објавени новинарите добитници на наградата „Гласник на невидливите“ за 2026 година


Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) годинава по деветти пат ги истакна новинарите кои пишуваат за „невидливите“, т.е. маргинализираните групи и заедници во македонското општество. „Оваа година настанот ќе има поинаков карактер. Годинава сме домаќини на гости од 8 земји кои го спроведуваат истиот проект и комуникацискиот тим на Европската мрежа против сиромаштијата – ЕАПН. Освен […]

Кампања за заштита од пожари на Плоштад Македонија


ЈП „Национални шуми“ во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување денеска ќе одржи едукативно-превентивна кампања за заштита од пожари. Настанот ќе се реализира на Плоштад Македонија, во периодот од 11 до 13 часот. Кампањата традиционално се организира во пресрет на летната сезона, кога ризикот од пожари е зголемен. […]

Државниот архив ја одбележува Архивската недела под моторо „Отворени за светот“


Државниот архив на Република Северна Македонија од денеска ја одбележува Архивската недела под мотото „Отворени за светот: Архивите како активна сила за правдата, меморијата и иднината“, во пресрет на 9 јуни – Меѓународниот ден на архивите. Овој ден се одбележува во чест на основањето на Меѓународниот совет на архивите (ICA) во 1948 година, под покровителство […]

Почнува Фестивалот за ментално здравје „Иницирај промена! Креирај гласно“


Во Националната галерија – Мала станица во Скопје, од 9 до 15 јуни ќе се одржи првото издание на Фестивалот на ментално здравје „Иницирај промена! Креирај Гласно“, во организација на здружението „Биди Човек“, со поддршка од повеќе ротари клубови. Фестивалот ќе биде отворен денеска во 19 часот со изложба на младински уметнички дела и панел-дискусија […]

Сончево и топло


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне […]

(Фото) Со пригоден концерт во Скопје одбележан роденденот на Кралот Чарлс Трети


Британската амбасада во Скопје во соработка со македонската Армија, попладнево организираше концерт на Школка во Градскиот парк по повод одбележувањето на роденденот на Неговото Величество Кралот Чарлс Трети. Посетителите уживаа во едночасовна музичка програма во изведба на Нотингемширскиот оркестар на Кралските инженери и Воениот оркестар на македонската Армија. Од Британската амбасада претходно упатија покана до […]

Поплавени улици во Битола, ЈКП „Нискоградба“ интервенира по обилниот дожд во градот


Големите количини на дожд кои попладнево паднаа во Битола предизвикаа проблеми во нормалното функционирање во делови од градот, информираа од Општина Битола и потврдија дека екипи на  ЈКП „Нискоградба“ Битола се на терен. -Се интервенираше во населба „Стрелиште“ на улицата „8 септемрври“ кај бензинската станица на „Лук оил“, населба Карпош-Кланица на потегот кој излегува на […]

УХМР: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните и југозападните делови од државава


Попладнево во западните и југозападните делови имаше локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во околината на Охридско – Преспанскиот, Дебарско – Кичевскиот и Полошкиот регион, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што посочуваат, попладнево продолжува нестабилноста во западните и југозападните делови, а до крајот на денот има услови […]

Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот Борис Трајковски, вели Мицкоски


Владата останува на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради во близина на базенот кај арената „Борис Трајковски“ и оти тоа е најдобро решение. – Дефинитивно остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“. Тоа е земјиште кое е во приватна сопственост. […]

Од мај до август се скенира состојбата во здравството: Ќе се зголеми ли квалитетот?


Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација, Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина, започна значајна национална иницијатива за зајакнување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во земјата.   Иницијативата ја одразува заложбата на Владата за […]

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова


Зоран Јованов, татко на Васил Јованов кој на „Партизанска“ смртно ја прегази младата Фросина Кулакова денеска добил ослободителна пресуда. Сообраќајката се случи со возило во сопственост на таткото на Васил, но Судот виновен за трагедијата го смета единствено Јованов, кој е осуден на 13 години затворска казна, пренесе „Слободен печат“. – Судот оцени дека кривична […]

Завршни зборови во процесот на поранешната директорка на Средношколскиот дом во Битола


  БИТОЛА – Денес во Основниот суд Битола заврши судењето на екс-директорката на Средношколскиот дом во Битола, Елена Спасеновска. Овој процес беше поттикнат од истражувачките стории на новинарката од Битола, Анета Блажевска. Судскиот процес се однесуваше на неколку кривични дела за Злоупотреба на службата, злоупотреба на Законот за трансформација во редовен работен однос, Фалсификување исправа […]

Шабан Салиу не потпишал дел од контролите на ДЗС за „Пулс“: Кој го држел пенкалото?


Дискотеката „Пулс“, но и други објекти во градот Кочани, не биле опфатени во плановите за надзор на Дирекцијата за заштита и спасување, беше посочено на продолжението на судењето за пожарот во кочанската дискотека. Во судницата на денешното рочиште за пожарот во „Пулс“ беа презентирани планови за квартални инспекциски контроли, годишни програми и службени документи на […]

Несекојдневно и интересно: Учениците од Ново Село во балон ја завршија учебната година


Учениците од општина Ново Село учебната година ја завршуваат со необично и возбудливо искуство. Денеска како воннаставна активност околу 300 ученици во присуство на своите родители имаа можност да летат со балон на топол воздух. По осум ученици во група беа подигнати на висина до 30 метри во балон на топол воздух поврзан со сајли […]

Меџити ќе гради албанска библиотека над плоштадот „Скендербег“


Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, најави дека Општина Чаир ги започнува постапките за реализација на значаен културен проект – трансформација на просторот над плоштадот „Скендербег“ во албанска библиотека. Новата библиотека ќе биде современ простор наменет за ученици, студенти, истражувачи и сите граѓани, создавајќи нови можности за читање, учење, истражување и културен развој. „Ќе ја […]