Сончево и топло, попладне локален пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 […]

Во Америка, жени биле затворени во вила и принудени да снимаат содржина за OnlyFans


Полицијата во американската држава Вашингтон откри вознемирувачки случај на трговија со луѓе откако извршила рација во куќа за која соседите верувале дека е само место за неконтролирани забави. Истрагата открила дека вилата Белвју наводно била местото каде што жените биле злоупотребувани и принудени да снимаат содржина за возрасни, објавува Live 5 News. Соседите ја повикувале полицијата […]

Стружанка си ги оставала децата да спијат во автомобил додека одела на работа


Мајка од Струга ги оставала малолетните деца да спијат во автомобил додека одела на работа. Случајот во полиција го пријавил таткото на децата.  – На 09.06.2026 во 00:03 часот во ОВР Струга, В.С. пријавил дека неговата сопруга Н.С.(41) ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека одела на работа. По овластување на […]

Стефан Богоев излегува од притвор, судот ја уважи жалбата


  Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на Стефан Богоев и донесе решение за укинување на мерката притвор, прифаќајќи ја понудената финансиска гаранција. Според официјалното соопштение од Судот, прифатената гаранција се состои од готови средства во износ од 55.000 евра во денарска противвредност. Овој износ се депонира во корист на државата […]

Единствена Македонија: Не треба да има политичко етикетирање за настаните во Куклица


  Партијата Единствена Македонија реагира дека не треба да се поврзуваат настаните со незаконската наплата на лица влезот во месноста Кулица со неа, велејќи дека тоа не може да биде точно. „Сметаме дека е целосно неточно и неосновано да се создава впечаток за партиска одговорност за прашања кои се во надлежност на институциите, кои треба […]

Предлог законот за заштита од пушење го помина првиот собраниски филтер


Собраниската Комисија за здравство денеска го усвои предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, во прво читање, и го проследи во натамошна процедура.  Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски појасни дека законот произлегува од потребата да се обезбеди посеопфатна и поефикасна заштита на здравјето, особено на децата и младите. Тука е, […]

Скопје добива нова Противпожарна станица кај Центарот за јавно здравје


  Денес, на седницата на Советот на Град Скопје, преку Ребалансот на буџетот беа обезбедени средства за изградба на нова противпожарна станица за Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, во вредност од 50 милиони денари.   Новиот објект ќе се наоѓа во општина Аеродром во близина на Центарот за јавно здравје и ќе претставува […]

Со кампања на плоштад – против пожари


На плоштадот „Македонија“ денеска се одржа едукативно-превентивна кампања за заштита од пожари, во организација на ЈП „Национални шуми“, во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување. Петар Плотников, претседател на Противпожарниот сојуз, нагласи дека кампањата традиционално се организира во пресрет на летната сезона кога ризикот од пожари е зголемен. […]

Новa опрема за хотелиерство и угостителство во Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ во Охрид


Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ во Охрид, каде се реализираат формални програми и програми за доквалификација и преквалификација во областа на угостителството и туризмот и се образуваат идни готвачи, келнери, туристички работници и други профили од секторот, доби современа опрема за унапредување на практичната настава. Со овој проект се создаваат подобри услови за учење и посовремена […]

МВР доби апарати за срцебиење – со нив ќе откриваат скриени мигранти


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на церемонијата за примопредавање возила и специјализирана опрема за Министерството за внатрешни работи, обезбедени во рамките на регионалниот ИПА-проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против шверцувањето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST)“. Во рамките на донацијата, како што информираат од МВР, […]

Мицкоски дава лажни економски ветувања, реагира СДСМ


  „Додека Брисел по кратка постапка му ги враќа законите затоа што не се во согласност со европските стандарди, Христијан Мицкоски повторно црта на табла. Овој пат објавува ‘10 милијарди евра за 10 години’ и ‘57 километри автопат’“, рече на прес-конференција Наташа Поповиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ. Па, се осврна на изјавите на […]

„Орце Ѓорѓиевски го гази Деловникот и ја замолчува опозицијата, наместо дебата – монолог во Советот“, вели Цаневска-Арсовска


Советничката група на СДСМ во Град Скопје обвини дека градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и владејачкото мнозинство го кршат Деловникот и ја задушуваат дебатата во Советот, претворајќи ги седниците во еднонасочни монолози без можност опозицијата да реплицира и да поставува дополнителни прашања. На прес-конференција, координаторката на советничката група на СДСМ, Катерина Цаневска Арсовска, оцени дека станува збор […]

Жената која нелегално наплаќа влезници на „Камени кукли“ била носител на советничка листа од Единствена Македонија


Од Општина Кратово вчера излегоа со свој став по наводите дека одредени лица нелегално наплаќаат влезници на локалитетот „Камени сукли“. Во објавата на Фејсбук, тие ги споделија и имињата на поединците. „Причината за ова е фактот што подолг временски период локалитетот е бесправно и неосновано узурпиран и држан во владение од страна на Здружение „Извор“ […]

Петгодишно дете ги испило апчињата на баба му – заврши во болница


СВР Тетово информира дека вчера попладне во 18:40 часот, полициски службеници од Полициска станица – Гостивар извршија разговор во Педијатриското одделение во гостиварската болница каде поради труење со лекови било донесено 5 годишно дете од селото Чегране. Како што информираат, мајката на детето (25 години) рекла дека настанот се случил околу 17 часот, додека таа […]

Факултетот за безедност не доставил список, затоа студенти останаа без субвенции за оброк


Студенти од Факултетот за безбедност реагираат дека месецов не добиле пари за субвенциониран студентски оброк иако исполнуваат услови. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, потврди дека овој месец, овие студенти, не ги добиле парите за субвенциониран студентски оброк, затоа што Факултетот за безбедност не доставил список на студенти кои треба да примат субвенции за […]

ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски “ во Хром добива нови осум училници


Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука, Весна Јаневска поставија камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски “ во населба Хром. „Уште еден голем чекор за подобро образование, подобри услови и посилна иднина за нашите деца“, истакна Стојкоски. Со овој проект се […]

Уште следната година би можела да почне изградбата на нов Клинички кај ГОБ „8 Септември“


На денешниот настан за поставување на камен темелник на доградбата на училиштето „Димитар Беровски“ во Општина Ѓорче Петров, на новинарски прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна и на плановите на Владата за изградба на нов клинички центар. „Сега сме фокусирани на завршување на процедурата на Клиничката болница Штип, студентскиот дом и Факултетот за […]

Цаневска: Со какви заслуги „вечниот“ директор на МРТВ, Марјан Цветковски, ја доби фотелјата директор на Фондацијата Скопје европска престолнина на културата 2028


Советничката Катерина Цаневска од СДСМ и Коалицијата го праша градоначалникот со кои заслуги и на каков начин Марјан Цветковски, долгогодишниот директор на МРТВ, е избран за директор на Фондацијата „Скопје европска престолнина на културата 2028“. „Марјан Цветковски, вечниот директор на МРТВ, сега е награден со нова функција. Градоначалник, со кои заслуги и на кој начин. […]

Човековата заштита од волци го олеснува ширењето на чакалите низ Европа


Нова студија, објавена неодамна во списанието „Екологија и еволуција на природата“, покажува дека волкот е главниот природен фактор што ја ограничува експанзијата на чакалот низ Европа, но и дека неговото влијание го сузбива човекот со своите активности. Како резултат на тоа, чакалите би можеле да населат до 75 % од европскиот континент, површина речиси шест […]

ДЗР со неповолно мислење за финансиските извештаи на Албанскиот театар за 2024 година


Државниот завод за ревизија изразил неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на Националната установа Албански театар – Скопје за 2024 година, а за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики дадено е мислење со резерва. Ревизијата на сметката на основниот буџет (603) утврдила повеќе слабости во финансиското работење и управувањето со […]